Орбан со благодарност до Мицкоски за заштитата од миграцијата: Да живее Македонија! - Канал 5

Орбан со благодарност до Мицкоски за заштитата од миграцијата: Да живее Македонија!

-Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник. Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна граница од миграцијата. Да живее Македонија!

Орбан со благодарност до Мицкоски за заштитата од миграцијата: Да живее Македонија!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на отворањето на конзервативната CPAC конференција (The Conservative Political Action Conference - CPAC) во Будимпешта го поздрави премиерот Христијан Мицкоски и неговото лидерство во заштита на европската граница од илегалните мигранти.

-Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник. Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна граница од миграцијата. Да живее Македонија!, изјави премиерот Орбан на отворањето на големата конференција на европски и американски конзервативци во унгарската престолнина.

Пред обраќањето на Орбан, беше емитувана ексклузивна видео порака од претседателот Доналд Трамп. Меѓу другите гости на конференцијата се словачкиот премиер Роберт Фицо, грузискиот премиер Иракли Кобахидѕе, Андреј Бабиш од Чешка, Јержи Квашњевски и Матеуш Моравиецки од Полска, Херберт Кикл од Австрија, Алис Вајдел од Германија, Хорхе Буксаде од Шпанија, како и американските десничарски ѕвезди Бен Шапиро, Џек Пособиец и Дејвид Рубин.

YouTube video

Се очекува Мицкоски утре да има обраќање на конференцијата.

CPAC се смета за најголемиот и највлијателен собир на конзерватици во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Министерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес.

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите.

Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќа

Дизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.

СДСМ:  Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќа

СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра.

Арамијата Мицкоски ги одби.

Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните.

Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните.

Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи.

Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните.

Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците.

Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата.

Тоа е арамиска власт.

Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување.

Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19% во однос на одлуката од 14.9.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,960%, кај дизелот за 6,772%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 5,960% и кај мазутот исто така има зголемување за 4,084%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,753%.

Во Одлуката на РКЕ е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и е продолжен намалениот износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Во исто време е применет и намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% Од 22.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 99,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 101,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 114,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,078 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.9.2026 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер