3Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
Шоу бизОбјавени се првите сцени од новиот „Секс и град“, фановите одушевени од Кери и Ѕверката (ВИДЕО)Се појавија првите видеа од новите епизоди од серијата „Сексот и градот“, наречени And Just Like That.HBO објави трејлер за новата содржина што доаѓа на платформата во неделата по доделувањето на Еми наградите, вклучително и And Just Like That. Во само неколку секунди од трејлерот посветен на популарната серија, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис се прикажани како мавтаат кон некого во далечина. Сите три се облечени беспрекорно. Потоа, Кери и Ѕверката (Крис Нот) се прикажани како се гушкаат додека се во кујна. Исто така, во дел од секунда е прикажан еден од нивните бакнежи. „Дали дополнително ги старееја?“, „Повеќе како златни девојки“, „Имам чувство дека одеднаш се стари, но барем не се ботоксираат“, „Смешни се“, се само некои од коментарите. a first small teaser of sex and the city’s revival, ‘and just like that..’ pic.twitter.com/WH4WByyl3V — out of context sex and the city (@andjustlike) September 20, 2021 За потсетување, получасовната серија од 10 епизоди ќе ги следи Кери, Миранда и Шарлот додека се движат по патот од комплицираната реалност на животот и пријателството во триесеттите до уште посложената реалност на животот и пријателството во педесеттите години. Меѓутоа, не се враќа Ким Катрал како Саманта Џонс, откако јавно изјави дека завршила со серијата. View this post on Instagram A post shared by SJP (@sarahjessicaparker) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сценаПретставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ. Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа. Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката. Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земјиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка. Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување. На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот. Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа. Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство. Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот. Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски. Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook