Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана
1Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана
МакедонијаОбјавен огласот за продажба на блиндираниот „Мерцедес“Од денеска, па во наредните десет дена, сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица можат да поднесат пријава до Службата за општи и заеднички работи на Владата за учество на јавното наддавање за блиндираниот „Мерцедес-Бенз С 600“.Почетната цена на наддавањето изнесува 14.372.208 денари и е одредена врз основа на направената проценка од стрна на Министерството за правда и Бирото за судски вештачења, а огласот е објавен во денешните изданија на весниците „Нова Македонија“, „Слободен печат„ и „Коха“. - Сериозноста на понудата заинтересираните ја гарантираат со доставување на банкарска гаранција во износ од два процента од проценетата вредност на возилото, односно 287.444 денари, прецизира директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, на денешната прес конференција во Владата. Тој посочи дека дополнителен услов за физичките лица е да бидат деловно способни, да не им е изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари и да ги имаат платено сите даноци и придонеси кон државата. Правните лица, пак, треба да достават и тековна состојба, како и потврда дека не им е изречена казна за привремена или трајна забрана за вршење на дејност. - Заинтересираните лица ќе можат да го разгледаат возилото на 7 март во периодот од 10 до 15 часот на адресата Бул. „Гоце Делчев“ бб во гаражата на објектот на МРТВ. По истекот на рокот за доставување на понуди на 12 март Комисијата ќе има рок од три дена за евалуација на понудите, а јавното наддавање ќе се изврши на 16 март во 10 часот по пат на електронска аукција на интернет страницата на Министерството за финасии. Понудувачот кој ќе достави најповолна понуда во рок од 15 дена од добивањето на известувањето за избор ќе треба да ја уплати сумата преку сметка во банка во Македонија по што ќе се склучи договор за купопродажба во рок од пет работни денови по извршената уплата. Доколку купувачот не ја плати целосната сума договорот нема да се случи, а банкарската гаранција ќе биде активирана, рече Мирчески. Нагласи дека сите давачки кои ќе произлезат околу преносот на возилото и јавните давачки утврдени со закон ќе паднат на товар на купувачот. Дополнителни информмации заинтересираните може да се побараат на електрнската адреса [email protected]. Прашан со што ќе се превезуваат високите делегации кои ќе доаѓаат во земјава по продажбата на „мерцедесот“, Мирчески рече дека за безбедноста на странските делегации е задолжено МВР и додаде дека земјава располага со уште две блиндирани возила кои се во употреба и може да се користат за таа намена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамБМВ подготвува одговор на Г- Класата на Мерцедес (ФОТО)Mercedes G-Class практично нема директен германски конкурент со децении, но тоа би можело да се промени во следните неколку години.Откако се појавија информации дека Audi размислува за развој на робустен SUV кој ќе се натпреварува со G-Class, BMW наводно има слични планови. Иако засега нема официјална потврда од Минхен, во последните месеци се почесто се споменува дека BMW размислува за развој на луксузен SUV кој би можел да се натпреварува со G-Class, но и со Land Rover Defender и идниот модел на Audi. View this post on Instagram A post shared by CAR DESIGN | RENDERINGS (@kelsonik) Добро познатиот дигитален дизајнер Келсоник, чии рендери често се појавуваат во специјализирани медиуми, се обиде да покаже како би можел да изгледа таков автомобил. Рендерите прикажуваат модерен, но сепак многу робустен BMW со исправен став, проширени браници, големи гуми за сите терени и резервно тркало на задната врата. Предниот дел е украсен со помали „бубрези“ на BMW и тенки LED светла, додека целиот автомобил изгледа поелегантно од Mercedes G-Class, но доволно сериозно за возење надвор од патот. Неговиот дизајн е поблизок до новиот Lexus GX отколку до класичен, целосно коцкест SUV. Според авторот на рендерот, големите предни отвори за вентилација би можеле да послужат за ладење на двоен турбо V8 моторот на BMW, кој би се вклопил совршено во таков автомобил. Секако, електричниот погон не е исклучен како опција. View this post on Instagram A post shared by CAR DESIGN | RENDERINGS (@kelsonik) Според досегашните информации, евентуалниот SUV на БМВ би можел да пристигне околу 2029 година, доколку проектот добие конечно одобрение. Во меѓувреме, наводно, Audi работи и на сопствена интерпретација на луксузен SUV, што значи дека G-класата конечно би можела да добие двајца сериозни германски конкуренти по многу години.Тагови: бмв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширанаПо повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби.По повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби, но не и за пиење, ниту пак за подготвување на храна. Ова на прес конференција го кажа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој посочи дека ќе се продолжи со обезбедување на флаширана вода за пиење. „Во координација сме со Општината во делот на сето она кое треба да се преземе понатаму. Сакам лично да изразам благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа и на сите експерти кои помогнаа да дојдеме до оваа фаза, техничка вода. Се надевам до сите одговорни во рамки на опшините, се надевам дека ова ќе биде за памет и дека ќе постапуваат максимално професионално и во делот на квалитетот на водата, затоа што играње со здравјето на граѓаните нема“, рече Тошковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраинците ги нападнаа руските градови Ростов и Белгород- има загинати (ВИДЕО)Украински беспилотни летала го нападнаа рускиот пограничен регион Белгород и градовите во јужна Русија во текот на ноќта, објавија локалните власти и каналите што ги следат воените настани.Оперативниот штаб на регионот Белгород објави на Телеграм дека 12 лица се повредени во Белгород. Во нападот беа запалени станбена зграда и 15 паркирани автомобили. „Покрај тоа, една куќа беше делумно уништена, а неколку станбени згради беа оштетени“, објави штабот. Регионот Белгород се наоѓа по должината на границата со Украина, а градот Белгород е оддалечен само околу 27 километри од североисточниот дел на Украина. Belgorod now 🔥👀 pic.twitter.com/0i3uQCUOe9 — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026 Експлозии и во градот на брегот на Азовското Море Подоцна во текот на ноќта, експлозии одекнаа и во јужниот руски град Ростов на Дон, објави Телеграм каналот Егзиленова Плус. Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин, го потврди украинскиот напад и рече дека една станбена зграда е оштетена. Гувернерот на регионот Ростов, Јуриј Сљусар, рече дека две лица се убиени во градот, додека уште пет се повредени. Тој додаде дека во нападите биле запалени магацини и неколку куќи. Belgorod 🎉🎉🎉🎉 pic.twitter.com/i2Qda0tFGt — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026 „Две лица, брачна двојка, беа убиени во Ростов на Дон. Пет лица беа повредени, од кои двајца во тешка состојба, вклучувајќи и тинејџер. Прозорци беа скршени во неколку куќи, како и на горните катови од станбена зграда и социјален објект“, рече Шљусар. Експлозии беа пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море, според каналот на Телеграм Супернова Плус.Тагови: Ростов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook