Сè уште не се знае дали принцезата од Велс ќе учествува во доделувањето трофеи на Вимблдон

Принцезата од Велс, Кетрин (Кејт) Мидлтон редовно го посетува Тенискиот турнир Вимблдон и учествува во доделувањето трофеи на победниците.

Вимблдон почнува на 1 јули, а иако Кејт се држи подалеку од очите на јавноста по нејзината дијагноза на рак, организаторите на турнирот се надеваат дека принцезата и оваа година ќе ја продолжи традицијата на доделувањето на трофеите.

Претседателката на Клубот „Ол Ингланд“ што го организира турнирот, Деби Џеванс за „Телеграф спорт“ изјави дека ќе ѝ дадат „што е можно поголема флексибилност“ на принцезата од Велс.

- Се надеваме дека принцезата од Велс ќе може да ги предаде трофеите како покровителка на клубот, но во мигов, нејзиното здравје и закрепнувањето се најважни. Сè уште не знаеме ништо. Сè што велиме е дека ќе работиме со неа, ќе ѝ дадеме колку што е можно повеќе флексибилност. Не знам ниту кој би ги доделувал трофеите како замена. Остануваме флексибилни, изјави Џеванс.

Кејт Мидлтон е љубителка на тенис, па како таква е и покровителка на „Ол Ингланд“ клубот за тенис на трева и крикет. Меѓутоа, откако ѝ е дијагностициран рак, таа е надвор од службените обврски.

Крајнодесничарската партија на Ле Пен победи во првиот круг од изборите во Франција

Коалицијата на Макрон трета.

Според излезните анкети, во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција, екстремно десничарскиот национален митинг на Ле Пен освои 34,2 отсто од гласовите, екстремно левиот нов народен фронт 29,1, а сојузот на претседателот Макрон е трет со 21,5 отсто.

Французите избираат 577 пратеници, по еден во сите 577 изборни единици, според мнозински модел.

Во денешниот прв круг мандати ќе освојат само тие кандидати што ќе имаат над 50 отсто од гласовите на избирачите кои излегле на гласачкото место, доколку излезноста на тоа избирачко место било најмалку 25 отсто.

Во вториот круг од гласањето, кој е закажан за 7 јули, влегуваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.

Дејан и Венцислав Недеви учествуваа на меѓународниот карате семинар со Сенсеи Кавазое

 Д-р Дејан Недев и д-р Венцислав Недев викендов од 28 до 30 јуни учествуваа на меѓународниот карате семинар со Сенсеи Масао Кавазое кој се одржа во Тонсберг, Норвешка.

Семинарот беше во организација на Норвешката федерација за традиционално карате која долги години е членка на Европската (ЕТКФ) и светската (ИТКФ) федерација.

Недеви ги интензивираа контактите со Сенсеи Масао Кавазое кој во моментов важи за еден од најдобрите карате инструктори во светот кој е ученик на Сенсеи Хидетака Нишијама основачот на ИТКФ.

Наскоро се планира Сенсеи Кавазое да одржи семинар и во Македонија.

Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот

Гувернерот на Истанбул Давут Ѓул денеска ја забрани овогодинешната Парада на гордоста во Истанбул и го затвори центарот на градот.

„Настанот нема да биде одобрен“, соопштија од канцеларијата на гувернерот, без да наведат причина.

„Илегалните групи повикаа на неовластен протестен марш“, се додава во соопштението.

Областа околу централниот плоштад Таксим е затворена за возила, а движењето на пешаците е под контрола. Полицијата претходната вечер веќе постави бариери во центарот на градот.

Активистите повикаа на протести во корист на правата на ЛГБТК лицата.

Владата со години се обидува да го спречи одржувањето на Парадата на гордоста. Минатата година беа приведени голем број лица.

Како што наведуваат локалните медиуми, хомосексуалните односи не се нелегални во Турција, но владините претставници и претседателот Реџеп Таип Ердоган постојано изразуваат отворено непријателство кон ЛГБТК лицата. /МИА

притисни ентер