Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
2Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
АвтомобилизамОпел се откажа од продажбата на исклучиво електрични возила по 2028. Германскиот производител на автомобили „Опел“ ги откажа плановите за продажба само на електрични возила во Европа од 2028 година.Германскиот производител на автомобили „Опел“ ги откажа плановите за продажба само на електрични возила во Европа од 2028 година и ќе продолжи да се потпира на својата моментална „диверзифицирана“ енергетска стратегија - испорака на возила напојувани со батерии, хибриди или мотори со внатрешно согорување - сè додека не се променат барањата на клиентите. Главниот извршен директор Флоријан Иетл ја објави 2028 година уште во 2023 година како цел за постепено укинување на продажбата на мотори со внатрешно согорување во Европа. „Нашата одлука не мора да биде ограничена на 2028 година, доколку побарувачката бара поинаку“, изјави компанијата со седиште во Риселсхајм во соопштението по медиумските извештаи за промена на стратегијата. Минатиот јуни, „Опел“ прослави 125 години производство, со присуство на тогашниот германски канцелар Олаф Шолц. Во 2017 година, поранешната подружница на „Џенерал моторс“ беше преземена од матичната компанија на „Пежо“, ПСА, а потоа беше вклучена во мултинационалната група „Стелантис“, со прекинување на неколку илјади работни места. Компанијата забележа пад на профитабилноста во последните години, а плановите за голема фабрика за батерии во Кајзерслаутерн се ставени на чекање. Поради позитивните сигнали од пазарот и политичките мерки во Германија, Франција и Обединетото Кралство, производителот на автомобили сè уште се стреми да продолжи со електрични возила. Компанијата вели дека е подготвена за електрифицирана мобилност и е првиот германски производител со целосно електрифицирано портфолио на модели на пазарот.Тагови: електрични возила опел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРокас: Се надевам дека многу работи за македонските евроинтеграции се прават зад радаротОчекувам Македонија да го следи примерот на четирите земји кандидатки кои денеска вОчекувам Македонија да го следи примерот на четирите земји кандидатки кои денеска во Брисел отворија или затворија пглавја и кластери и да го искористи расположението за пропирување во унијата – рече ЕУ амбасадорот во земјава Михалис Рокас прашан која е неговата порака за Македонија чии почеток на преговори е усовен со носењето на утавните измени.... „ Значи веќе имаме притиснато, згазено на гас. Значи веќе има четири земји со коишто процесот на проширување оди многу брзо. Ние искрено се надеваме дека и Македонија ќе може наскоро може да ги почне пристапните преговори и кога ова ќе се случи целиот моментум ќе се промени и убеден сум дека ќе го зграпчи тој моментум брзо. “- Михалис Рокас – ЕУ амбасадор. По денешниот исчекор во преговите на Украина, Молдавија, Црна Гора и Алабнија, лидерот на опозцииската СДСМ Венко Филипче повторно упати низа критики до Владата за нејзните политки поврзани со европскиот напредок на државата. „Вчера имаше средба во Париз по повод националниот ден на Франција и таму на местото каде се собрани сите европски лидери ние сме претставувани од вицепремеирот Беким Сали. Немам забелешка на протоколарниот дел но да не биде присутен на местото каде се сите европски лидери и може да ги искористи за да се бори за државата но избира да не оди таму. Само уште еден показател дека овој премиер за Македонија не се бори.“ - Венко Филипче – претседател на СДСМ. Во однос на исполнувањето на реформаската агенда чии рок истекува утре а изборниот законик и натаму е во ќорсокак – Рокас е оптимист дека и последната реформа може да се донесе во последен момент. Тој рече дека има инфомрација оти координаторите разговараат на дневна основа и дека се надева дека ќе постигнат консензус. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаПродолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказитеНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов.Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот. Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв. -Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР. Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите. Обвинителството продолжи со изведување докази од вештачење на телефон одземен од затворската полиција од Ардит Арифи за која Обвинителството водело постапка против повеќе лица за проституција, продажба на дрога и перење пари, а Арифи е меѓу прво обвинетите. Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
ЗдравјеСашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравствоАзир Алиу и официјално му ја отстапи министерската фотелја на досегашниот Директор на Фондот Сашо Клековски. Дел од петте столба на Алиу ќе останат приоритети, како што е изградба на нов Клинички и покрај личниот став дека не се потребни нови згради туку ефикасна регионализација, потврди Клековски на последната прес-конференција што тој ја одржа како Директор на Фондот. Тој потврди дека нема да запре дигитализацијата, но за тоа дали во сите државни болници лекарите ќе се евидентираат со отпечаток од прст наместо со картичка, Клековски вели дека ќе разговара со директорите за методите на евиденција и контрола. Клековски е задоволен од сработеното за време на изминативе две години во Фондот. Вели дека е горд што постигнал нешто повеќе од половина од она што било планирано како што е проширување на позитивната листа, зголемување на платите и повеќе пари за болниците. Но, како незавршени ги остава е-рецепт кој не функционира во целост, но и најавата дека секое дете треба да добие право на свое име да има осигурување од државата без разлика дали родителите му се осигурени или не. За безмалку 35 години независност, Министерството во просек добивало нов министер на секои неполни две години – поточно на околу една година и осум месеци. Дваесет различни луѓе го раководеле Министерството, а поради двата одделни мандати на Арбен Таравари, Клековски стапува на функцијата како 21-ти Министер по ред. Најболниот сектор останува лидер по смена на функционери, а единствената реформа која остана во континуитет е „мој термин“, додека нов клинички центар беше ветување на многу министри, но никој досега не удри камен темелник. Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55