Општина Илинден: Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино - Канал 5

Општина Илинден: Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Општина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.

Општина Илинден: Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа дополнителни активности за уредување и заштита на целиот спортско-рекреативен простор.

Фудбалскиот терен е целосно обновен на површина од 924 м2, поставена е нова вештачка трева, два нови гола и заштитна мрежа зад головите, со што се создадени значително подобри услови за игра, тренинг и рекреативни активности.

Целосна реконструкција е извршена и на кошаркарскиот терен, кој се протега на површина од 436 м2, каде се поставени нови ПП пластични плочки, а заменети се и двете кошаркарски табли и двата обрачи.

Во рамки на уредувањето на спортскиот комплекс, поставена е и нова пластифицирана заштитна мрежа и нова панелна 2Д заштитна мрежа на површина од 132 м2.

Со реализацијата на овој проект, Марино доби целосно обновен спортско-рекреативен простор со современи услови за фудбал и кошарка, наменет за активностите и потребите на сите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сулејмани: 35 години независност, 35 предмети кои се наша заедничка приказна

По повод 8 Септември – Денот на независноста, во Националниот археолошки музеј се одржа свеченоста „35 години независност – илјадници години приказни“. 

Сулејмани: 35 години независност, 35 предмети кои се наша заедничка приказна

На настанот се обратија претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам Седат Сулејмани и директорката на Музејот, Магдалена Манаскова.

Министерот Сулејмани истакна дека 35-годишнината е повод да се осврнеме на изминатиот пат, но и да одговориме каква држава сакаме да изградиме во следните децении.

„Оваа земја е наш заеднички дом, во кој сите заедници имаат право да го чуваат, развиваат и споделуваат својот културен идентитет. Различноста е богатство, а мултикултурноста е нашиот најголем демократски потенцијал“, порача Сулејмани.

Тој нагласи дека предизвикот на оваа генерација е да изгради држава во која никој нема да се чувствува туѓ, младите ќе ја гледаат својата иднина овде, а секој граѓанин ќе може со гордост да каже: „Македонија е и моја земја“.

Во рамките на свеченоста беа претставени 35 предмети од постојаната поставка на музејот, преку кои археолошкото и културното наследство се доближува до пошироката јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бремената сопруга на Леклер се појави во боите на Ферари во Монца

Александра Леклер, која редовно го придружува сопругот и возач на Ферари, Шарл Леклер, на трките, се појави во недела, 6 септември, на Големата награда на Италија во Монца. 

Бремената сопруга на Леклер се појави во боите на Ферари во Монца

Инфлуенсерката неодамна потврди дека двојката го очекува своето прво дете, а за пристигнувањето на патеката, таа избра впечатлива црвена комбинација во боите на тимот на нејзиниот сопруг.

Клучни парчиња во стилот на Александра Леклер

Централниот дел од ансамблот беше свилениот фустан со јака и асиметричен раб на Ферари од 1.250 долари. Александра го персонализираше моделот Rosso Magma со спуштање на ремените до рамената, создавајќи порелаксиран крој погоден за бременост.

Таа го заокружи изгледот со паричник од четкана кожа Ferrari GT од 1.750 долари со синџир и овални очила за сонце Saint Laurent, модел 751 Jeanne.

Тие се венчаа оваа година

Шарл и Александра се венчаа на 28 февруари оваа година на граѓанска церемонија во Монако, неколку дена пред почетокот на новата сезона на Формула 1. Александра носеше бел фустан од чипка со спуштени рамена, додека Леклер избра лесен костум.

По церемонијата, Леклерк сподели фотографии и видеа од свадбата на социјалните мрежи. Тие вклучуваа детали за фустанот на Александра, размената на прстени и нивното куче Лео, кое исто така беше дел од прославата.

По свадбата, младенците се возеа низ Монако во Ferrari 250 Testa Rossa од 1957 година, еден од најпознатите и највредните класични модели на Ferrari. Леклер напиша во тоа време дека тоа е ден што ќе го памети засекогаш. „Првиот дел е завршен, а вториот ќе следи следната година со сите наши роднини“, рече тој, најавувајќи поголема свадбена прослава во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сања Божиновска: 35 години независна Македонија – слободна, силна и енергетски самостојна!

По повод Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември, честитката упати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Сања Божиновска: 35 години независна Македонија – слободна, силна и енергетски самостојна!

Денес, со гордост и длабок почит го одбележуваме 35 години од денот кога македонскиот народ со непоколеблива волја ги стави темелите на суверена и самостојна Република Македонија. ​Наша обврска и неуморна задача за да изградиме држава во која идните генерации ќе живеат достоинствено е да го трансформираме енергетскиот систем.

​Како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, мојата лична и политичка заложба е јасна: Нема вистинска државна независност без енергетска независност. ​Не можеме да говориме за силен суверенитет додека зависиме од туѓи енергетски кризи и увоз.

Македонија има потенцијал и знаење за сами да ја управуваме нашата енергетска иднина! ​Нашата татковина заслужува да биде силна, економски стабилна и енергетски самостојна. Тоа е нашата борба денес, тоа е новиот генерациски завет за Македонија.

​Честит 8 Септември, Денот на независноста!

Да ни е вечна, силна и горда Македонија!

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер