ОН: Бунтовниците на M23 силуваа и живи запалија стотици затворенички во ДР Конго

 Неколку стотици жени биле силувани и живи запалени откако затвореници од машкото одделение во затворот во Гома, Демократска Република Конго, успеале да побегнат, јавува Гардијан.

Побегнатите затвореници упаднале во женското одделение, кое потоа било запалено.

Заменичката шефица на мировните сили на ОН во Гома, Вивијан ван де Пер, изјави дека околу 4.000 затвореници избегале од затворот, кој бил под контрола на бунтовничката група M23, поддржана од Руанда.

- Сите затворенички беа силувани, а потоа запалени заедно со објектот. Ниту една не преживеа, изјави Ван де Пер.

Побунетите групи на истокот од Конго денеска еднострано прогласија примирје. Заземањето на Гома од страна на M23 предизвика осуда од Г7 и ЕУ, кои ја нарекоа офанзивата „кршење на суверенитетот на Конго“.

И покрај тоа, Ван де Пер предупреди дека бунтовниците се движат кон градот Букаву, каде што конголската армија добила засилување од Бурунди. Таа ги повика Советот за безбедност на ОН и меѓународната заедница да извршат поголем притисок врз Руанда, која, според обвинувањата, ја поддржува оваа бунтовничка група.

Од своја страна, M23 тврди дека нема намера да го заземе Букаву, а Руанда ги негира наводите дека ги поддржува бунтовниците.

Според податоците на ОН, во последните судири во и околу Гома, најголемиот град на истокот од Конго, загинале најмалку 900 лица, а повредени се 2.880 луѓе. /МИА

Неформален состанок на Советот на ЕУ во Варшава

Во Варшава денеска се одржува неформален состанок на Советот за општи работи на ЕУ, на кој ќе се разговара за хибридните закани со кои се соочуваат земјите-членки на ЕУ и партнерите што се стремат да влезат во ЕУ.

На состанокот се очекува да се разговара и за зајакнувањето на европската цивилна и воена подготвеност и повеќегодишната финансиска рамка (ВФО) на Унијата за периодот по 2027 година.

„Бидејќи проширувањето е приоритет за Европската унија, сигурна сум дека тоа ќе биде многу добро разгледано во следниот ВФО“, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по пристигнувањето на состанокот.

Во Софија изведена „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугариј

Во Националниот дворец на културата во Софија синоќа се одржа заеднички настап на Македонската, Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун. На сцената беше изведена „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

-Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи! Ова беше епилогот по моќната изведба на епската „Кармина Бурана" од Карл Орф којашто се случи во големата сала на НДК во Софија. Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот оркестар на Солун, како и Софискиот филхармониски хор и солистите: нашата ѕвезда Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов, брилјираа на сцената од каде зрачеа силни креативни вибрации, објавија од Македонската филхармонија на нивниот фејсбук профил.

Како што посочуваат, главниот „виновник" за овој спектакуларен концерт, маестралниот диригент Најден Тодоров не ја криеше неизмерната среќа што конечно се реализираше оваа идеја за уметничко сплотување на, како што и самиот истакна, три оркестри во едно тело

-Вечерва се потврди уште еднаш дека музиката не разбира граници, туку ја возвишува секоја идеја и мисла во чиста убавина, потенцираат од Филхармонија.

Покана од Бигорски за заедничко одбележување на именденот на епископ Антаниски г. Партениј

Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба. 

Празнувајќи го споменот на отецот меѓу светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Свештената бигорска Обител, упати покана за заедничко одблежување на овој светол спомен.

-Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба. По Вечерната богослужба, во чест на именденот на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј предвидено е соборно дружење и послужение во свечениот манастирски синодикон. Во четврток во 6:30 часот ќе биде отслужена утрена богослужба, а во 8:45 часот ќе почне Светата архиерејска Златоустова Литургија, информираа од Бигорскиот манастир.

Благослов да присуствуваат имаат сите коишто сакаат да го прослават споменот на Свети Партениј Лампсакиски, заедно со монашко братство и сестринство. Имајќи го предвид бројот од над илјада верници кои во просек присуствуваа на одбележувањето изминатите години, масовно присуство се очекува и овој пат.

Минатата година на одблежувањето посебна чест беше присуството на Неговото Преосвештенство, епископот Аморејски и игумен на Свештената Обител на Влатадите во Солун г. Никифор, од Вселенската Патријаршија. Со него, допатуваа и студенти по православна теологија од повеќе помесни православни цркви, кои престојувале во студентскиот интернат во Влатадон. в

притисни ентер