Шоу бизОбјавен е трејлер од документарниот филм за страдањата на Бритни Спирс (ВИДЕО)Објавен е трејлер за новиот документарец за животот на Бритни Спирс наречен ,,Framing Britney Spears”.Филмот, во продукција на Њујорк Тајмс, зборува за подемот на пејачката во нејзината борба за да го врати правото да донесува сопствени одлуки за нејзиниот приватен и деловен живот. Имено, кога се дознало дека нејзиниот татко управува со целиот нејзин имот, но и ги донесува сите приватни и деловни одлуки во нејзино име поради краткотрајната хоспитализација на психијатрија во 2008 година, движењето #FreeBritney, зад кое стојат нејзините обожаватели, започна да се шири на социјалните мрежи. Иницијативата има за цел да укаже на заговор против нивната омилена пејачка, но и да изврши притисок врз судовите да ја разгледаат одлуката за домашен притвор. Дури и по неколку нови сослушувања, Бритни Спирс сè уште не смее да носи свои одлуки, но за нејзиниот случај продолжува да се зборува. "Трејлерот изгледа ветувачки. Се надевам дека ова ќе ги обелодени вистинските проблеми со кои Бритни се бори и да ја донесе правдата за ова движење", "Треба да знаеме дека таа не е единствената што се соочува со ваков проблем. Мора да престане." Се надевам дека вистината ќе се дознае “, се само дел од коментарите. Her phenomenal rise to superstardom. A downfall that shocked the world. And now, an ensuing conservatorship battle. #NYTPresents: Framing Britney Spears. Premiering Feb. 5 on @FXNetworks and @Hulu. pic.twitter.com/BZBkec7mMt — FX Documentaries (@FXDocs) January 21, 2021 Филмот ќе може да се види на платформата Хулу од 5 февруари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
ЕвропаШведска купува четири воени бродови од Франција за 3,5 милијарди евра Шведска потпиша договор со француската компанија „Навал груп“ за купување четири нови фрегати. Договорот беше склучен во Стокхолм на церемонија на која присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пишува Ројтерс. Набавка вредна четири милијарди долари Шведска ја објави својата намера да нарача бродови од францускиот производител уште во мај. Вредноста на договорот изнесува 3,5 милијарди евра, а инвестицијата ќе ги тројно зголеми капацитетите за воздушна одбрана на земјата со оглед на безбедносната ситуација во Балтичкото Море. Како најнова членка на НАТО, Шведска брзо ја зајакнува својата војска по руската инвазија на Украина. Првата од четирите нови фрегати треба да биде испорачана во 2030 година, а тие ќе бидат и најголемите бродови во шведската морнарица. Зајакнување на европската соработка Договорот доаѓа во време кога Франција и Шведска ја продлабочуваат својата одбранбена соработка. Двете земји се залагаат за поголема воена независност на Европа. Таквиот пристап е делумно мотивиран од сомнежите за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, поради што владите низ целиот континент ја преиспитуваат својата зависност од американското оружје и безбедносните гаранции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотГи снимала синовите на мост, кога наеднаш се појавил огромен алигатор (ВИДЕО)Видеото на Катарин Геј го привлече вниманието на корисниците на Фејсбук, прикажувајќи огромен алигатор како излегува од под мост кај езерото Гринфилд во Вилмингтон, Северна Каролина.Катарин ја опиша глетката што ја остави неа и нејзините млади синови во шок. Многу реакции од гледачите „Ова беше навистина нешто за гледање“, напиша таа на Фејсбук. Децата ловеле риба по брегот кога големиот алигатор излегол од под мостот и се упатил спротивно од течението. „За малку ќе добиеа срцев удар“, додаде таа. Видеото предизвика многу реакции од гледачите, кои беа запрепастени од големината на предаторот. „Сум видел поголеми во тоа езеро“ „Не сфатив дека се толку блиску и во областа Вилмингтон. Бидете внимателни. Би полудела ако видам еден“, напиша еден корисник. „Изгледа неверојатно. Мило ми е што момчињата не беа премногу блиску“, рече друг. „Немав поим дека има алигатори во Вилмингтон, а не еден како овој! Тоа нешто изгледа како да се храни со мали кучиња и деца“, напиша трет. „Видов поголеми во тоа езеро, но беа фатени и преместени“, додаде четвртиот.Тагови: алигатор мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРеката Рајна се повлече и откри ужас- остатоци од стар Фијат и човечки коски (ФОТО)Нискиот водостој на реката Рајна во близина на Бон доведе до извлекување на остатоци од автомобил и човечки коски на површина, соопшти германската полиција, додавајќи дека е започната истрага за да се утврди дали станува збор за кривично дело.Остатоците на Фиат 126 ја открила речната противпожарна служба за време на патрола на почетокот на август, а остатоците од возилото биле извлечени од водата неколку недели подоцна, објавува Bildt.Duisburg. За време на овој процес, отпад и вода се излеале од возилото на брегот, а потоа покрај олупината биле откриени скелетни остатоци. Викнати се експерти за криминал и форензика за да истражат, но ќе мора да почекаат додека не се утврди дали може да се извлече ДНК од коските, поради што коските биле однесени во Институтот за судска медицина во Келн за понатамошно испитување. Сè уште не е јасно што се случило со Фиат 126, кој бил произведен помеѓу 1972 и 2000 година, каде што сега е неговиот сопственик и чии остатоци биле пронајдени, но полицијата во Бон ги истражува овие прашања, иако во моментов нема случај на исчезнато лице што би можело да се поврзе со возилото. „Во овој момент, не можеме да потврдиме дали во овој случај постојат елементи на кривично дело“, изјави портпаролот на полицијата во Бон.Тагови: Рајна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook