Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора! - Канал 5

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Скопје, 13 јуни 2025 - Со гордост објавуваме дека Флекс Кредит, еден од најбрзо растечките брендови во индустријата за финансиските услуги, го прошири своето присуство и на пазарот во Црна Гора. 

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Овој важен чекор претставува продолжение на нашата долгорочна стратегија за интернационален развој и зацврстување на позицијата како лидер на пазарите каде што сме присутни.

Проширувањето во Црна Гора е дел од нашата визија за глобален раст и посветеност кон градење на стабилен, доверлив и модерен финансиски екосистем. Со секој нов пазар што го освојуваме, ние не само што носиме иновативни услуги за нашите клиенти, туку и отвораме нови можности за вработување, развој и придонес кон локалната заедница.

Денес, покрај во Македонија, Флекс Кредит со гордост е присутен во Бугарија, Романија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Мексико, а од сега и во Црна Гора – уште еден важен дел од нашата интернационална приказна за успех. Нашата сила лежи во синергијата на локалното искуство и глобалната визија, со што обезбедуваме квалитетна и персонализирана услуга за клиентите во секоја земја.

Во темелот на нашето работење стои грижата за клиентите, вработените и заедницата. Веруваме дека долгорочниот успех се гради преку задоволни клиенти, мотивирани тимови, транспарентна комуникација, одговорни деловни практики и активна општествена одговорност.

Со новиот пазар, новите соработници и новите идеи, продолжуваме да ја градиме приказната на Флекс Кредит како стабилен, иновативен и општествено одговорен бренд кој остава позитивен отпечаток секаде каде што е присутен.

Илјадници Авганистанци тајно се преселиле во Велика Британија, операцијата досега чинела 468 милиони евра

 Илјадници Авганистанци се преселиле во Велика Британија како дел од тајна шема воспоставена откако нивните лични податоци „протекоа“ во јавноста по грешка на британски функционер, објави Би-Би-Си утрово.

Илјадници Авганистанци тајно се преселиле во Велика Британија, операцијата досега чинела 468 милиони евра

Протекувањето на податоците се случило во февруари 2022 година, кога речиси 19.000 лица, кои аплицираа за преселување по пристигнувањето на талибанците во Авганистан, станаа достапни онлајн.

Владата дозна за инцидентот во август 2023 година кога податоците станаа достапни на социјалните медиуми.

Девет месеци подоцна, беше воспоставена нова програма за преселување за оние чии имиња се најдоа на списокот на Авганистанци за кои протекоа податоците, а досега 4.500 од нив пристигнаа во Велика Британија.

Протекувањето на податоците, вклучувајќи имиња, информации за контакт и семејни податоци, предизвика загриженост за можните последици по безбедноста на засегнатите лица.

Министерот за одбрана, Џон Хили, се извини за пропустот, објаснувајќи дека протекувањето е резултат на испраќање табела преку небезбедни системи за е-пошта.

Метрополитан полицијата во Лондон одлучи дека не е потребна истрага, но официјалните лица предупредуваат за можна инфилтрација на талибанците.

Според прелиминарните проценки, бројот на лица кои се изложени на ризик од талибанците може да биде помал од првичното стравување.

Програмата за преселување, позната како „Авганистанска рута за преселување“, досега чинеше 468 милиони евра, а вкупните трошоци би можеле да достигнат 936 милиони евра.

Забраната за известување на медиумите за инцидентот предизвика критики за загрозување на слободата на говорот.

Судија на Високиот суд одлучи да ја укине забраната, откривајќи детали за протекувањето на информациите и одговорот на владата.

Приведен возач од Гевгелија, управувал возило со 99 км на час на место каде е дозволено 40 км на час

Полициски службеници вчера кај село Брајковци, валандовско, го привеле Ѓ.Ш.(21) од Гевгелија. 

Приведен возач од Гевгелија, управувал возило со 99 км на час на место каде е дозволено 40 км на час

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 40 километри на час, соопшти МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Квеирош на клупата на Оман

Португалскиот стратег Карлос Квеирош (72) е нов селектор на фудбалската репрезентација на Оман.

Квеирош на клупата на Оман

Еминентниот португалски тренер доаѓа на местото на Рашид Џабер, кој го предводеше Оман до четвртото место во групната фаза од третиот квалификациски круг и со тоа ги одржа надежите за пласман на Светското првенство 2026.

„Квеирош има богато тренерско искуство, ги водеше репрезентациите на Португалија, Иран, Колумбија, Египет и Катар. Тој беше и помошник тренер во Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон“, објави синоќа Фудбалската асоцијација на Оман на социјалната мрежа Икс.

Оман на 17 јули ја очекува жрепката за четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во конкуренција со Ирак, Катар, Саудиска Арабија, Индонезија и Обединетите Арапски Емирати.

Шесте репрезентации ќе бидат поделени во две групи од кои победниците ќе добијат мундијалска виза. Јапонија, Јужна Кореја, Узбекистан, Иран, Јапонија и Австралија веќе се квалификуваа за Светското првенство.

притисни ентер