1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
АвтомобилизамОбјавена е листата на седумте финалисит за Автомобил на годината 2025 (ФОТО)Веројатно најпопуларниот и најценетиот избор за Автомобил на годината влегува во завршна фаза.Прес-изборот за Европски автомобил на годината, попознат како Автомобил на годината, го намали изборот од 42 на само седум финалисти. За победникот ќе одлучува жири составено од 60 автомобилски експерти од 23 европски земји. Финалистите на овогодинешниот натпревар по азбучен ред се: • Alfa Romeo Junior • Citroën C3/ë-C3 • Cupra Terramar • Dacia Duster • Hyundai Inster • Kia EV3 • Renault 5 / Alpine A290 Помеѓу овие автомобили се избира победник и ќе биде објавен на 10 јануари следната година на Саемот за автомобили во Брисел. Секој член на жирито ќе има можност да го тестира секој од болидите во следните осум недели. Потоа на располагање има 25 бода кои мора да ги подели меѓу финалистите. Еден од условите е еден модел да може да добие најмногу 10 поени. Да потсетиме, титулата минатата година ја освои Renault Scenic, кој победи на последното гласање против уште шест други кандидати. Најмногу гласови доби Renault со 329 поени, победувајќи го BMW Серија 5 со 308 поени, а по него е Peugeot 3008 со 197 поени. Четвртото место го освои Kia EV9 (190 поени), петтото Volvo EX30 (168 поени), шестото BYD Seal (131 поени), а седмото Toyota C-HR со 127 поени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНабавени се 3.300 нови контејнери за почисто и поуредно СкопјеПотпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, со што започнува една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите години, насочена кон унапредување на системот за собирање и управување со отпад во Скопје.Набавката има за цел да придонесе кон почисти населби, намалување на отпадот околу контејнерите, поефикасно и навремено празнење, како и подобрување на условите за работа на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. За споредба, во изминатите 12 години биле набавени околу 1.300 контејнери, бројка која не ги задоволува потребите на главниот град. Недостатокот на соодветна опрема резултираше со преполни и оштетени контејнери, наталожен отпад околу нив и нарушување на комуналната слика во повеќе населби. Со актуелната набавка, значително се зголемува бројот на расположливи контејнери и се создаваат услови за поефикасно функционирање на системот за собирање отпад. Особено значајно е што новите контејнери се набавуваат по цена од 9.600 денари по парче, додека претходно набавуваните контејнери биле по цена од над 18.000 денари по парче. Ова претставува значително поекономично искористување на средствата, особено имајќи ги предвид глобалните ценовни движења и зголемените трошоци за набавка на материјали и опрема. Набавката на 3.300 нови контејнери е дел од пошироките активности за модернизација и подобрување на работата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, по набавката и на нови возила за претпријатието. Чекор по чекор се создава пофункционален и поефикасен систем за управување со отпадот, со цел Скопје да биде почист, поуреден и достоинствен град за сите граѓани. Фокусот останува на решавање на наталожените проблеми, подобрување на комуналните услуги и одговорно управување со средствата на граѓаните, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКанцеларот Мерц се огласи по дебаклот на изборите: Многу болиГерманскиот канцелар Фридрих Мерц, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската покраина Саксонија-Анхалт, изјави дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонско потресување“.Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската покраина Саксонија-Анхалт, изјави дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонско потресување“ на партискиот систем и предупреди на можноста за формирање „десничарска екстремистичка влада“ во покраината. На состанокот на федералното претседателство на CDU, Мерц рече дека неговата партија мора сериозно да се соочи со изборниот пораз и да признае дека не успеала да најде „емоционален пристап“ кон граѓаните или да ја обезбеди нивната поддршка, објави Bild. „Ова ја потресува нашата партија до темел. Не можеме да продолжиме како ништо да не се случило, ниту јас ниту федералната влада“, нагласи Мерц. Тој оцени дека CDU „драматично ги загубила“ изборите, кои, според него, претставуваат „длабока пресвртница“ за партијата. Германскиот канцелар нагласи дека CDU мора отворено да разговара за проблемите, но и да го одржи единството, предупредувајќи ги членовите да не ѝ штетат на CDU со давање јавни изјави против партијата. Мерц оцени дека целта на АфД е „целосно уништување на ЦДУ“ и повтори дека „нема соработка“ со таа партија, наведувајќи дека ЦДУ цврсто останува на политичките темели на поранешниот германски канцелар Конрад Аденауер, основач на ЦДУ и поранешен германски канцелар Хелмут Кол. Поразот на ЦДУ го коментираше и премиерот на Саксонија-Анхалт Свен Шулце, кој рече дека е „крајно разочаран“ од резултатот. Според него, кампањата била „крајно тешка“, додека АфД, како што тврди, користела различни методи и водела кампања со невидена сериозност, која успеала да мобилизира голем број граѓани кои претходно не гласале. „Многу боли, но мора да го прифатиме“, рече Шулце. Алтернативата за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, вчера оствари убедлива победа на покраинските избори во германската покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 проценти од гласовите, но не успеа да освои апсолутно мнозинство, додека Христијанско-демократската унија (CDU) на покраинскиот премиер Свен Шулце претрпе тежок пораз и заврши на второто место со само 17,2 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени од изборната комисија преку ноќ. Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 проценти од гласовите на изборите во недела - барем двојно повеќе од 20,8 проценти што ги освои на изборите во 2021 година, CDU сега има 17,2 проценти од гласовите, во споредба со 37,1 процент на претходните избори, а Социјалдемократската партија на Германија (SPD) доби 9,3 проценти од гласачите, во споредба со 8,4 проценти, објави Билд утрово. AfD, според прелиминарните резултати, повеќе од двојно го зголеми својот удел во гласовите, од 20,8 проценти во 2021 година на 43,8 проценти, што е најдобриот резултат што една партија го постигнала на покраински избори во Германија во последните десет години. Излезноста беше 77,8 проценти, во споредба со 60,3 проценти во 2021 година, што е највисока излезност во Саксонија-Анхалт од повторното обединување на Германија.Тагови: изборите Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалУЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска објави дека пред претстојните натпревари од првото коло на Лигата на шампионите ќе се одржи минута молчење во спомен на загинатите во поплавите во Непал.Натпреварите од првото коло на Лигата на шампионите ќе се играат од вторник до четврток. „Како знак на солидарност и поддршка, пред почетокот на сите натпревари од Лигата на шампионите ќе биде одржана минута молчење и ќе биде истакнат транспарент на кој ќе пишува: „Не си сам, Непал“, соопшти УЕФА. Според најновите бројки, повеќе од 1.300 луѓе загинаа во поплавите во Непал, кои ја погодија земјата на 26 август, додека околу 5.000 се водат како исчезнати. „Целото европско фудбалско семејство е обединето пред натпреварите што се играат оваа недела за да изразиме најдлабоко сочувство и поддршка до народот на Непал. Им посакуваме сила и упорност да се опорават од оваа голема трагедија и нејзините последици“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook