Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
1Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
БалканОбдукцијата потврди дека телото извлечено од Дунав е на Матеј ПеришИсчезнаа сите надежи дека Матеј Периш е жив, се остварија стравувањата, 5 месечната потрага по сплиќанецот заврши со трагичен крај. Безживотното тело кое вчера исплива на местото Ада Хуја – Белград припаѓа на 28 годишното момче на кое му се изгуби секаква трага на ден пред новагодина, потврдилa ДНК анализата, соопштија српските власти. Причината за смртта се наведува дека е давење, но сепак останува мистерија што довело до тоа. Понатамошната обдукција и токсиколошка анализа ќе покажат дали има дополнителна причина за смртта на Периш. -Единствено што можам да кажам е дека тој беше младо момче кое не беше во ризична група која може да изврши самоубиство. Нема криминоген картон во градот во кој што живееше, во Сплит, дека бил корисник на некакви опијати. Не припаѓаше на никакви криминогени групи, сетоа тоа беа претпоставки на почетокот но тие беа отфрлени. -Браца Здравковиќ – Приватен Детектив – Најмен од семејството Периш. Семејството на Периш покрај 5 месечната агонија живеело и во надеж дека ќе слушнат убава вест, дека Матеј ќе биде пронајден жив. Ова е голема болка за семејството, вели неговиот татко кој по наоѓањето на неговиот син очекува и разврска за причината на смртта. -Мене ми беше битно само да го пронајдам Матеј, и сето тоа што го правем исклучително го правев само да го пронајдам. Причината зошто тоа се случило секако дека ќе ме интересираат но во овој момент сум само во длабока болка. Навистина е тешко, да веруваме дека точката на животот не е крај и дека ние повторно ќе се сретнеме, во иднина, а Матеј, својата приказна на оваа земја ја заврши.- Ненад Периш – Татко на Матеј Периш. Сочувство за загубата на семејството пристигна и од државниот врв на Хрватска, премиерот Пленковиќ владината седница ја отвори токму со неколку збора починатиот Периш. -Да изразиме уште еднаш сочувство на семејството на Матеј Периш, по информациите дека по ДНК анализата и обдукција утврдено е дека станува збор за него, по веста дека е пронајдено тело на младо момче во Дунав. -Андреј Пленковиќ – Премиер на Хрватска. Телото на Периш е пронајдено на 8км од место каде што бил виден за последен пат, во фармерки и маичка кои што одговараат на она што момчето ги носело на кобната вечер. Од останати лични работи пронајдени се неговиот часовник и мобилен телефон. Последниот сигнал од телефонот на сплиќанецот е забележан во реката Сава каде се претпоставува дека удавил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00