Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандовo
1Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандовo
МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
2МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
СветОрбан: Унгарија игра клучна улога во постигнувањето мир Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека подготовките за мировниот самит на Русија и САД во Будимпешта се во полн ек и дека земјата може да игра клучна улога во постигнувањето мир.„Не сакам да зборувам за деталите, бидејќи преговорите се во тек. Унгарија има вредност и придонес кон целта за мир“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија „ги држи дипломатските канали отворени за Русија“, изјави Орбан за Радио Кошут. Тој истакна дека Унгарија е единствената европска земја која е во постојан контакт и преговори со Русија и дека тој лично може, „а понекогаш и би сакал“, да разговара со рускиот претседател Владимир Путин доколку е потребно. Орбан нагласи дека способноста на Унгарија во овој процес може да придонесе за завршување на конфликтот и ја нагласи важноста на земјата како посредник во мировните напори.Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -ВаландовoСо комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони денари преку двата повици за инфраструктурни проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при днешената посета на општината Валандово. “ Само преку овие 65 милиони денари од Министерството за транспорт реализираме навистина еден голем проект, а тоа е асфалтирање на улици и тоа во село Собри од 650 метри, во село Пирава од 580 метри, во село Брајковци од 774 метри, во село Раброво во должина од 1.230 метри и во село Марвинци, каде што сме сега, во должина од 1.560 метри, што сериозно треба да допринесе за подобрување на условите за живот на жителите на сите овие населени места. Но, исто така, имајќи предвид дека овие населени места се во близина на Коридорот 10, се работи за најживиот и економски најзначајниот автопат, ова ќе значи можност и за искористување на туристичкиот потенцијал на овие места. Веќе зборувавме со градоначалникот во однос на поголема презентација на познатиот Исар Марвинци, кој може да стане сериозна туристичка атракција, така што ќе работиме во насока и на таа поддршка, со цел да се зголеми бројот на туристи коишто доаѓаат. Ако на тоа се додадат и мерките за поддршка на земјоделието, што ги прави Владата, во една комбинирана поддршка на развојот на инфраструктурата и развојот на земјоделието, мислам дека многу можеме да направиме во следниот период. И градоначалникот и пратеничката прават одлична работа, даваат голем свој личен ангажман и посветеност во нивната работа и затоа општина Валандово и во годините коишто се пред нас ќе продолжи да ја има поддршката од Владата и ќе продолжиме заеднички да инвестираме и да имаме уште подобри проекти”- изјави вицепремиероот Николоски Тој најави и реконструкција на регионалниот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско брдо. “ Имајќи предвид дека постојниот пат е во лоша состојба, екипи на Јавното претпријатие за државни патишта направија увид, ја скенираа состојбата, направивме проект и очекувам во најскоро време да излезе повикот од ЈПДП, со кој повик треба да се избере изведувач кој ќе направи целосна реконструкција на овој пат. Значи, планираме целосна реконструкција на патот што води од Струмица до Валандово” – додаде вицепремиерот Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСе појави апче за рак на панкреасот: „Ова е најголемиот напредок во последните децении“Апче што може да ги намали – па дури и потенцијално да ги елиминира – туморите на панкреасот, се опишува како најзначаен напредок во лекувањето на оваа болест во последните неколку децении.Лекот, „дараксонрасиб“ (daraxonrasib), кој се давал за време на клиничко испитување, довел до исчезнување на видливите тумори кај еден од дванаесет пациенти, додека кај речиси сите учесници го запрел напредувањето на болеста, пренесува „Гардијан“. Смртоносна болест Во студијата учествувале 61 пациент со ново дијагностициран, напреднат рак на панкреасот, кој се проширил и на други делови од телото. Иако лекарите предупредуваат дека апчето сè уште не може да се смета за дефинитивен лек – а останува нејасно и колку долго може да ја држи болеста под контрола – тие ги сметаат резултатите за охрабрувачки. Се очекува третманот да им обезбеди на пациентите повеќе време, дури и да доведе до целосна ремисија. Ракот на панкреасот е исклучително смртоносен. Половина од сите дијагностицирани лица умираат во рок од три месеци, а само околу три отсто од пациентите преживуваат пет години откако болеста ќе се прошири на други органи. Во Обединетото Кралство, овој вид рак има најниска стапка на преживување од сите вообичаени типови на рак. Значително продолжување на животот Пациентите биле следени во просек 18 месеци, а во некои случаи, ракот не се вратил во текот на тој период. За време на испитувањето, растот на туморот бил запрен кај 90 отсто од пациентите. Кај нешто повеќе од 60 отсто од учесниците, туморите се намалиле или исчезнале, додека кај приближно осум отсто станале неоткривливи на КТ-снимките. Една година по почетокот на третманот, 76,6 отсто од пациентите сè уште биле живи. За споредба, кај пациентите кои примаат само хемотерапија, стапката на едногодишно преживување изнесува меѓу 40 и 45 отсто. Планирани се долгорочни студии за да се утврди дали кај некои пациенти може да се постигне трајна ремисија. „Најблиску до лек што некогаш сме биле“ Резултатите беа претставени на симпозиум за молекуларни цели и терапија на рак во Барселона од страна на д-р Вунгки Парк, онколог во Центарот за рак „Меморијал Слоан Кетеринг“ во Њујорк. „Ова е најблиску што некогаш сме биле до лек“, рече Парк, додавајќи дека никогаш претходно нема видено толку голем број тумори да исчезнат кај пациенти чиј рак веќе метастазирал. „Почнуваме да гледаме не само поголем процент на одговор на туморите кон терапијата, туку и подлабоки одговори, како и речиси двојно подолга контрола врз болеста – што на крајот би можело да резултира со подолго преживување“, изјави тој. „Медијаната на периодот на следење изнесува 18 месеци. Замислете – во просек 18 месеци, болеста едноставно исчезнува од снимките на компјутерска томографија (КТ)... тоа е најблиску што може да се стигне до целосна ремисија... неверојатно е.“ Механизам на дејство и потенцијал за други видови тумори Дараксонрасиб (Daraxonrasib) спаѓа во класа на лекови познати како инхибитори на „KRAS“. Тој делува така што се врзува за специфични мутации, присутни кај поголемиот дел од случаите на рак на панкреасот, и ги деактивира. Овие мутации вообичаено го поттикнуваат растот на туморот. Постои надеж дека овој третман би можел да биде ефикасен и кај десетина други видови рак кои можеби содржат слични мутации. Мишел Мичел, извршен директор на организацијата „Cancer Research UK“, изјави дека се потребни дополнителни истражувања, но ги поздрави резултатите како најголем напредок за пациентите со рак на панкреасот во последните неколку децении. „Овие резултати отвораат возбудлива можност овој напредок на крајот да го отвори патот за лекување и на други видови рак кои носат мутации во генот KRAS“, рече таа. Сепак, Мичел напомена дека се потребни повеќе клинички испитувања пред третманот да биде одобрен за широка употреба, како и дека, и покрај овие достигнувања, стапката на преживување кај ракот на панкреасот останува многу ниска. Извор: Индекс.хрТагови: лек за рак, панкреас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: СДС со нови лаги за Алта банка, јавната аукција сака да ја претстави како тајна зделкаСДС повторно со паушални обвинувања манипулира за Алта банка, иако сите претходни им пропаднаа во вода.Кога немаат што да понудат на граѓаните и немаат излез од својот неуспех во реорганизацијата на партијата, веднаш создаваат нови лаги за случајот Алта банка. Да потсетам, лажеа дека има сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, лажеа дека се одлевале пари од Србија кон Македонија, лажеа дека банката ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без пари, и што се не излажаа, но на крајот најважно е дека се излезе спротивно од нивните тврдења, односно поволно за граѓаните. За спречување на вакви идни очајни обиди од страна на Филипче и СДС за стекнување на ситни политички поени, во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело со кое се предвидува казна затвор, за секој оној кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем. Филипче и СДС обвинуваат, а потоа фактите ги демантираат. Граѓаните заслужуваат вистина, а не нова епизода од нивната политичка кампања. Доста е веќе со ширење на лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter