Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Министерството за финансии

Молк по вчерашниот состанок помеѓу осигурителните компании и Министерството за финансии.

Цените на полисите за возилата и денеска останаа непроменети, иако Министерството на осигурителните компании им наложи до крајот на вчерашниот ден да се вратат на ниво од пред 25 април 2024 година.

Сега Владата е на потег. Министерството за финансии на нов состанок кој се очекува да биде закажан за денеска, ќе одлучува за доставување на предлог до владата за формирање на нов тарифник. Владата денеска има редовна владина седница, но се уште не се знае дали предлогот за нов тарифник за осигурителните полиси ќе биде разгледуван.

На средбата во Министерство за финансии се очекува повторно да присуствуваат претставници од финансии, од Агенција за супервизија на осигурениците и од Националното биро.

По вчерашниот двочасовен состанок финансии освен што побара осигурителните компании да ги вратат старите цени на полисите, од АСО побара во меѓувреме да направи анализа дали е опавдано да се зголемат цените. Но, од Агенцијата и пред неколку дена се изјаснија дека ваквата одлука за зголемување на цената е неоправдана.

Инаку, минатата недела осигурителните компании донесоа одлука да ги покачат цените за полисата за возилата за 15, 4 отсто, со образложение дека не се променети повеќе од 10 години, а трошоците им се пораснати.

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. 

Секој кој е регистриран на системот ППД - (ujp.gov.mk) има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку истата не ја прикажува точната слика за износот на остварен доход и платени даноци, да ја коригира пријавата!

По истекот на овој законски рок, потврдените и Годишните даночни пријави кои не се потврдени, ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2023 година.

Кај обврзниците во чија ДЛД ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава(PDF документот). Обврзниците во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот.

Управата за јавни приходи, апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и се уште не се регистрирани на системот е – Даночни услуги, за да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок, истото да го сторат во најкраток можен рок.

За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход , плаќање и поврат на данок можете да се обратите на [email protected].

Управа за јавни приходи

Како да се зголеми свесноста за женското здравје во Македонија?

200 илјади евра е лекувањето на пациентка во напреден стадиум на рак на матка.

Во оваа сума влегуваат операциите, онколшките лекувања, боледувањето и жената не е во целосно добра состојба како претходно, објаснува професорот Глигор Тофоски од здурежнието МАГО по повод неделата на женското здравје и важноста на превентивните прегледи. Професорот Димитров вели дека треба промена во делот на тестовите кои го потврдуваат ракот.

Најранливи се социјалните категории. Во амбулнатата во Шуто Оризари две години има гинеколог. Доткор Ламбе Крстески објаснува дека од осум илјади жени само две илјади жени избрале матичен доктор. Жените доаѓаат само во бременост, а загрижувачки е што околу 150 негови трудни пацинетки се малолетни.

МАГО и Македонското лекарско друштво се организитори на симпозиум каде ќе се говори за ХПВ вакцината, вештачката интелигенција во гинекологија како и трансплантацијата на матка.

Управниот суд ќе расправа по тужбите на Европскиот фронт

Управниот суд на секои два часа денеска ќе одлучува по тужбите поднесени од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ, за приговорите што ги прифати ДИК. 

Одлуките треба да бидат соопштени до полноќ, а во зависност од тоа, ДИК ќе прави симулации дали ќе треба да има прегласување..

-Управниот суд денеска одржува јавни седници на кои ќе треба да донесе одлуки по седум тужби поднесени од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ а се однесуваат на решенијата на ДИК да ги поништи резултатите за седум избирачки места.

Од ДУИ тврдат дека одлуките на ДИК се обид за изборен инжињеринг, кој, како што тврдат бил договорен по политички договор на опозицијата, во кој учествувал и СДСМ.. Според нив, таргетирани се конкренти избирачки места, кои треба на Вреди да му донесат уште еден пратнеик во 6-ка, а на СДСМ еден во петка, и во двата случаи, на штета на ДУИ.

На прозивките, преку писмо до јавноста реагираа сите членови на ДИК освен претстаничката на ДУИ..

-Покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК. Следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, исто така сме загрижени и дека е можно истите да преминат и во лични напади на нашата сигурност.- ДИК

И од коалицијата Вреди реагираа на изјавите на Талат Џафри и Бујар Османи но и апелираа Управен суд при носење на одлуките да не подлегне на политички притисоци.

-Наодите на ДИК се многу јасни и го докажуваат она што го зборувавме од почетокот, дека ДУИ направила големи изборни нерегуларности и прекршувања, со притисоци, уцени, закани и зделки, ја манипулирала волјата на граѓаните. Сега со притисок врз судовите повторно се обидуваат да го направат истото.- стои во соопштението на Вреди.

притисни ентер