Од прилепските училишта во првото полугодие се испишале околу 130 ученици - Канал 5

Од прилепските училишта во првото полугодие се испишале околу 130 ученици

За само првото полугодие, од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство.

Од прилепските училишта во првото полугодие се испишале околу 130 ученици

Ова се бројки кои загрижуваат и трендот се зголемува, вели Гоце Бумбароски, одделенски наставник и советник за млади во општина Прилеп.

-Во последниве шест месеци од десет основни и пет средни училишта се испишани околу 130 ученици. Ако ги земеме предвид последните години, овие бројки само се зголемуваат. Ова, навистина е состојба која треба да не замисли сите нас возрасните, заштно ние сме тие кои ги создаваме политиките и ги креираме условите во кои нашите деца и ученици треба да растат и да живеат и да се образоваат, вели Бумбароски.

За Ахил Јаков, директор на прилепското основно училиште „Климент Охридски“, ситуацијата е поразителна. Во првото полугодие, поради иселување, се испишале 22 ученици. Трендот кој е во последните четири години, стана и секојдневен. Бројките се поголеми зашто станува збор за цели семејства.

-Од почетокот на оваа учебна година, од септември досега, според статистичките податоци имаме поразителна бројка. Од септември се испишани 22 ученика од нашето училиште и со родителите се заминати во странство. Податоците за последните четири години ја потврдуваат тенденцијата на заминување на учениците со родителите во странство. Лани заминале 14 ученици, а во учебната 2020/21 година заминале 13 ученици. Тенденцијата на заминување почнува од учебната 218/19 кога заминаа 37 ученици, а наредната 2019/20 учебна година заминаа 27 деца. Досега вкупно 113 ученици се испишале за четири години. Овие бројки значат многу повеќе зашто секој ученик поврзува цело семејство. Конкретно, денеска примив родители кои испишаа 5 ученика, а за неполна недела се веќе 7 испишани ученици поради преселување во странство, вели Јаков.

Советникот за млади во општина Прилеп, Гоце Бумбароски смета дека мора да нсе најде алтернатива на оваа „безизлезна ситуација“.

-Бидејќи и ние наставиците сме родители и секако дека ова е една безизлезна ситуација. Се намалуваат паралелките, а со тоа се намалуваат и можностите да напредуваме како училишта и да создаваме ученици кои во иднина да бидат жители во Македонија и да создаваат вредности заедно со нас, вели Бумбароски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киев објави нови податоци за руските загуби

На 24 ноември, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека бројот на руски жртви од почетокот на инвазијата достигнал 1.641.489 лица.

Киев објави нови податоци за руските загуби

Според овие податоци, само во последните 24 часа руските сили претрпеле 1.848 жртви, пренесува „The Kyiv Independent“.

Кон крајот на минатиот месец, на 29 октомври, Генералштабот извести дека во октомври оваа година се забележани најголемите руски загуби од почетокот на инвазијата.

Загуби во воена опрема

Според истиот извештај, Русија исто така изгубила 12.493 тенкови, 25.952 оклопни борбени возила, 179.084 возила и цистерни за гориво, 52.786 артилериски системи, 2.301 повеќецевни ракетни системи и 1.769 системи за противвоздушна одбрана. На листата на уништена опрема се наоѓаат и 452 авиони, 356 хеликоптери, 3.217 беспилотни копнени возила, 36 бродови и чамци, како и две подморници.

Податоци за украинските жртви

Украинскиот Генералштаб не обелоденува податоци за сопствените загуби, повикувајќи се на оперативна безбедност. Независни западни аналитички центри во своите извештаи наведуваат дека руските загуби значително ги надминуваат оние на Украина. Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) проценува дека односот меѓу руските и украинските жртви изнесува приближно 2,5:1 или 2:1.

Во извештајот од јануари оваа година, „CSIS“ процени дека Украина претрпела меѓу 500.000 и 600.000 жртви во периодот од февруари 2022 до декември 2025 година. Од таа вкупна бројка, се проценува дека меѓу 100.000 и 140.000 војници загинале во борбени дејствија.

Украинските официјални претставници ретко зборуваат за конкретни бројки. Сепак, на 4 февруари, претседателот Володимир Зеленски изјави за „Франс ТВ“ дека од почетокот на војната загинале најмалку 55.000 украински војници. Тој додаде дека голем број војници се водат како исчезнати.

Интензивните руски напади со беспилотни летала и жестоките борби значително го отежнуваат извлекувањето на телата на загинатите украински војници. Ваквото извлекување е од клучно значење за потврдување на идентитетот преку ДНК-анализа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: СДСМ поднесува интерпелација за Трајко Славески за Алта банка, бараме одговорност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес - конференција, соопшти дека СДСМ поднесе интерпелација до Собранието за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Филипче: СДСМ поднесува интерпелација за Трајко Славески за Алта банка, бараме одговорност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес - конференција, соопшти дека СДСМ поднесе интерпелација до Собранието за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради скандалот со Алта банка и сериозните сомнежи и отворени прашања за начинот на кој оваа банка влезе на македонскиот финансиски пазар.

Филипче посочи дека по поднесените кривични пријави, неопходно е да се утврди и политичка одговорност за постапувањето на гувернерот, кој сè уште нема дадено одговори на клучните прашања за овој скандал.

„СДСМ поднесува интерпелација за гувернерот Трајко Славески во Собранието. После веќе поднесените кривични пријави, во контекст на што го повикувам обвинителството тоа сериозно да го разгледа, сметаме дека треба да има и политичка одговорност за работата на гувернерот Трајко Славески по повеќе основи. Немаше соодветни ниту логични одговори на Надзорната расправа, нема сè уште одговори од негова страна и на прашањата кои што на овој начин во јавност ги поставуваме“, рече Филипче.

Филипче посочи дека Славески мора да одговори како дозволил влез на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, како бил проверен кредибилитетот на сопственикот Давор Мацура, кој е осомничен за криминал во Србија, и дали биле проверени тековите на парите.

„Како дозволи влез на Алта банка на нашиот финансиски пазар? Како дозволи влез на банката за која што година дена наназад предупредуваме дека е криминална банка, банка во која што се перат пари од криминалниот режим на Вучиќ кој што падна, банка во која што сите српски медиуми укажуваа дека е балканската пералница на пари. На кој начин го проверија кредибилитетот на сопственикот Давор Мацура, кој е сега осомничен за криминал во Србија?На кој начин и дали го проверија потеклото на парите за кои што сега во Србија се истражува дека дури и физички не постоеле, туку дека биле наводно лажни пари во сефовите а дека вистинските биле носени надвор и дека во таа криминална шема освен српската банка се вмешани и ланецот на менувачници со кои што раководи Давор Мацура, единствена банка која што се создала и етаблирала од менувачници. Нема ваква пракса во светот освен во земјите во Јужна Америка каде што се шверцува дрога, ама тоа не е чудно затоа што ова банка е осомничена дека шверцувала дрога и перела пари.“, рече Филипче.

Филипче го отвори и прашање за улогата на премиерот Христијан Мицкоски во целиот случај, откако самиот гувернер призна дека се консултирал со него пред влезот на банката на македонскиот пазар.

„Трајко Славески ќе треба да одговори и за тоа што зборува со премиерот Христијан Мицкоски. Како тоа се консултирал и кои се надлежностите на Христијан Мицкоски официјално во делот на влегување на некоја банка, посебно на ваква криминална кај нас? Што му кажал кога се слушнале? Трајко Славески самиот кажа, се слушнав и се консултирал со премиерот кога Алта банка требаше да влезе на нашиот финансиски пазар“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди дека со ваквото постапување се загрозени парите на граѓаните, компаниите и државните институции, а сериозно е нарушен и интегритетот на Народната банка како независна институција.

„Сето ова го допира прво интегритетот на Народната банка, не може Трајко Славески да се поигрува со оваа сериозна институција, на тој начин што ќе донесе ваква криминална банка кај нас, да се загрози стабилноста на финансискиот сектор и финансиите, парите на граѓаните кои што сега не можат да стигнат до тие средства“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТАВ Аеродроми по третпат ја реализира зелената иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“

ТАВ Аеродроми по третпат ја реализира зелената иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“,  засадени нови 30 дрвја во Општина Илинден.

ТАВ Аеродроми по третпат ја реализира зелената иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“

Вработените на Меѓународниот Аеродром Скопје, заедно со претставници на Општина Илинден, повторно се вклучија во акцијата на ТАВ Македонија за садење дрвја „Садиме денес за одржливо утре“, потврдувајќи ја заедничката посветеност кон заштитата на животната средина.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП групацијата, по третпат ја спроведува својата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ преку која активно придонесува за зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина во општината каде што се наоѓа Меѓународниот Аеродром Скопје.

Во рамки на овогодишната акција, вработените на Меѓународниот Аеродром Скопје, предводени од генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и со претставници на Општината, засадија 30 црвени сливи во Дељадровци, Општина Илинден, во паркот кој денеска со овој чин и официјално беше пуштен во употреба.

Со засадувањето на новите дрвја, ова населено место добива дополнително зеленило, кое во годините што доаѓаат ќе придонесува за почист воздух, побогата природна средина и поквалитетни услови за живот на локалното население.

„Особено ми е драго што нашата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ продолжува и оваа година, потврдувајќи дека грижата за животната средина е долгорочна определба на ТАВ Македонија. Ваквите акции имаат посебна вредност кога зад нив стои заеднички ангажман, затоа сакам да им се заблагодарам на сите наши колеги од скопскиот аеродром кои волонтираа, како и на градоначалникот и вработените во Општина Илинден за поддршката и партнерството. Верувам дека грижата за животната средина се покажува преку дела, а ваквите заеднички иницијативи се можност да придонесеме за промени што ќе имаат вредност и во годините што доаѓаат. Вистинската вредност на овој чин ќе се почувствува и ќе се цени уште долги години служејќи како траен подарок за идните генерации“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Преку ваквите иницијативи се цели кон создавање почиста, позелена и поздрава општина, но и кон подигнување на свеста кај населението за значењето на заштитата на природата. Изразувам благодарност до сите општествено одговорни компании кои донираа садници за поддршката и придонесот во реализацијата на еколошката акција, истакнувајќи дека соработката меѓу локалната самоуправа, приватниот сектор и граѓаните е од особено значење за создавање подобри услови за живот. Со заеднички ангажман и континуирани активности, Општината останува посветена на обезбедување на почиста и позелена животна средина за сегашните и идните генерации, рече Александар Георгиевски, градоначалник на Општина Илинден.

Со реализацијата на оваа иницијатива трета година по ред, ТАВ Македонија ја потврдува својата посветеност кон одржливото работење и градењето долгорочни партнерства со локалните заедници. Преку конкретни еколошки активности, компанијата вложува во почиста и позелена животна средина денес, со цел да остави поздрава и поодржлива околина за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер