Обама чека гласање на конгресот за Сирија, Камерон го поддржува, Оланд чека на САД

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе побара гласање во конгресот за воена акција во Сирија.

Во соопштението од Белата куќа стои дека Обама одобрил употреба на воена сила со цел да се казни Сирија за нападот со хемиско оружје на 21 август, во кој според американски претставници загинале 1 429 лица. Тој рекол дека војската е спремна да изврши воени удари на Сирија.

Но. американскиот претседател ќе почека на гласање во конгресот за воената акција во Сирија.

Британскиот премиер Камерон по оваа изјава на Обама на Твитер напиша дека го разбира и го поддржува.

Пред да ја соопшти одлуката дека ќе побара гласање од конгресот, Обама за тоа телефонски го известил францускиот претседател Оланд -соопштија високи француски извори, пренесе АП.

Намерата на Камерон да се придружи на евентуалната воена интервенција во Сирија беше осуетена од британскиот парламент кој гласаше против, а на францускиот претседател не му треба одобрување од парламентот да нареди воена акција - наведува АП. Оланд и Обама во телефонскиот разговор „ја потврдиле заедничката волја да дејствуваат и имаат апсолутно уверување дека режимот на Асад стои зад нападот со хемиско оружје“.

Поделени се реакциите во Конгресот по најавата на претседателот Обама за напад на Сирија. Дел од нив изразуваат поддршка и веднаш се враќаат во Вашингтон од колективниот годишен одмор на кој се до 9 септември, други веќе најавија дека ќе гласаат против барањето, јавува дописникот на МИА.

Откако спикерот на Сенатот Хери Рид од Демократската партија најави дека ќе го свика Сенатот откако ќе се врати порано од одмор, и претседавачот со Комисијата на Сенатот за надворешни прашања Боб Менендез порача дека за барањето на претседателот Обама ќе се разговара уште во вторник.

Републиканските сенатори Џон Мекејн и Линдзи Греем, кои се меѓу водечките сенатори во областа на надворешната политика и безбедноста, оценија дека не можат да го поддржат барањето на Обама за напад врз Сирија доколку со него не се направи обид за уривање на Асад.

Анализата на примероците што од Сирија ги земаа инспекторите на ОН за нападот со хемиско оружје, пак, би можела да трае „до три недели“, соопштила Организацијата за забрана за хемиско оружје ( (ОИАЦ) во Хаг.

Во музејот на Битлси во Ливерпул е изложен познатиот јапонски сервис за чај на Џорџ Харисон

Јапонскиот сервис за чај, купен од англискиот гитарист, пејач и поранешен член на Битлси Џорџ Харисон во 1966 година за време на турнејата на Битлси низ Јапонија, е изложена во музејот на Битлси во Ливерпул.

Сервисот, еден од трите купени од Харисон во Јапонија, му го подарил менаџерот на турнејата Нил Аспинал на неговиот син Роаг Бест, кој сега го води музејот на Битлси.

Како што изјави, на тридневната турнеја, Битлси свиреле за повеќе од 10.000 луѓе по концерт.

„Битлеманијата навистина ја погоди Јапонија. Тие не можеа да ја напуштат хотелската соба“, рече Бест, кој е син на Аспинал и Мона Бест и полубрат на Пит Бест, оригиналниот тапанар на Битлси.

Тој изјавил дека неговиот татко, маскиран, го придружувал Џон Ленон, додека еднаш излегувале од хотел во Токио, еднаш излегол и Пол Макартни со маска, но Ринго Стар и Харисон останале заклучени во собите.

„Тие сакаа да купуваат работи на турнеја, но бидејќи не можеа да излезат, луѓето ги носеа своите производи во нивните соби. Џорџ купи три многу украсени јапонски чајни комплети кои потоа ги испрати назад во Англија. Чуваше еден, татко ми дозволи тој да избира од преостанатите два, а третиот и го дал на мајка си“, рекол Бест, пренесува Би-Би-Си.

Сервисот е префрлен во Ливерпул, во куќата на Мона Бест, сопственик на клубот „Касба“.

Бест изјавил дека на сетот недостасуваат три чаши кои ги скршил кога имал 15 години.

Тој додаде дека се надева дека сервисот за чај ќе биде од особен интерес за фановите на Битлси од Јапонија кои го посетуваат музејот во Ливерпул.

„Фан клубот на Битлси е еден од најголемите по членство и има околу 40.000 фанови. Мислам дека ова ќе им се допадне“, рече Бест.

САД најавија нови 6 милијарди долари воена помош за Украина

Соединетите Држави обезбедуваат нова воена помош од 6 милијарди долари за да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Последната испорака на оружје ќе вклучува артилериска муниција, како и ракети за системи за воздушна одбрана Патриот произведени во САД, рече Остин по онлајн состанокот со Контакт групата за одбрана за Украина предводена од Вашингтон.

Соопштението доаѓа откако американскиот Сенат доцна во вторникот одобри нова помош за Киев во вкупна вредност од околу 61 милијарда долари, отворајќи го патот за нови испораки на оружје по повеќемесечната блокада.

Веднаш потоа, во средата, американскиот претседател Џо Бајден најави итен воен пакет од 1 милијарда долари. Станува збор пред сѐ за опрема за противвоздушна одбрана, артилерија, ракетни системи и оклопни возила од залихите на американската армија.

Граѓаните на Дубаи пријавуваат непозната болест, ја поврзуваат со неодамнешните поплави

Луѓето во Дубаи и остатокот од Обединетите Арапски Емирати пријавиле дека се разболеле од водата за пиење по големите и тешки поплави што го погодија регионот.

Земјата беше погодена од врнежи што не биле видени долго време, а за само 12 часа наврна дожд колку за една година.

Поплавите буквално го запреа животот во пустинската земја и предизвикаа хаос на аеродромот во Дубаи, најпрометниот меѓународен воздушен центар во светот. Временските услови предизвикаа Emirates да ги откажат летовите за 200.000 патници и да одложат многу повеќе.

До минатиот вторник, Обединетите Арапски Емирати имале нешто повеќе од 142 милиметри дожд на метар квадратен, додека просечните врнежи се околу 86 мм дожд. На повеќе локации забележани се речиси 250 милиметри дожд на метар квадратен.

Државната новинска агенција ВАМ го нарече дождот „историски временски настан“ што го надмина „се што е документирано од почетокот на собирањето податоци во 1949 година“.

Сега луѓето во Обединетите Арапски Емирати почнаа да покажуваат симптоми поврзани со наводно загадената вода, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението, кое го пренесе државната новинска агенција, не се прецизира точно колку луѓе се болни или од што точно се лекуваат.

Имало „многу ограничен број случаи кои покажаа одредени симптоми на влијание на загадена вода“ и тие се на болничко лекување, велат од Министерството, но не прецизираат што ја предизвикало загаденоста на водата.

Силниот дожд е поврзан со поголем систем на бура минатата недела што го премина Арапскиот полуостров и го премина Оманскиот залив. Истиот циклон донесе и смртоносни поплави во блискиот Оман, каде што загинаа најмалку 18 луѓе.

Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија. Сепак, дождовите беа најсилни низ ОАЕ. Се шпекулира дека „сеење на облаци“ ги предизвикало поплавите.

притисни ентер