Орбан пристигна во Киев, ден откако Унгарија го презеде претседателството со ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во посета на Киев, негова прва од почетокот на војната во Украина, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Посетата на Орбан следи еден ден откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ.

Орбан ќе се сретне со Зеленски и други високи претставници во Киев само неколку дена откако двајцата разговараа на самитот на ЕУ во Брисел.

Како што пренесуваат странските агенции, Орбан, кој е најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин меѓу лидерите на ЕУ, често се спротивставува на многу иницијативи на Брисел за поддршка на Украина во одбраната од руските напади.

Оваа година, по неколкунеделно противење, Унгарија заедно со другите членки на ЕУ ја поддржа помошта од 50 милијарди евра за Украина.

ЕУ ги отвори преговорите за членство со Украина минатата недела.

Вуков: Со нетрпение ја чекам трката во Силверстоун

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков продолжува со настапите во Порше Суперкуп кој се вози пред трките на Формула 1.

На претходниот викенд во Австрија, патека каде што Вуков тренираше во претсезоната, тој успеа да се најде на 16. Место, па претстојниот викенд очекува освојување бодови.

По Имола, Монако и Ред Бул Ринг, овој викенд на програмата е трката на англискиот Силверстоун.

- Се надевам дека малерите и проблемите не добија виза и останаа во Австрија. Силверстоун е сосема поинаква патека каде што има свиоци низ кои возилото струи без да се допираат сопирачките. Патеката ми се допаѓа и верувам дека инженерите повторно ќе го тјунираат возилото на најоптимален начин. Најавени се променливи временски услови, но ќе видиме колку тоа ќе се погоди во термините од Порше Суперкуп. Со нетрпение очекувам да имам „нормален“ викенд во кој конечно потенцијалот што го имаме, ќе биде соодветно награден со бодови, изјави Вуков.

Трката се вози во недела на пладне, три часа пред онаа од Формула 1.

Доктор Соња Николова нова директорка на РТГ Институтот

 Доктор Соња Николова е новата директорка на Институтот за радиологија, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Новиот министер за здравство Арбен Таравари смени повеќе директори на јавни здравствени установи, а најави уште неколку до крајот на неделава.

Доктор Игор Стојковски беше назначен за директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, доктор Андон Чибишев за директор на Клиниката за токсикологија, а поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити за директор на Клиниката за неврологија.

Таравари на брифингот со новинарите на почетокот од месецов рече дека до петок ќе знае кој ќе биде новиот директор на ГОБ „8 Септември“.

Путин: Самитот во Астана ќе повика на потребата од создадење мултиполарен светски поредок

Во главниот град на Казахстан вчера беше отворен дводневниот самит на Шангајската организација за соработка, форум основан во 2001 година од Кина и Русија како чувар на безбедноста во евроазискиот регион.

Шангајската Организација за соработка (ШСО) денеска од самитот во Астана ќе повика на создавање фер мултиполарен светски поредок “, рече рускиот претседател Владимир Путин, користејќи ја фразата упатена против хегемонијата на САД, која тој силно ја осудува.

Во главниот град на Казахстан вчера беше отворен дводневниот самит на Шангајската организација за соработка, форум основан во 2001 година од Кина и Русија како чувар на безбедноста во евроазискиот регион.

Заедно со Русија и Кина, сега овој блок го сочинуваат поранешните советски републики во Централна Азија, како и Индија и Иран.

-Во завршната изјава, земјите-членки ќе ја истакнат својата посветеност за создавање фер, мултиполарен светски поредок заснован на клучната улога на Обединетите нации, меѓународното право и аспирациите на суверените држави кон заемно корисно партнерство, рече Путин на отворање на пленарната седница.

За Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, овој „мултиполарен“ свет е алтернатива на американската хегемонија во светот, што и двајцата лидери ја осудуваат. По руската инвазија врз Украина, Путин во голема мера ги зголеми напорите да ги обедини земјите од Азија, Африка, Блискиот Исток и Латинска Америка околу оваа идеја.

Досега ШОС имаше девет членки, Кина, Индија, Иран, Русија, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Пакистан и Таџикистан,а од денеска Белорусија се приклучи кон организацијата како десетта членка.

притисни ентер