Охрид, емоции и силен рефрен: Таско и Теа повторно „Лудо“ ја обоија сцената - Канал 5

Охрид, емоции и силен рефрен: Таско и Теа повторно „Лудо“ ја обоија сцената

По силниот одѕив на „Сатурн“, нивниот прв заеднички хит што природно си го најде патот до публиката, Таско и Теа продолжуваат со уште поизразена, послободна приказна.

Охрид, емоции и силен рефрен: Таско и Теа повторно „Лудо“ ја обоија сцената

Со мирис на лето, пулс на урбана љубов и рефрен што лесно влегува во уво, Христијан Тасковски Таско повторно ги спојува своите емоции со Теа Трајковска во новиот сингл „Луда“, песна што не чека дозвола да биде почувствувана, туку тивко и сигурно влегува под кожа.

По силниот одѕив на „Сатурн“, нивниот прв заеднички хит што природно си го најде патот до публиката, Таско и Теа продолжуваат со уште поизразена, послободна приказна. „Луда“ е музички дијалог без маски, искрен, динамичен и полн со напнатост меѓу разумот и страста. Тој признава „По тебе луд јас“, таа возвраќа „По тебе луда“, и токму во таа едноставна, но силна размена се крие суштината на нивната хемија.

Рефренот се развива како интимна мантра, што се повторува со леснотија и останува долго по последната нота: „Ти си таа, ти си таа / Ти си тој, ти си тој…“ - јасен, чист израз на емоција што не бара објаснување. „Дај обој го светот мој / во сите разни бои“ звучи како повик кон љубов што не се плаши да биде видена.

Во своите строфи, Таско внимателно ја отвора личната ранливост, поставувајќи прашања што одекнуваат и надвор од песната: „И кога сите ќе ме предадат, дали би ме издала?“. Наспроти него, Теа носи смирена, но одлучна енергија, препуштајќи се на чувството без задршка: „На секој допир твој, глеј целата се предавам“. Токму во таа рамнотежа помеѓу нежноста и импулсот, нивните гласови се спојуваат во една компактна, автентична целина.

Визуелната приказна на „Луда“ е сместена во Охрид, каде каменот, езерото и староградската архитектура создаваат природна и визуелно топла летна позадина за оваа емотивна приказна. Летната езерска атмосфера и урбано-романтичниот дух на градот не се само сценографија, туку продолжение на енергијата на песната. Зад камерата стои Никола Наумовски, кој со модерен и динамичен пристап ја доловува хемијата и енергијата што Таско и Теа ја носат – без вишок, но со стил..

Авторски, ова е нивна заедничка исповед - текстот го потпишуваат и двајцата, додека за звукот, аранжманот и миксот се погрижи Лазар Цветковски, кој на „Луда“ ѝ дава современ, моќен и радиофоничен карактер.

YouTube video

„Луда“ е уште една потврда дека кога емоцијата е искрена, а хемијата вистинска, музиката сама си го наоѓа патот до публиката - тивко, но сигурно. А Таско и Теа, очигледно, знаат дека понекогаш најдобрите приказни се оние во кои си дозволуваш да бидеш… малку луд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица

Запленети дрога, оружје и муниција.

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица

На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје.

Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата.

При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба

Со орањето почнуват давачаките на земјдоелците за новата есенска сеидба.

Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба

Но пред да почнат да инвфестираат тие бараат државата да постави јасна поддршка за да се врати интересто кај полјоделците да го засејат лебното жито на поголеми површини со што би се намалила увозната зависност од србија на пченица и брашно за производство на леб. Земјдоелците бараат државата да излезе со пресметката за производната цена што секако е нејзина закоснка обврска но клучното барање е да излезе државата со гарантирана цена од 15 денари за килограм за да се сее пченица на што поголеми површини и да не остануваат нивите празни.

Оваа гарантирана цена од 15 според земјдоелциет како и поделбата на картичките за зелена нафта кои годинава се во вистински момент пред стартот на есенската сеидба би можела да го ибалансираат трошокот кој е зголемен при производството како и ниските откупни цени од 10 денари за килограм кои се провлекуваат секоја година со цел земјоделциет да се ориентираат само на производство без да се грижат за пласманот и откупните цени. Тие исто така бараат да се доплатат по 5 денари од интервентниот фонд за годинава заради ниските откупни цени со се соочија земјдоелците. Според претставниците на земјоделците потребен е итен дијалог со надлежните бидејќи лани 9 илјади земјоделци беа исклучени од можноста и годинава нема да земат субвенции зошто неколку месеци по сеидбата се донесе правило колку за зголемена норма на семенски материјал како услов за поддршка за што не беа навреме информирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

178 зони со ризик од поплави, усогласеност со ЕУ-директивата само 16%

178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија.

178 зони со ризик од поплави, усогласеност со ЕУ-директивата само 16%

178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија, а усогласеноста на државата со европската Директива за поплави изнесува само 16%, покажуваат податоците од проектот за унапредување на имплементацијата на европската Директива за поплави. Проектот предвидува изработка на мапи на опасности и ризици од десет речни подсливови, кои треба да помогнат во утврдувањето на најзагрозените подрачја и планирањето на мерките за заштита. Паралелно се подготвуваат и измени на Законот и подзаконските акти за води, со цел националното законодавство да се усогласи со европските правила. Проектот предвидува и изработка на план за воведување систем за рано предупредување од поплави, со кој треба да се подобрат координацијата меѓу институциите и навременото информирање на населението.

- Ние веќе ги сработивме амандманите во Законот за води, процедурата е во Министерство за животна. Исто работат на други амандмани за други области и очекувам дека во најскоро време ќе биде законот ставен во процедура, процедура на усвојување.-Татјана Тодоровска проектен директор на Ептиса

-Овие зони со потенцијален ризик се дефинирани, значи, на основа на топографски, географски, хидрогеолошки, геолошки подлоги, информации за претходни поплави и меѓу останатото, значи, сè она што претходно се има случено е евидентирано како зона со потенцијален ризик од поплави во државава. Значи се работи за 178 прелиминарно идентификувани зони. За секоја од овие зони, значи, потребно е, согласно Европската директива, да се изработи проценка на ризикот од поплави.-Драган Ивановски –раководител на технички дел на Ептиса

Црвениот крст има Интервентна единица од 40 членови, составена од медицински персонал, парамедици, лица задолжени за логистика и психосоцијална поддршка. Тимот е обучен да одговори на потребите на населението во првите 72 часа по катастрофа. Интервентната единица е формирана по трагедијата во Кочани, а била ангажирана и при последните поплави во Кичево.

-Интервентниот тим функционира во првите 72 часа откако е случена одредена катастрофа или криза и овој тим поминува различен тип на обуки во текот на годината со цел да биде трениран и подготвен да одговори на потребите на заедницата во услови на катастрофа.-Ивона Ѓорѓиева – член на Интерветна единица Црвен крст

Проектот за усогласување со европската Директива за поплави се спроведува од февруари минатата година, а неговото завршување е планирано до крајот на август наредната година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер