Орбан: Не ја сакаме Украина во Европската Унија, ниту нов Источен фронт - Канал 5

Орбан: Не ја сакаме Украина во Европската Унија, ниту нов Источен фронт

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата не сака „нов Источен фронт“ ниту членство на Украина во Европската Унија, додавајќи дека забрзаното пристапување на Киев кон ЕУ е „погоден изговор за воено-реорганизација на Европа“.

Орбан: Не ја сакаме Украина во Европската Унија, ниту нов Источен фронт

Во говорот на Конзервативната политичка акциона конференција (CPAC) во Будимпешта, Орбан рече дека патриотската агенда, за разлика од „провоениот, либерален план, е првенствено фокусирана на мирот“, објави MTI.

„Сакаме христијанска култура, училишта на национални темели, улици и населби без страв и сакаме да бидеме горди на нашите нации - тоа е планот на патриотите“, рече Орбан.

Тој додаде дека патриотите сакаат суверенитет и ги отфрлаат заедничките даноци и заедничките заеми, како и испраќање „наши пари во трета земја во војна“.

Унгарскиот лидер, исто така, повика на заштита на слободите, велејќи дека „слободите на политиката, мислата и мислењето мора да им се вратат на луѓето“, додавајќи дека „сакаме да си ја вратиме Европа од мигрантите“.

Орбан рече дека „најголемиот проблем со Брисел не е тоа што е управуван од либерали, прогресивни бирократи, туку тоа што е провоено ориентиран“, додека САД, како што рече, конечно се залагаат за мир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што може да се очекува од најавената тратегија за проширувањe на ЕУ?

Македонија има постигнато одлични резултати во Планот за раст, но важно е да се задржи оптимизмот и издржливоста – советува австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Палмер. 

Што може да се очекува од најавената тратегија за проширувањe на ЕУ?

Иако веќе на средината од средната недела еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел треба да ја презентира новата европска стратегија за проширувањето, според Палмер, се уште не е јасно кој од неколкуте досега објавени нон-пејпери ќе доминира во финалната верзија.

-Сè уште трае процесот на дискутирање на различните нон пејпери. // Патем, секогаш можете да погледнете каква е чашата - дали е полуполна или полупразна, а Македонија одлично ја заврши работата кога станува збор за Планот за раст на Западен Балкан, па затоа на земјата ќе ѝ бидат дадени над 140 милиони евра и ние придонесуваме за понатамошен напредок. Затоа мислам дека е важно да се продолжи, да се задржи издржливоста, да се задржи посветеноста и да не се одвлекува вниманието,- -Мартин Палмер, Амбасадор на Австрија во Македонија .

Палмер најави дека на крајот на оваа недела во Виена ќе се оддржи и министерски состанок со шефовите на дипломатијата од Западен Балкан и Славков 3 форматот - односно платформата за соработка меѓу Австрија, Словачка и Чешка чиј фокус меѓудругото е и заедничка позиција во проширувањето на Европската унија.

Скоро по најавената презентација на новата стратегија за проширување, на 2 октомври во земјава се очекува да пристигне и претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен како дел од нејзината турнеја низ четири регионални земји кандидатки, со исклучок на Србија и Босна и Херцеговина. Евроамбасадорот во земјава -Михалис Рокас, веќе изрази оптимизам дека посетата на фон дер Лајен може да донесе позитивни промени во статусот на македонските евроинтеграции. Минатата недела пак, еврокомесарката за проширување Марта Кос повторно ја повика земјава да ги спроведе уставните измени а потоа како што рече, ја очекува и поддршката од Бугарија за Македонија да продолжи напред на европскиот пат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-код

Малиново-розова боја, ретка природна појава и богатство скриено во македонските планини. 

Македонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-код

Македонскиот рубин, кој се среќава во околината на Прилеп и Мариово, е повеќе од камен со колекционерска вредност – тој е дел од природното и културното наследство на земјата.

Целта сега е да стане препознатлив и надвор од земјава – по своето потекло, специфичните својства и приказната што ја носи за македонската природа, геологија, традиција и уметност, вели министерката за енергетика Сања Божиновска.

„Сакаме името да биде поврзано со земјата од која потекнува, специфичните својства да бидат препознаени и заштитени...“ – Сања Божиновска, министерка за енергетика.

Патот до правната заштита почнал минатата година. Геолошкиот завод го утврдувал потеклото и посебните карактеристики на рубинот и ја подготвил потребната стручна документација. Во мај годинава била поднесена официјалната пријава, а на 17 јуни постапката завршила со решение на Државниот завод за индустриска сопственост – географскиот назив „Македонски рубин“ добил правна заштита.

Но, заштитата не треба да остане само на хартија. Со јасни стандарди и заштитено потекло, идејата е македонскиот рубин да прерасне во препознатлив национален бренд и истовремено да отвори нови можности за домашните занаетчии и дизајнери.

,,Откако ќе завршат сите потребни процедури ние ќе започнеме со официјално и детално информирање на занаетчиите, обработувачите , производителите, трговците и потенцијалните овластени корисници и сите други релевантни чинители,, – Сања Божиновска, министерка за енергетика.

Следниот чекор е неговото потекло и квалитет да може лесно да се проверат. Предвиден е сертификат со податоци за потеклото, квалитетот и специфичните својства на рубинот, како и QR-код преку кој ќе бидат достапни сите информации од сертификатот. Првиот код се очекува до крајот на октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци

Денеска официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци, по повеќегодишни иницијативи и заложби за унапредување на занаетчискиот сектор во регионот.

Јанчев: Официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци

„Формирањето е поддржано од локалната самоуправа и градоначалникот, а иницијативата ја поддржаа и повеќе од 350 занаетчии од Кавадарци со своите потписи. Регионалната комора ќе претставува институционална поддршка за занаетчиите, со цел унапредување на условите за работа, развој и заштита на занаетчиската дејност.

Честитки до кавадаречките занаетчии за овој значаен чекор.“- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер