Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема - Канал 5

Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема

Од 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема

Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема за моторни возила кои не надминуваат 3 500 килограми се: зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

- За моторни возила со погон на четири тркала (4x4): зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 милиметри, пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина, се наведува во соопштението.

За моторни возила кои надминуваат 3 500 килограми потребни се: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 милиметри, пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

- Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карлеуша повторно остана без профил на Инстаграм

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша најави дека ќе поднесе тужба против „Мета“ откако нејзиниот профил на „Инстаграм“ повторно ѝ беше изгаснат. 

Карлеуша повторно остана без профил на Инстаграм

При доаѓањето на снимањето на телевизиско шоу – видно незадоволна што овој проблем, како што тврди таа, се повторува на секои 15-тина дена – таа изјави дека трпението ѝ е при крај. Исто така, откри дека веќе стапила во контакт со адвокати во Германија.

Според порталот „Српскаинфо“, повикувајќи се на „Пинк.рс“ (Pink.rs), пејачката смета дека нејзините права на оваа платформа се сериозно прекршени.

„Ова е приказна што се повторува на секои две недели... Мислам дека дефинитивно ќе морам да поднесам сериозна тужба против ’Мета‘; тоа е мојот нов правен чекор во борбата за моите права, кои се грубо прекршени. Оставете ми мене да го решам ова на свој начин“, изјави Карлеуша.

Зборувајќи за тоа зошто не одлучила порано да поднесе тужба, таа објасни дека Инстаграм не ѝ бил главен приоритет, но дека моменталната ситуација ги надминала сите граници. – Генерално, Инстаграм не ми е главна преокупација, но ова сега веќе не е ни само безобразно, туку е и смешно. Контактирав сериозна германска адвокатска канцеларија, па ќе видиме до каде ќе отиде работата – изјави Карлеуша.

Овој пат, нејзиниот профил под името „JKentertainmentt“, кој го отвори неодамна, беше затворен. Засега не се знае што точно довело до деактивирање на нејзиниот последен профил.

Проблемите на пејачката со оваа социјална мрежа започнаа на почетокот на 2025 година, кога беше затворен нејзиниот главен профил, кој имаше повеќе од 2,4 милиони следбеници.

Откако повеќе од еден месец немала пристап до својата сметка, во март истата година, таа се нашла во ситуација во која – според правилата на „Мета“ – нејзиниот профил бил пред трајно бришење.

Иако во меѓувреме отворила нова сметка, во јуни минатата година накратко се вратила на својот стар профил; сепак, до почетокот на јули, тој повторно бил исклучен – наводно поради голем број пријави, конкретно од ботови. Потоа, на својот роденден, 17 август, Карлеуша отворила нов профил. Сега, по исклучувањето на сметката „JKentertainmentt“, таа најавува правна битка против технолошкиот гигант.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаник Синер официјално се повлекува од Австралија Опен, го чека голем пад на АТП

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да игра на Австралија Опен, објавија организаторите.

Јаник Синер официјално се повлекува од Австралија Опен, го чека голем пад на АТП

Синер нема да игра на првиот Гренд слем турнир во 2027 година, бидејќи се опоравува од неодамнешната операција на десното колено.

„Редовно сме во контакт со тимот на Јаник Синер и тие потврдија дека тој нема да биде со нас на Австралија Опен во јануари по неговата неодамнешна операција. Јаник обожава да се натпреварува тука во Мелбурн и со нетрпение очекува да се врати на Австралија Опен во 2028 година. Му посакуваме се најдобро во закрепнувањето и со нетрпение очекуваме наскоро да го видиме повторно на теренот“, изјави за АП извршниот директор на Тенис Австралија, Ендру Абдо.

Иако има заштитен ранкинг кој му овозможува задржување на местот во главните ждрепки на најголемите турнири, тој ќе продолжи да паѓа и да губи поени на АТП листата.

Тој веќе е на второто место зад Саша Зверев, а бидејќи има 7.950 поени, само прашање на денови е кога ќе му го препушти второто место на Алкараз.

Минатата сезона, тој доби 800 поени за полуфиналето на Австралија Опен, потоа во Доха доби уште 100 за четвртфиналето, а ги освои Индијан Велс и Мајами. Тоа се вкупно 2.900 поени што сигурно ќе ги изгуби на почетокот на следната година и ќе изнесуваат околу 5.000 поени. Знаеме дека Бен Шелтон би можел да го стигне со неговиот моментален резултат, а Даниил Медведев не е далеку зад него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за правосудниот испит: Доставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислење

Доставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислење кое е задолжително за преговорите со ЕУ, претходно 20 години никој не барал решение .

Мицкоски за правосудниот испит: Доставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислење

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања во врска со полагањето на правосудниот испит истакна дека се чека мислењето од Венецијанската комисија бидејќи врз основа на тоа мислење треба понатаму да се постапува затоа што мислењето на комисијата треба да се почитува согласно преговарачкиот процес за ЕУ, воедно изрази жалење што никој во изминатите 20 години претходно не сакал да најде решение за ова прашање.

„Она кое што е доставено до Венецијанска комисија е материјал во форма на закон за кој бараме мислење и чекаме Венецијанската комисија да даде мислење. Откако тоа мислење ќе биде готово, тогаш ќе носиме одлука што понатаму, но прво да го сочекаме мислењето на Венецијанската комисија, затоа што не знаеме дали ќе се најде законот во Собрание ако мислењето е негативно. Тогаш ќе треба и вие да го прифатите“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Скендер Реџепи.

Премиерот Мицкоски додаде пак дека доколку пак мислењето на Венецијанска комисија е позитивно врз основа на предлогот, тогаш ќе треба да го прифатат сите вклучително и пратеникот Скендер Реџепи, бидејќи не сака да верува дека современ пратеник не сака да почитува мислење на Венецијанска комисија која е дел од преговарачкиот процес и критериумите кои се дел од француската методологија од 2019 година.

„Да почекаме што ќе биде мислењето и потоа да носиме одлуки што ќе биде понатаму Досега процесот се водеше многу транспарентно, јас жалам што повеќе од 20 години во кои имало разни министри од различна етничка припадност, од различна политичка припадност не успеале да го поместат ова прашање, па дури и откако е донесен Законот за употреба на јазиците. Но еве сега дојде време за да разгледуваме некое решение, но за да дојде пред пратениците и истото го браниме заедно со министерот за правда ние ќе треба да го почекаме најпрвин мислењето од Венецијанска комисија“, нагласи премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер