Обвинителството објави колкава казна бара за Бензема за „аферата со секси снимки“

Јавниот Обвинител денеска побара условна казна од 10 месеци против ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема, обвинет за учество во обид за уцена на Матје Валбуена во „аферата со секс снимки“.

Обвинителот побарал и казна од 75.000 евра за францускиот напаѓач.

„Бензема не беше добар Самарјанин кој дојде да помогне, тој дозволи на преговарачите да им дојде крајот и на уценувачите да ги допрат парите“, рече обвинителката Сеголен Марез за време на нејзиното обвинение.

„Тој беше вклучен во овој тим, вклучен во овој проект за обид за уцена поради интимното видео“, рече таа.

Францускиот напаѓач, кој е еден од најголемите кандидати за Златната топка оваа година, е обвинет за учество во обид за уцена. Обвинителите тврдат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на група уценувачи за да ги држат сексуално експлицитните снимки подалеку од очите на јавноста.

Уценувачите првично се обратиле до поранешниот француски репрезентативец Џибрил Сисе за да го убедат Валбуена да плати пари за молчење. Наместо тоа, Сисе го предупредил на изнуда, рекол Валбуена. Наводните уценувачи потоа го ангажирале Бензема да го охрабри Валбуена да плати за молкот.

Против четворицата други обвинети, кои во овој случај се гонат за обид за уцена, јавниот обвинител побарал условни казни од 18 месеци до четири години затвор.

Обвинителството побарало четири години затвор и парична казна од 15.000 евра за Мустафа Зуауи, кој се смета за „мозок“ на целата афера. Пријателот на Бензема од детството, Карим Зенати е осуден на две години затвор и парична казна од 5.000 евра, а Аксел Ангот е осуден на 18 месеци затвор и парична казна од 15.000 евра. Против посредникот Јунес Хаус се барала условна затворска казна од 18 месеци и парична казна од 5.000 евра.

Откако целиот случај заврши во медиумите во 2015 година, францускиот селектор Дидие Дешамп ги исфрли двајцата од националниот тим. Валбуена после тоа повеќе не играл за триколорите, додека Бензема летово повторно играл за актуелниот светски првак на ЕП.

Француската фудбалска федерација (ФФФ), која била граѓанска партија во овој случај, го поздравила потегот на Валбуена, „првиот играч кој имаше храброст да каже не, да се спротивстави и да се жали“.

Матје Валбуена денеска не присуствувал на судењето, вчеера го напуштил Версај и отпатувал за Франкфурт, каде вечерва неговиот Олимпијакос го игра натпреварот од Лига Европа против Ајнтрахт.

„Оваа операција претставува намерен обид за уцена, кој ќе беше успешен да не беше храброста на Валбуена и извонредната трудољубивост на полицијата. Некој би помислил дека тоа е лоша мафијашка серија“, рече адвокатот на Валбуена.

Карим Бензема не присуствувал ниту на едно од рочиштата, а се очекува судот утре да ги изрече казните.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер