OН: Светот е пред климатски апартхејд, богатите ќе купуваат спас од климатските промени

Според извештајот на Обединетите нации , пред светот е црна иднина , во која само богатите ќе ги преживеат климатските промени .

Во денешниот извештај на Обединетите нации , кое во седиштето во Женева го предаде претставникот за крајна сиромаштија, Филип Алстон , се наведува дека товарот на климатските промени ќе падне врз грбот на сиромашните.

,,Преголемото потпирање врз приватниот сектор би можело да доведе до сценарио на климатски апартхејд , во кој богатите ќе плаќаат за да ги избегнат преголемите жештини, гладот и судирите , додека остатојкот на светот ќе биде препуштен на страдање.”, рече Алстон , презентирајќи го извештајот.

Тој вели дека дури и во најдобро сценарио, стотици милиони луѓе ќе се соочат со несигурност при снабдувањето со храна, со присилна миграција , болести и смрт.

Во извештајот се критикуваат светските влади , кои не прават ништо позначајно , иако научниците предупредуваат на вајквата состојба уште во 70 – тите години на минатиот век.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер