Новиот скап проект на Френсис Форд Копола добива негативни критики - Канал 5

Новиот скап проект на Френсис Форд Копола добива негативни критики

Филмот официјално е опишан како „римски еп и бајка сместена во замислена модерна Америка“ со алтенативна историја и сегашност.

Новиот скап проект на Френсис Форд Копола добива негативни критики

Самофинансираната научно-фантастична сага на Френсис Форд Копола, „Мегалополис“ имаше премиера на Канскиот филмски фестивал оваа недела, па избрана група новинари и критичари од повеќе краишта на светот имаа можност меѓу првите да го погледнат проектот којшто легендарниот режисер помина речиси половина век во изработка.

Филмот официјално е опишан како „римски еп и бајка сместена во замислена модерна Америка“ со алтенативна историја и сегашност. Во него глумат Адам Драјвер, Обри Плаза, Шаја Лабјуф, Џон Војт, Лоренс Фишбурн, како и внуката на Копола - Роми Марс, ќерка на режисерката Софија Копола. По прикажувањето, „Мегалополис“ доби 52 отсто позитивни критики на „Ротен томатос“ од врз основа на оценки од 42 критичари, што значи вкупна негативна оценка засега (за да добие позитивна оценка, повеќе од 60 отсто од критиките треба да бидат позитивни).

„'Мегалополис' е тврд, сериозен, претерано управуван со ефекти и целосно хаотичен“, напиша Естер Цукерман во својата рецензија за филмот за „Дејли Бист”.

Критичарот на „Гардијан“, Питер Бредшо, пак, го нарече филмот - „мега-надуен и мега-досаден“, а критичарката Џесика Кијанг го опиша на „X“ како „лудост толку голема, што се чувствувате како да го гледате вистинскиот пад на Рим“.

Режисерот верува дека филмот „не игра според сегашните холивудски правила“, како што тој изјави за „Ер мејл“.

- Ако го погледнете секој ваков негативен или мешан напис, тоа е секогаш нешто што доаѓа од непознат извор. Навистина чувствувам дека е неоправдано да се напаѓа филм затоа што тој не игра според сегашните холивудски правила, повикувајќи се на неименувани извори кои веројатно не биле на проекцијата или можеби не постојат. Тоа е бесмислена работа. Ќе си речете, зошто некој би сакал да не навива за ‘Мегалополис’? против режисер кој ги користи сопствените пари за да финансира амбициозен филм? Е па, има многу такви луѓе, изјави Копола.

Сепак, некои критичари го пофалија филмот. Меѓу нив се Дејвид Џенкинс од „Литл вајт Лајс“ и Дејмон Вајс од „Дедлајн“.

Режисерот на „Кум“ вложил 120 милиони долари свои парични средства во новиот филм.

Неколку дена пред премиерата на филмот, „Гардијан“ објави дека на снимањето на филмот, наводно според неколку членови на екипата, имало несоодветното однесување на Копола - жени кои седат во неговиот скут, статисти без соодветна горна облека итн. Како одговор на обвинувањата, Дарен Деметр - извршен копродуцент на филмот, рече дека „никогаш не слушнал за какви било поплаки за вознемирување или недолично однесување“ за време на проектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер