Царинска управа: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица
1Царинска управа: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица
3СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
Шоу бизОбјавено видео од апсењето на Џастин Тимберлејк поради возење во пијана состојбаВидеото, според „Скај њуз“, го прикажува американскиот поп-пејач како се бори да ги заврши тестовите за трезвеност наредени од полицајците, вклучувајќи одење во права линија и стоење на една нога.Снимка од апсењето на американскиот пејач и актер Џастин Тимберлејк, кој беше запрен од полицијата во Саг Харбор, Хемптонс, во јуни 2024 година под сомнение дека возел под дејство на алкохол откако, според полицијата, го прекршил знакот „стоп“ и скршнал од својата лента, беше објавена денес. Видеото, според „Скај њуз“, го прикажува американскиот поп-пејач како се бори да ги заврши тестовите за трезвеност наредени од полицајците, вклучувајќи одење во права линија и стоење на една нога. „Ова се навистина тешки тестови“, рече Тимберлејк за време на тестот. Полицијата претходно соопшти дека пејачот бил запрен откако поминал на знак „стоп“ во центарот на градот, скршнал од својата лента и излегол од своето БМВ, каде што наводно мирисал на алкохол. Тимберлејк им рекол на полицајците дека испил мартини и дека ги следел пријателите до нивните домови во градот, кој се наоѓа на околу 160 километри источно од Њујорк, пренесуват медиумите. Адвокатите на Тимберлејк претходно се обидоа да го блокираат објавувањето на снимката на суд, тврдејќи дека тоа „страшно би ја нарушило“ неговата приватност со откривање на „интимни, лични и чувствителни детали“ и би предизвикало „сериозна и непоправлива штета“ на неговиот углед преку „јавно исмејување и вознемирување“. Сепак, во петокот, тие признаа дека снимката „не претставува неоправдано нарушување на приватноста“ според Законот за слобода на информации и се согласија дека може да биде објавена. Тимберлејк се изјасни за виновен во септември 2024 година за прекршочна обвинение за возење под дејство на алкохол. Cops RELEASE #Timberlake's ARREST footage STRUGGLING through sobriety test#Justin taken away in handcuffs after refusing breathalyzer — reports 2024 arrest in #SagHarbor, NY footage from TMZ, report by Page Six pic.twitter.com/YQhx8e3txh — Mahalaxmi Ramanathan (@MahalaxmiRaman) March 21, 2026 Тагови: Џастин Тимберлејк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку БогородицаЧетири милиони денари вреден златен накит, што тетовчанец, сопственик на златара, се обидел да го кримчари во перница за врат, е запленет од царински службеници на граничниот премин Богородица. Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Кривичното дело е откриено при контрола на автобус, кој сообраќал на релација Истанбул - Гостивар. На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниту еден од патниците не пријавил стока за царинска контрола, по што е извршен детален преглед. Притоа, во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот, се откриени 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама. Во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека лицето, откако го купил златниот накит од златарска работилница во Истанбул, имало намера нелегално да го пренесе во државава и да го продава во својот златарски дуќан. Царинската управа продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот кругВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, СДС на чело со Филипче е декласиран со 4 спрема 1.ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДС победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови. СДС и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДС според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДС се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. На СДС им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело. И покрај дебаклот во низа на СДС, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДС и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжуваДодека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин. Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос. Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф. Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување. ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување. Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка. Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта. За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици. Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга. Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места. Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи. Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството. Клековски треба да поднесе оставка. Скопје, 20.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16