Облачно со повремени врнежи од дожд и значително посвежо - Канал 5

Облачно со повремени врнежи од дожд и значително посвежо

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. 

Облачно со повремени врнежи од дожд и значително посвежо

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.

Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со брзина од над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне и ќе дбиде во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје че биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 24 степени Целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза.

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени.

Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија.

Кризата со откупот се зголемува. Две млекарници во делчевскиот регион веќе најавија прекин на откупот на млеко, со што голем број производители остануваат без пласман за своето производство и без сигурност за сопствената егзистенција.

Сточарите трпат загуби, а валаста дозволи големите фирми профитираат од високите малопродажни цени на млекото и млечните производи. Дополнително две недели се крие кои се фирмите чии млечни и месни производи отстапуваат од декларираните состојки.

Мицкоски и Трипуновски за две години го доведоа земјоделството до целосен колапс.

Бараме итна реакција за да се обезбеди непречен откуп на млекото и да се спречи дополнителна штета.

Власта преку интервентната програма веднаш да воведе посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко, за да се ублажат последиците од кризата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче и СДС сакаат уставни измени, 80% од граѓаните се на ставот за достоинствен евроинтегративен пат

СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче и СДС сакаат уставни измени, 80% од граѓаните се на ставот за достоинствен евроинтегративен пат

Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции.

Со ова, Филипче и СДС покажаа уште еднаш дека за нив, важно е само да се биде на власт, па дури и тоа да им се оствари преку нови национални предавства и обезличувања на Македонија.

Граѓаните препознаваат дека секогаш приватниот интерес за СДС е поважен од државниот. Тоа го потврдија неколкупати на избори, а бројките велат дека над 80% граѓани не смеетат дека барањата на Бугарија за внесување на Бугари во Устав не треба да се прифатат.

Единствен кој ова го поддржува е Филипче. Зошто Филипче продолжува да инсистира да се случат овие измени?

Ставот на Бугарија околу ова прашање е цврст, јасен и не е променет.

Ставот на македонскиот народ е исто така јасен. Граѓаните не сакаат Македонија да биде во ЕУ по секоја цена. Јавното мислење околу ова се сведува на Македонија во ЕУ, да, но со достоинство, интегритет и идентитет.

Македонија заслужува да има достоинствен евроинтегративен пат, а не редефинирана историја и ново национално предавство за да може Филипче и неговиот најтесен круг повторно да се богатат на грбот на народот.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски на работна посета во Истанбул

Денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, каде ќе учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави, информираат од неговиот кабинет.

Премиерот Мицкоски на работна посета во Истанбул

Во состав на владината делегација ќе бидат и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, како и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски.

На форумот ќе учествуваат високи владини претставници, стопанственици и инвеститори од двете земји, а фокусот ќе биде ставен на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, привлекување нови инвестиции, унапредување на инфраструктурното поврзување, енергетската соработка и развојот на заеднички проекти од стратешко значење.

Во рамки на програмата предвидени се тематски панели посветени на трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување, како и на инфраструктурата, логистиката и инвестициите, на кои ќе учествуваат членовите на македонската владина делегација.

Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на Бизнис форумот, која ќе започне денес напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер