Општина Куманово ги прифати барањата на жителите, депонијата Краста ќе се уредува

 Ќе се уредува кумановската депонија Краста, е заклучокот по состанокот на жителите на трите села Пчиња, Студена Бара и Вакв, со надлежните од Општина Куманово и ЈП „Чистота и Зеленило“, како и претставници на Советот на Општина Куманово. 

Општината прифати да продолжи да се посипува земја и на тој начин да се спречи дополнително опожарување во летниот период. Паралелено на следната седница на Советот ќе се побара преку ребаланс да се обезбедат средства за изградба на дополнителна ограда, видео надзор и систем за вода, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

-Ги разбирам проблемите со кои се соочуваат жителите. Тоа е проблем кој датира 60-70 и повеќе години. Оформивме работно тело, по еден претставник од месното население, ЈП „Чистота и Зеленило“ и од Општина Куманово. Веќе во текот на неделава ќе се носат дополнителни количини на земја со која ќе се врши посипување на депонијата. Ќе се направи акција за чистење на регионалниот пат Куманово-Пчиња, и дополнително во септември ќе се врши пошумување на депонијата, изјави за медиумите кумановскиот градоначалник.

Димитриевски посочи дека тоа се првичните мерки, а тој очекува да се одблокира проектот за регионална депонија, кој заглави во министерството за животна средина.

-На првиот состанок со новиот министер ќе разговарам за тоа и до каде сме со изградба на претоварната станица на оваа локација и изградба на фабриката за преработка на отпад која треба да се изгради во Свети Николе, посочи првиот човек на Куманово.

Од месното население се задоволни од прифатените барања. Нивниот претставник Дејан Трендевски очекува надлежните да го исполнат ветеното. Во спротивно рече повторно ќе го блокираат влезот на Краста.

-Се надеваме дека до тоа нема да дојде, тоа не се големи средства, со ребалансот ќе може да се направи а ќе биде добро и за самото функционирање на депонијата но и за населението кое живее таму, истакна жителот на село Пчиња.

По големиот пожар кој ја зафати кумановската депонија, жителите на Пчиња, Студена Бара и Вакв, кои се најпогодени, три дена не дозволија влез на камионите на комуналното претпријатие на Краста. Поради состојбата вонредна состојба по опасноста од ширење епидемиолошка зараза во Куманово одржа и Советот на општината. Тие препорачаа жителите да ја тргнат блокадата и на заедничка маса да најдат решение.

Викендов и во понеделник сончево и топло, од вторник пороен дожд, грмежи и ветер

Викендов и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Промовирана монографијата - Заре Лазаревски, Ски-центарот и Маврово

Синоќа во исклучителна атмосфера се промовираше монографијата - Приказна за визионерот, креаторот и за градителот Заре Лазаревски кој го создаде Ски-центарот и Маврово. 

Таа е направена по повод стогодишнината од неговото раѓање а во чест на неговата посветеност да го создаде најпрестижниот змиски туристички центар во регионот во осумдесттите години на минатиот век.

Автори на оваа монографија се новинарите Јасмина Миронски и Бранислав Станчевски, кој на 110 страници споделуваат многу сеќавања, податоци, разговори со неговите соработници, современици, колеги и семесјтвото. Воедно, таа содржи повеќе од 40 автентични фотографии кои одсликуваат едно интересно време кога имаше луѓе кој од ништо правеа нешто - само од желба да биде подобро и поубаво за сите, да се создаде нешто вредно и трајно за својата држава – тогашна Македонија.

Монографијата која е исклучително квалитетно отпечатена е благодарение на неговиот внук Вељко Лазаревски син на најмладиот брат на Заре без чија несебична помош и поддршка таа немаше да види виделина.

Ски- центарот што го изгради Заре беше прв не само на Балканот туку и пошироко затоа што Заре со својата упорност, убедливост, снаодливост, визионерство и авторитет остави зад себе едно капитално животно дело: две жичници, 9 ски- лифтови поврзани по европски терк - скијачки патеки за слалом, велеслалом, спуст, бројни сместувачки објекти со целосно изградена инфраструктура.

За Лазаревски како како татко, сопруг, некој кој речиси секогаш бил или на пат за Маврово, или, во мислите за тоа што треба да се направи за Маврово зборуваше синот Бодан Лазаревски, инаку, исто така јавен обвинител кој раскажа занимливи моменти од времето како се градел Центарот и Маврово.

Сеќавања за таткото кој меѓудругото бил харзиматичен и џентлмен, сподели и ќерката Јованка Лазаревска Станчевска професорка на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје на катедрата за англиски јазик.

За личните сеќавања и занимливи искуства од времето кога Маврово беше вистинско монденско место зборуваше Живко Груевски, син на неговиот братучед и соборец Александар Санде Груевски, инаку познат бизнисмен, поранешен почесен конзул на Канада а сега професор на Американ Колеџ во Скопје./МИА.

Грчко МНР: Раководството на Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа

Раководството на Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа и се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Раководството на Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението на грчкото МНР, „за прекршувањето на Договорот од Преспа од страна на раководството на Македонија“, пишува дека министерот за надворешни работи на Грција „пред неговите колеги во рамките на Советот за надворешни работи веќе детално ги покрена соодветните прекршувања и ќе продолжи да го прави тоа“.

- Дополнително, прашањето се покренува на меѓународно ниво од страна на грчката Влада. Раководството на С.Македонија секојдневно, сè повеќе се оддалечува од добрососедските односи што го претставуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право, пишува во соопштението од грчкото МНР.

притисни ентер