Новиот кружен екран на Мини има бројни неочекувани функции (ВИДЕО) - Канал 5

Новиот кружен екран на Мини има бројни неочекувани функции (ВИДЕО)

Еден од најинтересните детали во кабината на новиот Mini е кружниот екран - Mini Interaction Unit.

Новиот кружен екран на Мини има бројни неочекувани функции (ВИДЕО)

Тоа е и една од најпрепознатливите допирни точки со претходните генерации на модели, а особено со оригиналот од минатиот милениум. Затоа, не е чудно што на листата на можности на овој екран, на кој многу се гордеат Mini и BMW, се наоѓа и еден со класичен аналоген дисплеј на инструменти.

Кабината има минималистички дизајн, поради што доминира споменатиот екран. Станува збор за OLED технологија, а дијаметарот на екранот е 240 mm. Тој е поставен централно, додека оперативниот систем Mini Operating System 9 ја користи базата Android.

Во официјалното соопштение велат дека е оптимизиран за допир и гласовни контроли, а нуди поедноставен дизајнерски израз, т.н. „Харизматична едноставност“. Екранот е поделен на три единици, каде што горниот е фокусиран на детали поврзани со возењето (брзина, досег, вртежен момент), централниот покажува инфозабава, а долниот се користи за климатизација и прикажување покуси растојанија.

Постојат три стандардни режими на прикажување, имено Core, Green и Go-Kart. Core нуди „модерен и елегантен дисплеј“, Green носи зелени акценти и анимации на животни, а Go-Kart е најдинамичниот дисплеј во црно-црвена комбинација, придружен со „Go-Kart возење со звук“. Последново ќе биде особено интересно кај електричните верзии.

Покрај трите споменати, има и дополнителни режими на прикажување, а особено е интересен Personal, каде корисникот може да вметне свои фотографии во позадина на темата. Има и аватар на кому му велите „Еј Мини“ или „Еј Спајк“ и препознава дали е тоа возачот или патникот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Во четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

250 - 300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер