Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
2Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
ЖивотОд рекреација до совладување на предизвикот наречен маратонско трчањеАлександар Сашо Стоичовски е делчевецот, кој повеќе од 20 години живее во Скопје, а во последните околу осум години целосно е посветен на атлетиката. Почетоците во овој спорт му се од 2014 година, a една од трките на која прв пат учествувал е токму трката во Делчево организирана под мотото „Делчево трча за здрав живот“. Трката се одржа во 2015 година и е отскочна даска на Сашо во маратонското трчање, што потоа чекор по чекор резултира со негово учество на познати светски маратони. На почетокот започнал со кратки дистанци, бидејки трчањето за него било само рекреација. Со трчање, вели Стоичовски, започнал во 2014 година, со наполнети 40 години, сосема случајно, некако изгледаше, потенцира, како наједноставен начин за рекреација, без каква било дополнителна организација. – Дотогаш не знаев ништо за трчањето, не познавав некој што трча, а не знаев ни каде се трча, па трчав по тротоарите во близина на мојата зграда. Тоа беа дистанци од околу два километри, кои многу тешко ги совладував, бидејќи како и секој почетник имав проблем со дишењето и воспаление на мускулите, вели Стоичовски. Првичната идеја му била само рекреативно да се занимава со трчање, најпрво се пријавил за учество на Скопскиот маратон во 2015 година, штој не се одржал, за потоа да се пријави на трката низ градските улици во Делчево. – По извесен период открив дека најдобро место за трчање во Скопје е кејот на Вардар, каде оттогаш до денес сум скоро секојдневно присутен. Кога почнав со трчањето идејата не ми беше да учествувам на трки, туку само рекреативно да се занимавам со овој спорт. По една година рекреативно трчање, првата пријавена трка беше во 2015 година, Скопски маратон – пет километри, што поради тогашните немили настани во Куманово не се одржа. Еден месец подоцна се случи прва трка на која учествував – трката во Делчево, што беше едно убаво искуство. На оваа трка учествував и следните две години, и искрено се надевам дека овој убав настан ќе продолжи и во иднина. Во септември истата година следуваше одложената трка на пет километри од Скопски маратон. Веќе следната година предизвик беше да се истрча полумаратон (21,1 км) што беше совладан во мај 2015 – Скопски маратон, како и октомври 2016 – Софиски маратон, раскажува Стоичовски. Приказната за атлетските предизвици на Стоичовски продолжила со предизвикот да се истрча најтешката дисциплина за што му бил потребен временски период за подготовки. – По истрчани илјадници километри, некако сам по себе се појави предизвикот да се истрча маратон – најтешката дисциплина во атлетиката, да истрчаш 42,2 километри без застанување. Подготвителниот период за маратон трае 4-5 месеци, со скоро секојдневно трчање, рано насабајле, попладне или навечер зависно од периодот во годината, илјадници истрчани километри, воспаленија на мускули и повреди, но сето тоа се заборава со поминувањето на целта. Е, кога ќе ја поминеш целта, веднаш почнуваш да правиш планови за следен маратон, појаснува Стоичовски. Љубовта кон трчањето потоа ја споил со желбата за патување, по што следувале и учествата на маратони во светски познати градови. Доживеал неповторливо искуство за кое со воодушевување раскажува. Покрај трките во Делчево, Скопје и останатите градови низ земјава, тој има учествувано и на маратони во Софија, Белград, Будимпешта, Истанбул, Солун, Барселона и на најстариот и најпрестижен светски маратон во Бостон. За време на маратонот, подвлекува, главните улици во метрополите се затворени и уживаш во најдобрата тура за разгледување на градот. – На пример во Истанбул, тоа е единствена можност да трчаш на Мостот на Босфор и со трчање да поминеш од Азија во Европа, во Будимпешта целата патека е покрај Дунав, од Хопкинтон до Бостон се трча низ осум населени места, и долж патеката од 42 километри нема ниту педа без пубилка која ги поздравува маратонците со овации…, раскажува Стоичовски. Љубовта кон атлетиката што му се јавила по 40-тата година од животот се пресликала и кај неговите ќерки. Неговите ќерки Ева и Неда со нетрпение ја очекувале трката во Делчево и учествувале на сите три трки. Неда две години освојувала подиум во нејзината категорија, а потоа, додава Сашо, продолжиле со тренинзи и натпревари во Скопје. При неговата последна посета на родниот град, Стоичовски го забележавме низ градските улици како не запира со трчање. Претпоставувајќи дека го очекуваат нови учества, го прашавме за неговиот следен атлетски предизвик. – Подготовките и тренинзите траат во текот на целата година. Следен пријавен маратон е Москва на 18.9.2022, меѓутоа поради моменталната ситуација и откажаните летови не знам дали ќе можам да отпатувам, па најверојатно ќе ја заменам со КОЛОРРУН-трката во Скопје, која е на истиот датум. Веднаш потоа е Скопски маратон и на крајот од октомври е маратонот во Љубљана, а помеѓу овие маратони ќе се истрча уште некоја трка низ Македонија, најави делчевецот. Му недостигаат трките во Делчево, кои поради пандемијата, три години по ред се одложуваа. – Трката во Делчево ми е омилена, се надевам дека организаторите Драган и Дејан ќе ја продолжат традицијата, а јас можам да им ветам масовна посетеност од страна на нашиот клуб KORRUNERS и пријателите од другите клубови, дециден е Стоичовски. Денешниот динамичен начин на живот не остава многу слободно време за активности надвор од домот и работата, но тоа, според Стоичовски, не смее да биде оправдување за физичката неактивност. Според него, доволно е еден час во денот да се излезе надвор, да се пропешачи, потрча, испланинари или да се повози велосипед. Токму затоа упати порака до помладите кои имаат желба да спортуваат, да пробаат да се пронајдат во трчањето. – Пораката не само за помладите, туку и за постарите, е да почнат за се занимаваат со овој спорт, за трчањето не се потребни некои специјални услови, доволни се само патики, желба и истрајност, истакна тој. Упати отворена покана до сите почетници и вљубеници во трчањето на 18 септември да дојдат на KOLORRUN-трката на која ќе имаат уникатна можност да трчаат низ Ист гејт мол. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСреде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)Мексиканската ММА борачка Лусеро Акоста (32) имаше инцидент за време на борбата против Канаѓанката Шенон Кларк на настанот од Лигата на професионални борци (PFL) одржан на 16 октомври во Чикаго. За време на третата рунда, нејзиниот спортски градник се помести, оставајќи ги нејзините гради накратко изложени на телевизиските камери. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Акоста по борбата објави дека инцидентот ѝ донел дополнителен приход на OnlyFans. Акоста, позната по прекарот Ла Лоба, го имаше своето деби за организацијата PFL во Чикаго. Таа добро ја отвори борбата, но Кларк постепено ја презеде контролата. Во третата рунда, Канаѓанката ја собори противничката и почна да ја удира додека лежеше на подот. За време на таа размена на удари, горниот дел од спортската опрема на Акоста се исфрли, оставајќи ја едната нејзина града изложена. Боречката ја продолжи борбата, но судијата ја запре по една минута и 59 секунди од третата рунда, а победата ѝ беше доделена на Кларк со технички нокаут. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа откри дека инцидентот ѝ донел профит По борбата, Акоста се огласи на Инстаграм и објасни дека поради снимката што се прошири на интернет, интересот за нејзиниот профил на платформата OnlyFans, каде што објавува содржина за претплатници, се зголемил. „Дополнителна заработка на OnlyFans затоа што моите брадавици беа видливи за време на преносот во живо на PFL. Слатко. Официјален спонзор“, напиша мексиканската борачка. Во друга објава, таа ја наведе и бројката од 500.000, за која американските медиуми претпоставуваат дека се однесува на долари, или приближно 446.000 евра. Сепак, Акоста не објасни дали таа сума претставува вкупна заработка, дополнителен приход од претплатници или нешто друго. Таа дури и не понуди доказ за плаќање, па затоа наведената сума сè уште не е независно потврдена. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа има повеќе од 500 илјади следбеници Пред да дојде во PFL, Акоста настапуваше во организацијата Combate Global, каде што стана препознатлива по својот агресивен начин на борба. Пред поразот од Кларк, таа имаше четири победи по ред помеѓу септември 2022 и април 2025 година. Поразот во Чикаго беше нејзин трет во професионалната кариера и прв со технички нокаут. Нејзиниот моментален сооднос е шест победи и три порази, додека Кларк со оваа победа достигна сооднос од 9:1. Мексиканката е популарна и надвор од ММА спортот. Таа има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а претходно привлече внимание со видеа од подводен тренинг во бикини. Таа го користи OnlyFans како дополнителен извор на приход, а по последната борба тврди дека бројот на претплатници ѝ значително пораснал.Тагови: гради ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции .Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални предозирања, објавува Би-Би-Си. Иако бројот на смртни случаи од предозирање во САД се намали од врвот од околу 110.000 во 2022 година на околу 70.000 минатата година, експертите предупредуваат дека кризата не е завршена, туку се менува поради зголемената преваленца на синтетички опиоиди и други хемиски супстанции. Тие не знаат кои супстанции ги земаат Фентанилот, синтетички опиоид кој е помеѓу 50 и 100 пати посилен од хероинот, често се меша со други супстанции, вклучувајќи синтетички седативи како што се ксилазин и медетомидин. Ваквите комбинации го отежнуваат уште повеќе лекувањето на предозирањата, бидејќи налоксонот, лек што се користи за враќање на ефектите на опиоидите, не делува на овие седативи. Според Би-Би-Си, последиците се особено видливи во градови како што се Колумбус, Охајо, и Чикаго, Илиноис, каде што корисниците на дрога честопати не знаат кои супстанции всушност ги земаат. Скот Сандерс, кој раководи со организација за поддршка на луѓе кои се опоравуваат од зависност во Колумбус, рече дека проблемот се проширил и на корисниците на стимуланси, вклучувајќи крек кокаин, кој може да се меша со фентанил без нивно знаење. Тој рече дека во округот Франклин, каде што се наоѓа Колумбус, 78 проценти од смртните случаи од предозирање во изминатите 12 месеци биле поврзани со стимуланси. Дополнителен предизвик за безбедносните служби Експертите, исто така, предупредуваат за појава на рани и сериозни оштетувања на кожата поврзани со употребата на ксилазин, додека комбинирањето на повеќе синтетички супстанции ја зголемува непредвидливоста на нивните ефекти. Новите начини за шверцување дрога претставуваат дополнителен предизвик за безбедносните служби. Затворот во округот Кук во Чикаго, еден од најголемите во Соединетите Американски Држави, забележа скок на смртните случаи во 2023 година поврзани со синтетички дроги доставени до затворениците вградени во страниците на книгите и писмата. Шерифот на округот Кук, Том Дарт, изјави дека затворските службеници морале да ги променат безбедносните процедури, а сега и да ја проверуваат поштата за влага за да откријат хартија натопена во недозволени супстанции. Дарт верува дека проблемот не може да се реши само со полициски мерки и пресретнување на поштата, туку дека е потребна многу поголема инвестиција во програми за лекување на зависност и закрепнување. Според него, ширењето на синтетичките дроги го отежнува уште повеќе справувањето со шверцот, бидејќи некои супстанции можат да се произведуваат во импровизирани лаборатории, без потреба од традиционални синџири на снабдување. Снабдувањето со дрога постојано се менува Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги прогласи нарко-картелите за „терористи“ и ја означи дрогата фентанил, моќен синтетички опиоид, како „оружје за масовно уништување“. Сепак, снабдувањето со дрога се менува и постојано се дизајнираат нови смртоносни синтетички лекови, вклучувајќи моќен седатив за животни познат на улица како „транк“. Би-Би-Си известува дека кризата со дрогата во САД се променила во текот на децениите, од хероин и опиоиди на рецепт до фентанил и нови синтетички соединенија, додека експертите предупредуваат дека непредвидливиот состав на уличните дроги претставува зголемен ризик за корисниците. Покрај борбата против шверцот, организациите што работат со зависници ја нагласуваат важноста на достапниот третман, програмите за превенција и тестирањето за дрога, со цел да се намали бројот на предозирања и да се спасат животи.Тагови: дрога фентанил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолем глад во Авганистан- погодени се 20 милиони луѓе Се очекува речиси 19,2 милиони луѓе во Авганистан да се соочат со акутна несигурност во исхраната оваа зима поради недостаток на средства, предупреди Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).Помеѓу септември и октомври, 15,9 милиони луѓе, или речиси еден од тројца Авганистанци, се соочуваат со акутна несигурност во исхраната на кризно ниво или полошо, изјави Олга Черевко, портпаролка на OCHA во Авганистан, за новинарите во Женева. Оваа зима, рече таа, пет милиони луѓе би можеле да се соочат со вонредни нивоа на глад. „Се очекува повеќе од четири милиони деца на возраст од шест месеци до пет години да имаат потреба од третман за акутна неухранетост следната година, вклучувајќи речиси 1,1 милион деца со акутна неухранетост“, рече таа. 20 милиони луѓе се изложени на ризик Околу една третина од центрите за исхрана се затворени или прекинати со работа, делумно поради намалување на средствата. „Кога овие услуги ќе исчезнат, последиците можат да бидат неповратни, особено за децата“, предупреди Черевко. И покрај подобрите врнежи од дожд и зголеменото земјоделско производство, милиони луѓе сè уште не можат да си дозволат храна, а годините конфликт, суша и економски тешкотии ја ослабнаа способноста на семејствата да се справат со кризата, рече таа. „Но, една добра жетва по неколку години суша не може да ја поправи штетата“, додаде таа. Черевко, исто така, предупреди дека ограничувањата наметнати врз жените и девојчињата ја влошуваат кризата, повикувајќи се на проценките на УНИЦЕФ дека Авганистан би можел да изгуби до 20.000 наставнички и 5.400 здравствени работници до 2030 година ако продолжат сегашните ограничувања. Таа повика на итна хуманитарна помош пред зимата, со континуирани инвестиции во земјоделството, вработувањето, здравствената заштита и економските можности за жените.Тагови: Авганистан глад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50