Од утре Абас во тридневна посета на Москва - Канал 5

Од утре Абас во тридневна посета на Москва

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас ќе ја посети Русија од 12 до 14 август, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска палестински дипломат.

Од утре Абас во тридневна посета на Москва

„Претседателот ќе пристигне вечерта на 12 август. Во вторник се очекува средба со претседателот Путин. Ќе ја напушту Москва на 14 август, но ќе има средба со арапските амбасадори“, рече Абдел Хафиз Нофал, палестински амбасадор во Москва.

Според дипломатот, главен предмет на консултациите ќе биде ситуацијата во Газа.

„Ќе се разговара за улогата на Русија и за тоа што може да се направи. Ситуацијата овде е многу тешка, а Русија ни е блиска земја“, рече тој.

По посетата на Москва, Абас заминува во посета на Турција./МИА

Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате

Вајц нагласи дека против него се води  „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент. 

Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате

Треба да се информирате, малку да промислите за тоа што го зборувате и да ги прочитате правилата, одговори известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната прес-конференција, на забелешките на бугарска новинарска дека неговиот кредибилитет како известувач е доведен во прашање поради наводните сомнежи дека се среќавал со македонски претставници и бил предмет на лобирање.

Вајц нагласи дека против него се води „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент.

- Знаете дека имавме голема негативна кампања, која траеше и беше апсолутно неоснована. Ова беше извештај на ЕП за Македонија. Како може да биде неподобно да се говори со македонската страна кога јас пишувам извештај за Македонија. Можеби треба малку да промислите за тоа што го зборувате. Ви препорачувам да ги прочитате правилата, а јас се водам од сите правила на ЕП целоснно, па дури и претерувам во тоа, рече Вајца на прес-конферебцнија по по усвојувањето на извештајот за земјава во Европскиот парламент.

Тој и претходно во пишана изјава, истакна дека како известувач на ЕП за земјава неуморно работел за „добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја“, но оти „некои бугарски ервопратеници го искористиле извештајот за домашни цели“.

Зеленски: Само Москва го отфрла предлогот за средба во Ватикан за мир во Украина

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во моментов само Москва го отфрла предлогот за одржување состаноци на ниво на раководство на двете земји во Ватикан.

Зеленски: Само Москва го отфрла предлогот за средба во Ватикан за мир во Украина

Тој, по состанокот со папата Лав Четиринаесетти изјави дека предлогот за средби на ниво на лидери во Ватикан, со цел ставање крај на руската агресија и постигнување стабилен, траен и вистински мир, „останува отворен и апсолутно можен“, пренесува Укринформ.

- Во моментов, само Москва го отфрла овој предлог, како и сите други мировни предлози. Ќе продолжиме да градиме глобална солидарност за дипломатијата и понатаму да функционира, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој му се заблагодари на папата за поддршката на украинските деца, вклучувајќи ги и оние вратени од руско заробеништво.

- Украинските деца имаат можност за рехабилитација и одмор во Италија, и таквото гостопримство и искреност се исклучително важни. Денеска разговаравме за понатамошните напори на Ватикан да ги врати украинските деца кои беа киднапирани од Русија, наведе Зеленски.

Украинскиот претседател пристигна во посета на Италија, каде што ќе учествува на дводневната Конференција за обнова на Украина (УРЦ 2025) која почнува утре во Рим.

Собранието ја заврши општата расправа по дневниот ред од 59. седница, ќе се гласа дополнително

Без дискусија и пријавени за збор во Собранието заврши општата расправа по точките од 59-тата седница.

Собранието ја заврши општата расправа по дневниот ред од 59. седница, ќе се гласа дополнително

Како што рече потпретседателката Весна Бендевска, која ја водеше седницата вечерва, пратениците ќе бидат дополнително известени за гласањето по точките од дневниот ред.

Поради тоа што неколку пати во текот на денов беа побарани паузи, дневниот ред на оваа седница беше изгласан попладнево и од него беше отстранета точката за интерпелација на претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски.

Предлогот беше на пратеникот Бобан Карапејовски од ЗНАМ, со образложение дека „не сакаат да учествуваат во правно насилство врз Уставот“. На тоа со процедурални забелешки реагираа пратеници од опозицискиот Европски фронт кои бараа точката повторно да се врати.

Пред општиот претрес по точките на 59-тата седница, се одржа седница посветена на прашања од опозициските пратеници.

Собранието ќе продолжи со работа утре во 11 часот.

притисни ентер