Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
1Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
АвтомобилизамНовиот Opel Grandland пристигна во МакедонијаНа 30.3.2022 во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на Новиот SUV во гамата на Opel - Новиот Opel Grandland!Моделот беше претставен во 3 различни верзии и 3 различни бои, на самата промоција и беше потенциран секој еден елемент од новитетите на Новиот Grandland. Присутните имаа можност одблиску да се запознаат со Новиот Opel Visor, InteliLux LED светлата, AGR седиштата како и новиот Pure Panel. По најавата од Менаџерот за медиуми и односи со јавност – Ана Јовановска, која го претстави моделот како „не-типичен“ и SUV со кој можете да имате се’, кусо претставување за Брендот и новиот салон на Opel даде Маркетинг Менаџерот и заменик CEO на Еуроимпекс – Ивана Манчева Михајловска која изјави: „Во автомобилската индустрија минуваме низ турболентен период, меѓутоа – што се однесува до Опел брендот, заедно со нашите ценети продажно сервисни дилери Аутомакедонија од Скопје и АутоЦем од Тетово, работиме во насока на претставување на новиот пристап на Опел брендот, новата стратегија, новите модели и кон освојување на нови клиенти. По процесот на детоксификација, Опел брендот денес има нов линк (што и можете веднаш да забележите и од изложените возила надвор) а и имаме и нов таргет на публика кон која се обраќаме. Но и покрај тоа, Опел не ја менува својата ДНК: тој е доверлив модерен германски бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн“. Продукт менаџерот за Opel - Драган Јовев ја започна својата презентација и изјави: Ова ни е втора промоција откако Opel направи едно големо RESET-ирање од COLD во COOL и враќање кон својата изворна ДНК: германски, модерен, возбудлив и пристапен. Овие ДНК вредности се вткаени со секој производ што излегува од Opel и го демонстрира нашето тежнеење кон квалитет, беспрекорно прецизен и чист дизајн, интуитивен ентериер, активна удобност на возачот, возење кое го ангажира возачот и корисни иновации кои се достапни на сите клиенти. Овие ДНК к-ки ги има нашиот претставник во SUV – C сегментот базиран на “multi-energy” EMP2 платформата на Stellantis – новиот Opel GRANDLAND. Тој потоа внимателно ги презентираше сите корисни информации за моделот најавувајќи ја и цената за истиот како и нивоата на опременост и моторите кои ќе бидат понудени во Македонија. Новиот Grandland излегува од производната лента во фабриката во Ајзенах, Германија на нашиот пазар, започнува од 25.390 ЕУР со турбобензиски мотор 1.2 130 КС и ниво на опременост “Grandland”. Во целата таа германска еуфорија, посетителите имаа можност да ги погледнат и останатите актуелни модели во гамата кои беа уредно изложени пред самиот салон: Opel Corsa, Новиот Crossland, Новата Mokka и секако промотивниот модел - Новиот Opel Grandland. Повеќе информации за моделот можат да се добијат на веб страната opel.mk и на дилерските страници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСлавески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“Зголемен неделен лимит и целосна исплата на идните приливи, најави гувернерот Славески на попладневната прес конференција поврзана со привремената администрација на банката од страна на Народната банка..Повеќе детали околу новите три олеснувања за располагање на средсствата за клиентите на банката повеќе од Маја Стојановска.. Маја кои се новите олеснувања што ги соопшти Славески? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради тркаНа 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење Лишено од слобода лице кое ја принудувало својата мајка на питачење, поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“.На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С(80) од Гостивар, како и нејзината физичка неспособност, (истата се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности), и ја принудувал на питачење. Имено Н.Н. својата мајка подолг временски период во континуитет ја носел на локација во Гостивар, и ја изложувал на трудова експлоатација по пат на питачење, додека за целото време бил присутен во нејзина непосредна близина, ја надгледувал и контролирал нејзината активност, по што насилно и на дрзок начин и ги одземал паричните средства, кои потоа ги користел за свои потреби. Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, на подрачје на Гостивар извршен е претрес во дом и други простории кај Н.Н., при што лицето е лишено од слобода. Од извршениот претрес пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати и парични средства кои потекнуваат од извршување на кривичното дело, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00