Oбраќање на Али Ахмети за првиот Албанец премиер

Се има свој почеток, Се започнува со еден сон. Сите ние имаме свои сништа, за нашите деца, за нас, за земјата.

Ние Албанците сонувавме за слобода, за рамноправност и се боревме овој сон да стане реалност.

Кога веруваме во нешто, ние сме спремни да жртвуваме се.

Како Албанци, ние секогаш знаеме како да се обединиме за заедничките цели, кога тоа било важно и одлучувачки, за време на војната, за време на кризата и за време на нашите постојани напори за рамноправност и интеграција.

Ова е причината зошто ние заедно постигнавме многу во нашата историја како Албанци во С. Македонија.

Охридскиот Договор се спроведува. Албанскиот јазик веќе има рамноправен и службен статус исто како и нашето знаме. Преспанскиот Договор е потпишан и Уставот е изменет. Ние сме полноправна членка на НАТО и преговараме за членство во Европската Унија.

Денес, повеќе од било кога, Албанците предводат раководни позиции како претседатели на Врховен и Уставен Суд, Министри за Одбрана и Внатрешни работи заедно со клучни државни институции како и Претседателот на Собранието.

Но сепак, ова не е доволно. Сега е време сонот да продолжи. Време е за поголеми сништа, затоа што дојде време да постигнеме повеќе.

С. Македонија е наша земја. Земја за која сме се бореле.

Ние имаме еднакво право во нејзината историја, наследство, економија и во иднината на нашата земја.

Сега е време за потполна рамноправност, за превземање на одговорноста за раководење!

Време е за првиот Премиер Албанец во С.Македонија!

Некои можат да ја наречат оваа идеја неостварлива. Некои можат и да ја потсмеват нашата доверба во остварување на сонот на многу Албанци. Сепак, и тоа е добро. Кога некој ти го одрекува сонот, те поттикнува да работиш уште повеќе за да го оствариш.

Кога сонувавме за слободата во 2001 година, истата категорија на луѓе, исто така се потсмеваа и го кренаа белото знаме. И, ако само пред неколку години ќе им речевме дека ќе дојде време кога Претседателот на Собранието на С.Македонија ќе биде Албанец, многумина од нив немаше да поверуваат, како што не веруваат ниту денес.

Сигурно многу луѓе исто така немаше да веруваат дека Албанскиот јазик ќе биде службен јазик во С.Македонија, или дека знамето слободно ќе се вее и дека ќе имаме три Универзитета на Албански јазик. Но ние, неколкумина од нас кои се осмелија да тежнеат остварување на соништата, знаевме дека ќе успееме. Ние ова го постигнавме заедно. Како ќе го направиме тоа и сега.

Заедно, ние ќе ја напишеме историјата за да ја изградиме иднината. Заедно можеме да му покажеме на светот дека нашата земја навистина може да стане општество во кое сите можат да ги остварат нивните сништа и да се чуствуваат рамноправни. Во држава каде еден Албанец или Албанка може да стане Премиер и да биде достoен предводник кој ќе гарантира доживотно партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Ова е тоа што сакам да им го овозможам на нашите деца и нашите внуци: Довербата дека ние можеме да постигнеме се што сонуваме.

И за ова, треба да се обединиме!

Оваа идеја е поголема од секоја партија и секоја личност. Ова идеја не се однесува на ДУИ и секако најмалку се однесува на мене лично. Јас сум тука за да му го продолжам животниот век на процесот, да го предводам концептот, да станам мост и да го трасирам патот создавајќи околности за остварување на сонот, а останува на Вас да го спроведете. Јас сеам за Вие да жнеете. Јас сонувам за Вие да остварувате. Јас ќе бидам храбар за Вие да го доживеете тоа.

Кога сме заедно, сме посилни.

Ова е национална Албанска кауза. Ова е нашиот национален сон. Сонот на потполната рамноправност, сонот на едно општество што зборовите ги спроведува во дела.

Првиот aлбански pремиер ќе биде Премиер на сите. Премиер на рамноправост: еднакви работни места, еднакви плати. Премиер на еднаквите права и на неселективната правда. За Албанците и за сите. Првиот премиер Албанец ќе раководи нова генерација на политиката, претставувајќи еднакво општество и предводејќи ја С.Македонија кон побогата иднина како земја членка на НАТО и на Европската Унија.

Премиер кој обединува и ќе започне нова епоха не само во Албанската историја, туку и во таа на С. Македонија, дури и во Европската историја.

Сега е време. Време е да се обединиме, време е повторно да дејствуваме заедно.

Ова е повик до сите Албански партии и сите граѓани Албанци и други, за да ја поддржат нашата кауза, која е поголема од сите нас.

Сега е време заедно да ја создадеме историјата. Не е само сон, ова е наша можност.

Ова е наша можност да градиме ново општество во кое нашите деца ќе постигнат се што ќе сонуваат.

Време е за првиот Премиер Албанец во С. Македонија.

За нас, за нашите деца и за нацијата.

Не ја пропуштајте храброста да сонувате, не ги гасете Вашите сништа, верувајте во себе и соништата ќе се остварат.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и се обрати на нацијата со порака околу идејата за избор на прв албанец за премиер на Република С.Македонија.

Мицкоски: Власта на ДУИ и СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминува во опозиција

Имаме во првиот круг историска разлика од 183 илјади гласа предност во однос на кандидатот Стево Пендаровски. 

Идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова има повеќе од двапати повеќе гласови од тоа што освоил Стево Пендаровски и тоа е нешто кое што е многу важно. Да бидам уште попрецизен, како коалиција „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ имаме освоено во првиот круг претседателски избори за 20% повеќе гласови од збирот на гласовите на владините кандидати. Ние имаме 360, а тие имаат 300 илјади гласа, што значи дека владата е делегитимирана. Владата која што е составена од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ е делегитимирана и после 8 мај заминуваат во опозиција, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Градско.

Мицкоски исто така истакна дека оваа огромна победа истовремено е и огромна одговорност и затоа новата влада на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после 8 мај ќе треба да ги засука ракавите и да испорача тоа што го ветува пред македонскиот народ.

„Оваа голема победа е и одговорност. Народот очекува брзи резултати и немаме време за изговори. Веднаш после 8 мај ќе треба да ги засукаме ракавите за најпрвин да ја формираме владата и веднаш да почнеме да испорачуваме тоа што сме го ветиле пред народот, пред граѓаните. Но, она што е важно и што сакам да го споменам е фактот дека полека но сигурно Македонија и народот македонски, граѓаните во Македонија се чувствуваат слободни и полека надежта се враќа. Тоа е амбиентот, таа е емоцијата која што ја чувствувам овие два дена каде и да одам низ Македонија“, потенцираше Мицкоски.

Тој потенцираше дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е изготвена заедно со граѓаните и резултатите од реализацијата на истата ќе се почувствуваат веднаш после 8 мај.

Она што сакам да го кажам е дека многу внимателно ја креиравме програмата наречена „Платформа 1198“ која што заедно со народот изминативе месеци ја креиравме таа програма многу внимателно без чуда, секаде тоа го зборувам, чуда се невозможни, а ние не сме чудотворци. Многу внимателно сакавме тоа што е дел од таа програма веднаш да го почувствувате, веднаш да почувствувате брзи резултати, без изговори и без да зборуваме претходниците беа лоши. Сите вие знаете дека не беа лоши, беа катастрофални и најлоши досега, немало полоши“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Сакаме веднаш, од првиот ден да почнеме жестоко да работиме и затоа тоа што е таму ветено, верувајте дека ќе биде реализирано до последната буква, до последната точка“, се наведува во партиското соопштение.

Бобан Илиевски ќе се бори за светска титула против Турчинот Дузенли во СЦ „Јане Сандански“

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе се бори за светската титула против актуелниот „ВАКО“ шампион, Берк Дузенли од Турција.

Гала настанот „ВАКО ПРО АФН 9“ почнува во 19 часот, а организатор е Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, а ова е прв од ваков вид професионален кикбокс меч кај нас, со тоа што главната борба на вечерта ќе биде за титулата професионален светски првак на WAKO PRO организација во дисциплината К1 RULES, во која актуелниот светски и европски ВАКО аматерски шампион и добитник на признанието спортист на годината во Македонија, објави Спортманија.

Илиоски ќе се соочи со актуелениот светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES во категоријата до 88.6 кг, со Дузенли.

Исто така, на еден од мечевите вечерва ќе настапи и нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален WAKO PRO меч.

Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија

Најпрво сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка и да ви честитам на сите за победата. 

Затоа што оваа победа не е само на ВМРО-ДПМНЕ, туку победа на целиот македонски народ кој се обедини промени, за да си ја врати државата назад. Ве сте силата на Македонија, вие сте гласот на промените и надежта на оваа парче земја, вели Драган Ковачки носител на изборната единица 3 на денешниот митинг во Градско во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Ковачки истакна дека народот им го зададе ударот на СДС и ДУИ на 24 април, а веднаш потоа ќе им го зададе на 8 мај, посочувајќи дека по победата следува трет удар а тоа е одговорност за сите криминали и штети кои власта ги нанела на народот и Македонија.

Но, една добиена битка не значи опуштање. Туку значи уште поголемо обединување, заедништво, сплотеност и работа. Првиот удар го зададовме на 24 април, следува вториот удар со победа на 8 мај, а потоа следува трет удар. Третиот удар значи одговорност. Одговорност за сите криминали. Одговорност за целокупното предавство кое што го направија на Република Македонија, рече тој.

Ковачки посочи дека граѓаните на 24 април покажале дека никој не може да си игра со народот, укажувајќи дека СДС не е само противник на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на македонскиот народ за кои што рече дека е достоинствен, работлив и чесен.

Вие покажавте дека со народот никој не смее да си игра. Покажавте дека овој македонски народ е достоинствен, работлив и чесен. Покажавте дека ја сакате Македонија повторно горда и во вашите раце, затоа што вие сте суверенот на неа. Само вие, а не оние неколкумина од ДУИ и измеќарот СДС, рече тој и додаде.

СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и ваш противник, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба на Али, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив со неговото молчење ги охрабруваше што повеќе да грабаат, што повеќе да украдат и што повеќе да ја понижат Македонија.

Ковачки порача дека 8 мај е историски ден.

Работата не е завршена и нема опуштање, пред самото финале сме. Не смееме да се предадеме, затоа што сме на само еден чекор сме до историска промена и до конечно враќање на Македонија во вашите раце. 8 мај е историскиот ден.

Ковачки објасни дека СДС се разлутени и гневни на граѓаните поради поразот и во следниот период нема да бираат средства и методи за да ги заплашат, но им порача на граѓаните да не се плашат, нагласувајќи дека македонскиот народ никогаш не се плашел.

Прво се обидуваа да ве убедат дека ги сфатиле грешките и дека овие избори им се поправен испит. Но, ви кажав и тогаш, ви кажувам и сега, лажат. ЛАЖАТ!!! Не им верувајте. Не ја сакаат победата за да се поправат, туку за повеќе да украдат, за своите семејства да живеат во луксуз и да се обезбедат за идните генерации, додека вие осиромашувате, додека економијата крахира и додека Македонија тоне во криминал и корупција. А сега после нивниот пораз, се повеќе се гневни, полни со бес кон сопствениот народ, во вас гледаат разлутено затоа што ги казнивте, и затоа можно е следниот период да не бираат ниту средства, ниту пак методи со кои ќе се обидат да ве заплашат и да ве предомислат. Но, нема веќе заплашување. Овој македонски народ никогаш не се плашел, нема ниту сега. ВМРО-ДПМНЕ е партијата на народот, која секогаш застанува против секој еден кој се соочил со неправда од страна на власта, изјави тој.

Во однос на проектите Ковачки додаде дека визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја трансформира Македонија напред преку реализација на проектите од Платформата 1198.

Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава. Промените се во вашите раце и вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Вие ја давате и одземате довербата. Затоа ве замолувам за огромна поддршка и доверба од ваша страна, ве замолувам за сплотување, за обединување, за масовна излезност. Разговарајте со секој еден и подадете рака на сите. Силата на ВМРО-ДПМНЕ во вас, народот. Ние сме партија која помага, работи и која покажала како треба да се води Македонија. Сме покажале што значат нови проекти, реформи и визија. Имаме план за секоја општина, се обврзуваме на целосна трансформација на Македонија, објасни тој.

За општина Градско, Ковачки рече дека Платформа 1198 предвидува:

Завршување на изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, во должина од околу 33 километри. Проектот ќе се реализира во три фази, Градско – клучка Дреново (15.5 километри). Потоа втора фаза од Фаришка до Дреновска Клусура (10 километри) и трета фаза проширување на патната делница од Прилеп до мостот на Ленишка река и изградба на трета лента на патната делница од село Беловодица – Каменолом Маврово околу 7.5 километри. Реконструкција на мостот на река Вардар кај село Уланци, реконструкција на 8ми Септември во Градско, подобрување на квалитетот на услугите за водоснабдување во Градско и многу други проекти кои значително ќе го подобрат вашиот живот.

Ковачки ја побара поддршката од граѓаните и масовна излезност со заокружување на бројот 2 за Силјановска Давкова за претседател на Македонија, и нова влада предводена на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние се што ветуваме пред вас, се обврзуваме да го исполниме. Платформата 1198 значи решавање на проблемите, затоа што во неа има проекти за сите граѓани. Мораме да ја трансформираме Македонија напред кон нови победи и кон нови успеси. Но ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, кажа Ковачки и порача дека на 24 април народот го делегитимира СДС и ДУИ, а на 8 мај ќе го срози.

На 24 април го делегитимиравме Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ, Спасовски, Зечевиќ, Битиќи, Али, Груби, Османи, Бектеши и баграта околу нив. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер