Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб
1Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
АвтомобилизамНовите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставниПодгответе се за нови, возбудливи, урбани МINI приказни!Стил, технологија, препознатливо МINI картинг чувство при возењето и современ пристап во дизјанот ја карактеризираат новата MINI фамилија. Компанијата М Кар ги претстави новите MINI Cooper и МINI Countryman, кои се истовремено модерни и традиционални и зрачат со експресивен минимализам. „Новите MINI автомобили ја евоцираат историјата на брендот. Со своето ново семејство, MINI поставува нови стандарди за комфор, уживање во возењето и корисничко искуство, додека истовремено го одржува својот одговорен став кон околината. Петтата генерација на MINI Cooper претставува едноставност во најхаризматична форма. Со чист дизајн и компактна силуета, MINI Cooper е олицетворение на основната идеја на брендот: максимално задоволство при возењето со минимален еколошки отпечаток. Автомобилот е идеален за сите оние што сакаат да возат класичен MINI со 3 врати, но ги сакаат перформансите и карактеристичниот звук на мотор со внатрешно согорување. Новиот MINI Countryman пак е нашиот автомобил за целото семејство. Овој модел не е само поголем во висина, должина и простор во внатрешноста, туку и доаѓа со значително подобрен карактер, изглед и искуство при возење. Сега е уште поприсутен, попростран и постабилен.“, изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар. Дизајнерскиот јазик на новиот МINI Cooper е олицетворение на традиционалните вредности на брендот и импресивни иновации. Елегантниот, минималистички дизајн на внатрешноста на MINI Cooper е инспириран од класичниот MINI. Типичните MINI пропорции заедно со впечатливата предна решетка, му го даваат препознатливиот лик на новиот модел. Дигиталните иновации и восхитувачкото корисничко искуство се белези на внатрешноста. Централниот OLED екран, за првпат во кружна форма е дефинирачки елемент на внатрешноста, центар на искуството и удобноста. Новиот волан, класичниот MINI „toggle bar“ и контролната табла од текстил во две нијанси создаваат чувство на пространост во кабината. Новиот MINI Countryman е модерен и дигитален, урбан автомобил со великодушната просторност. Повисок, подолг – со дополнителни шест центиметри во висина и тринаесет центиметри во должина, новиот MINI Countryman значително пораснал во споредба со неговиот претходник. Новите MINI aвтомобили нудат многубројни системи за помош на возачот за безбедно и удобно задоволство при возењето. Благодарение на MINI Operating System 9, сите функции на возилото може да се управуваат интуитивно преку допир или глас. За првпат во MINI многубројни функции може да се контролираат користејќи го првиот MINI Intelligent Personal Assistant. MINI гласовниот асистент може да се активира со поздравот „Hey MINI!“ или со притискање на копчето за зборување на воланот. Новитe MINI Experience Modes и проширените системи за помош на возачот ги прават го прават градското возење уште поудобно и позабавно. Како стандардна, функцијата Safe Exit ја мониторира околината околу паркираното возило и ги предупредува минувачите на патот што се доближуваат пред да се отвори вратата. Функцијата не само што го одложува отклучувањето на вратите туку и користи светлосни сигнали надвор од возилото за да предупреди за можен судир. На патот, пакетот MINI Navigation опционално овозможува поддршка со 3D визуелизација и Augmented View, ја прикажува моменталната ситуација во сообраќајот, дава информации за опции за паркирање, вклучително и опции за дигитално плаќање и многу повеќе од тоа. Покрај целосно електричните модели, новото портфолио на погонски склопови на новиот MINI со три врати го надополнуваат два моќни бензински мотори со избор од три или четири цилиндри: Четирицилиндричниот MINI Cooper S е со зголемени перформанси со 50 kW/204 кс, додека трицилиндричниот MINI Cooper C е со излезна сила од 115 kW/156 кс. Новите бензиски MINI Cooper модели се веќе во продажба со разновидни промотивни пакети. Промотивната понуда за новиот MINI Cooper C за 2024 г. почнува од 29.500 евра. Новиот MINI Countryman е достапен со иновативни и ефикасни бензински мотори. Се нуди како MINI Countryman C со погон на предните тркала, MINI Countryman S ALL4 со погон на сите тркала и моделот со зголемена моќност со погон на сите тркала во едицијата MINI Countryman JCW ALL4. Новиот MINI Countryman е достапен и како дизел варијанта со ознаката MINI Countryman D. Целосно електричниот MINI Countryman е достапен во две верзии: MINI Countryman E со опсег од 462 км и MINI Countryman SE ALL4 кој што постигнува опсег од 433 км. Промотивна понуда за новиот MINI Countryman C за 2024 г. почнува од 45.990 евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб Најмалку шест лица беа убиени, а 28 ранети во денешниот напад врз грчка православна црква во Јордан, изјави портпарол на јорданската влада.Нападот се случил во Карак, на околу 180 километри од јорданската престолнина Аман, објави Ројтерс. Порано во текот на денот, арапските медиуми објавија дека седум лица се убиени, а 10 се ранети, од кои некои се во критична состојба. Некои сведоци рекоа дека возило пристигнало на местото на настанот и напаѓачите излегле, пукале континуирано пет минути, а потоа избегале. Калид Буркан, кој присуствувал на погребот, изјави за Ројтерс дека на погребот се собрале неколку десетици луѓе и дека двајца мажи, едниот вооружен со пушка, а другиот со пиштол, отвориле оган врз нив и пукале неколку минути. Никој сè уште не ја презел одговорноста за нападот, а јорданските власти не кажале кој стои зад него. Ваквите напади се исклучително ретки во Јордан, кој е релативно стабилна земја, но се соочува со зголемени ирански напади оваа година откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во февруари. Христијаните сочинуваат малцинство од населението на Јордан, иако земјата е дом на неколку библиски места кои привлекуваат христијански аџии од целиот свет. Во времето на нападот, во и околу црквата имало помеѓу 150 и 200 луѓе, рече Буркан, додавајќи дека повеќето од жртвите биле на возраст помеѓу 50 и 70 години.Тагови: Јордан Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаОбвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак. При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки. Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот. Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките. Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаБританска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција. Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан. Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси. Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година. Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра. Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите. Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра. „Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.Тагови: банка вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter