Одлуките треба да бидат соопштени до полноќ, а во зависност од тоа, ДИК ќе прави симулации дали ќе треба да има прегласување..
-Управниот суд денеска одржува јавни седници на кои ќе треба да донесе одлуки по седум тужби поднесени од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ а се однесуваат на решенијата на ДИК да ги поништи резултатите за седум избирачки места.
Од ДУИ тврдат дека одлуките на ДИК се обид за изборен инжињеринг, кој, како што тврдат бил договорен по политички договор на опозицијата, во кој учествувал и СДСМ.. Според нив, таргетирани се конкренти избирачки места, кои треба на Вреди да му донесат уште еден пратнеик во 6-ка, а на СДСМ еден во петка, и во двата случаи, на штета на ДУИ.
На прозивките, преку писмо до јавноста реагираа сите членови на ДИК освен претстаничката на ДУИ..
-Покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК. Следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, исто така сме загрижени и дека е можно истите да преминат и во лични напади на нашата сигурност.- ДИК
И од коалицијата Вреди реагираа на изјавите на Талат Џафри и Бујар Османи но и апелираа Управен суд при носење на одлуките да не подлегне на политички притисоци.
-Наодите на ДИК се многу јасни и го докажуваат она што го зборувавме од почетокот, дека ДУИ направила големи изборни нерегуларности и прекршувања, со притисоци, уцени, закани и зделки, ја манипулирала волјата на граѓаните. Сега со притисок врз судовите повторно се обидуваат да го направат истото.- стои во соопштението на Вреди.