Меси заработува повеќе од сите негови соиграчи заедно - Канал 5

Меси заработува повеќе од сите негови соиграчи заедно

Годишната плата на Лионел Меси во Интер Мајами е 20,4 милиони долари, убедливо највисока во фудбалската лига, според податоците објавени во четвртокот од Здружението на играчи на МЛС.

Меси заработува повеќе од сите негови соиграчи заедно

Всушност, само три од преостанатите 28 тима во американското првенство трошат повеќе пари вкупно за плати отколку што Интер троши за осумкратниот освојувач на Златната топка.

Целата сметка за плати на Интер Мајами е 41,7 милиони долари, што значи дека 36-годишниот Аргентинец заработува повеќе од сите негови соиграчи заедно. Поранешниот соиграч на Меси во Барселона, Серхио Бускетс е вториот најплатен соиграч со по 8,7 милиони долари, додека Жорди Алба и Луис Суарез заработуваат по 1,5 милиони долари по сезона.

Трите клуба кои имаат поголем буџет за плата од платата на Меси се Торонто, Чикаго Фајр и Нешвил. За надомест во Торонто одвојуваат 31,4 милиони долари, во Чикаго - 25,1 милиони и во Нешвил - 21,4 милиони.

Најмал буџет е тој на Сент Луис со 12 милиони долари, додека Солт Лејк и Сан Хозе трошат по 13,6 милиони долари на своите играчи.

Според податоците на Здружението на играчи на МЛС, јасно е дека втора најголема плата по Меси е играчот од средниот ред на Торонто, Лоренцо Инсиње, кој добива 15,4 милиони долари годишно. Трет е Бускетс, а веднаш по него Швајцарецот Џердан Шаќири. Во Чикаго добива 8,15 милиони долари.

Топ 5 го затвора бекот на Остин, Себастијан Дриуси со 6,72 милиони долари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конференција во Собранието посветена на регионалната соработка за интеграција во ЕУ

Во Собранието денеска продолжи конференцијата посветена на регионалната соработка за интеграција во Европската Унија.

Конференција во Собранието посветена на регионалната соработка за интеграција во ЕУ

Во Собранието денеска продолжи конференцијата посветена на регионалната соработка за интеграција во Европската Унија, со фокус на парламентарниот надзор во унапредувањето на пристапниот процес и спроведување на реформската агенда.

Тема на дискусија беа и актуелните политики и случувања на ниво на Унијата, мегу нив и досегашните нон-пејпери, но и можните промени во методологијата за пристапување кон ЕУ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив

Мајка на две девојчиња со аутизам кои образованието оваа учебна година го почнале во редовно училиште открива дека досега се уште на наставата немаат образовен асистент, и самата мора да седи на училиште со нив....

Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив

Мартина Младеновски е мајка на две првачиња со аутизам од основното училиште „Братсво“ во скопски Карпош..Нејзините две девојчиња се уште немаат образовен асистент вели таа, и низ солзи вели дека е приморана да биде со нив на училиште... Младеновски вели дека покрај голготата што ја поминала во првите седум години од нивниот живот без никаква поддршка, сега, иако навреме ги запишала децата на училиште, учебната година им почнува без асистент.

– Од школото е поднесено барање за образовен асистент уште на 26 мај, но таму до ден денеска, еве денеска сме 10 септември нема никаков одговор. Засега седам јас со нив додека не се обезбеди соодветната поддршка . Сето тоа е премногу напорно, јас како што и кажав, јас седум години ги пополнувам дупките што системот ги прави се за добробит на девојчињата.

Од ресорното Министерство пак велат дека годинава се ангажирани рекорден број на образовни асистенти, но и дека е во тек постапка за да се обезбедат и нови таму каде што се уште има потреба. Во меѓувреме, од МОН ги задолжуваат училиштата да ги искористат ресурсите за да ги пополнат овие дупки.

„Во тековната учебна година се ангажирани 1.358 образовни асистенти во основното и за прв пат 166 во средното образование. Во тек е постапка за ангажирање дополнителен број стручни лица согласно пријавените потреби. До завршување на постапката, училиштата се задолжени да ги стават во функција сите расположливи кадровски и стручни капацитети за обезбедување континуирана поддршка на учениците со попреченост.“

Од ОУ „Братство“ велат дека и покрај доставеното барањ до ОУ Златен Сремец за ангажирање на двајца образовни асистенти, оттаму до денеска не добиле одговор. Иако го контактиравме училиштето, од уилиштетео не добивме одговор, до каде е постапката, најавија дека раководството ке соопшти од понеделник..

Инаку, Младеновски вели дека нејзините дечиња не се единствените кои немаат образовен асистент, и се надева дека ова ќе биде последна година во која ќе се соочуваат со вакво проблем.

– Од се срце посакувам ова да биде последна година во којашто ќе бидеме ставени во ситуација да излегуваме јавно и да говориме на оваа тема. Порака до сите родители е да бидат издрживи – тие дечиња имаат толку љубов во нив и толјку се сакани што им посакувам на сите родители да го издржат товарот што им е доделен да го носат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска

Министерот Клековски денеска потврди дека на Инфективната клиника во моментов се лекуваат шестмина пациенти од западно нилска треска од кои двајца се критични.. 

Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска

Стивнува западнонилската треска – Втора недела по ред надлежните регистрираат по само два нови случаи на вирусот.

На Инфективната клиника во моментов се наоѓаат шест пациенти, од кои двајца се критични.Министерот Клековски вели дека сега со стивнувањето на епидемијата клучно е да се види дали се научиле лекциите од оваа сезона за поподготвени да ја дочекаме следната.

Министерот Клековски денеска ја претстави и ажуририраната листа на лекови, обновена прв пат по 11 години. Станува збор за листа, поддржана од СЗО, неопходна за здравствените работници во третманот на најширок можен дијапазон на болести. Воведени се неколку позначајни новини, на пример кај антибиотиците, кои се поделени во три групи со цел да се воспостави нивна рационална употреба. Воведени се и нови терапевтски области за повеќе болести, како мултипла склероза, цистична фиброза, ХИВ, онколошки терапии.

„А што е ново во листата? Таа е систематизирана во 28 терапевтски области, дефинирана во подгрупи, фармацевтски форми итн. Ново не е само што имаме 109 нови лекови (активни супстанции) на оваа листа, од вкупно 372 лека кои се на оваа листа, туку новина е дека е сменет и терапевтскиот пристап.“, изјави Клековски.

Министерот појасни дека есенцијалната и позитивнита листа на лекови се две различни листи, односно, есенцијалната ги опфаќа лековите што треба да ги има во земјата, меѓутоа не се неизбежно дел од позитивната листа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер