ОН: Албанија се соочува со демографско стареење - Канал 5

ОН: Албанија се соочува со демографско стареење

До 2055 година, бројот на новородените во Албанија се очекува да биде речиси 4 пати помал од сегашниот.

ОН: Албанија се соочува со демографско стареење

Во последниот извештај на ОН за наталитет, Албанија е посочена како една од земјите со најголем пад на раѓања.

-Проекциите на ОН предвидуваат дека раѓањата ќе се намалат на 6.000 од сегашните 23.000. Намалувањето се очекува да биде драстично во првите 10 години, односно до 2035 година, кога раѓањата ќе се намалат на 15 илјади, достигнувајќи 10 илјади годишно во 2045 година, објавија албанските медиуми.

Според ОН, постојат два главни фактори зад падот на наталитетот: емиграцијата и стареењето на населението.

-Меѓународната миграција индиректно влијае на бројот на раѓања во земјите на дестинација и во земјите на потекло. Во земји и области како Албанија, Ерменија, Гвадалупе или Јамајка, емиграцијата на голем број жени во репродуктивна возраст го намалува бројот на раѓања што се случува во тие земји, стои во извештајот.

Албанија не е единствената која се очекува да се соочи со овој феномен, бидејќи проекциите за намалување на наталитетот го погодуваат целиот балкански регион. Драстични намалувања се предвидуваат и во Македонија и Црна Гора.

Поради големиот број раѓања во текот на една година, Србија ќе биде земјата која ќе почувствува најмалку пад на наталитетот, каде што моментно бележи 53 илјади раѓања годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна

Претседателот на САД,  Доналд Трамп најде нов виновник за изборниот дебакл на републиканците на американските избори на средината од мандатот–телевизиската мрежа „Фокс њуз“, која некогаш ја сметаше за еден од своите најголеми сојузници.

Претседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна

Откако демократите ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот, американскиот претседател во средата остро ја нападна една конзервативна телевизиска станица, обвинувајќи ја дека придонела за поразот со тоа што редовно ги канела демократите во својата програма.

Тој беше особено разгневен од гостувањето на поранешниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио, кого жестоко го нападна во објава на социјалните мрежи.

„Зошто ’Фокс њуз‘ (Fox News) го држи во програма Бил де Блазио, најлошиот градоначалник во историјата на Њујорк, додека тој беснее и брбори како лудак? Тој го напушти градот со срам, а штетата што ја направи е немерлива – градот никогаш повеќе не беше ист, а сега тој ни кажува како да ја водиме Америка“, напиша Трамп.

Потоа тој директно го обвини „Фокс њуз“ за изборниот неуспех на републиканците, префрлајќи ѝ на телевизијата што ги канела политичките противници во програмата.

„Fox News сноси одговорност за овие порази бидејќи постојано и упорно им дава простор на опозиционерите од редовите на ’глупократите‘ (dumbocrats) и оние уште полошите. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател во својата објава.

Инаку, Трамп претходно им честиташе на демократите за нивниот успех на меѓумандатните избори одржани во вторникот и призна дека врз поразот на републиканците влијаело и прашањето за Иран, додека демократите се подготвуваат да ја преземат контролата врз Конгресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...

Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници.

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 претставува значаен стратешки документ што го препознава придонесот на образованието во создавање сообраќајна култура и долгорочно унапредување на безбедноста во сообраќајот, рече министерката за образование и наука проф. -д-р Весна Јаневска на промоцијата на новата Стратегија.

„Образованието е еден од најмоќните превентивни механизми. Знаењата, ставовите и навиките што придонесуваат за безбедно учество во сообраќајот треба да се развиваат од најрана возраст, почнувајќи од предучилишното воспитание и продолжувајќи низ сите нивоа на образовниот процес. Темите за безбедноста во сообраќајот се интегрирани во воспитно-образовната работа, преку наставни и воннаставни активности, како и кампањи во соработка со Министерството за внатрешни работи, со стручни организации и со единиците на локалната самоуправа“, посочи министерската Јаневска, додавајќи дека податоците за сообраќајните незгоди и ризичното однесување на младите учесници во сообраќајот укажуваат дека е неопходен уште покоординиран пристап.

Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието ќе работи на дополнително унапредување на воспитно-образовните содржини и активности со кои учениците ќе стекнуваат практични знаења, ќе ги препознаваат ризиците во сообраќајот и ќе развиваат навики за одговорно и безбедно однесување, вклучително и за правилна употреба на заштитната опрема.

Јаневска нагласи дека успешната едукација не е можна без подготвени наставници и современи наставни ресурси и затоа, дел од активностите ќе бидат насочени кон јакнење на компетенциите на наставниот кадар и обезбедување соодветни едукативни материјали и алатки за работа со учениците.

Ја поддржа идејата за јакнење на безбедносните зони околу училиштата, парковите и центрите на населбите, преку партнерства со општините и граѓанските организации.

„Создавањето побезбедна средина околу местата каде што престојуваат децата е заедничка обврска на сите институции и на целата заедница. Подеднакво важно е младите да стекнат основни знаења и вештини за соодветно постапување во првите критични минути по сообраќајна незгода, во соработка со Црвениот крст и со здравствените институции“, рече министерката.

Успехот на Стратегијата зависи од способноста за заедничко и координирано делување. Јаневска ги охрабри училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници да градат трајна култура на безбедност, неопходна како одговор на ризиците со кои се соочуваме како општество.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на самит во Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања

Премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија.

Мицкоски на самит во  Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања

„Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот "Отпорност како императив за севкупното општество" истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси. Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ.

Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет. Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, којашто сега е земја членка на ЕУ.

Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме.“- објави Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер