3Ангелов апелира дека поради високиоте температури граѓаните треба да внимаваат,оти е можна појава на пожари
3Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
АвтомобилизамНовиот електричен Maserati GranCabrio Folgore за целосно визуелно уживање (ФОТО)Убавицата на Maserati вози на струја, нуди врвни перформанси и целосно визуелно задоволство.Новото Maserati е доказ дека дури и електричниот погон може да поигрува со емоциите и на најжестоките љубители на суперспортски автомобили. Кога автомобилот изгледа како новото Maserati, тогаш може да му се прости отсуството на соодветна звучна сцена, некогаш V8 мотор, а денес подеднакво импресивен V6 Nettuno. GranCabrio ја доби верзијата Folgore, што значи дека прекрасниот кабриолет доби електричен погон. Се состои од конфигурација со три електромотори (3x300 kW) и максимална моќност од 830 КС и 1350 Nm. До 100 km/h стигнува за 2,8 секунди, а максималната е 290 km/h. Во споредба со класичниот GranCabrio, електричната опција има малку изменет преден дел, а со тоа и поаеродинамична форма. Да го додадеме малку неочекуваниот избор на гуми со помал отпор на тркалање, сè со цел да го доведеме дофатот до попристојни вредности. Возат од 419 до 447 km со капацитет на батерија од 92,5 kWh (нето 83,5 kWh), кој може да се полни со моќност до 270 kW. Некои модерни времиња и во кабината. Дигиталниот кокпит со 12,2-инчен екран е надграден со 12,3-инчен инфозабавен екран и дополнителен 8,8-инчен екран. Аудио системот е потпишан од Sonus, се нуди телеметрија, а опремата е првокласна. И она што е важно, при брзина до 50 km/h, покривот се отвора за 14 секунди, по што можете да уживате во тивкото крстарење по кривулестите патишта. Истовремено, вратовите на патниците ќе се загреваат со оптимизираната клима.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Пола Македонија отруена а одговорни сè уште немаНеофицијално, хемикалија за производство на детергенти ги побелела Лепенец и Вардар.А од Државниот инспекторат за животна средина велат дека сè уште ги немаат податоците кои треба да ги споредат. Колку дена поминаа откако Орце леташе со дрон? Колку дена се потребни за да се докаже што ја отру водата? Дали ова се прави намерно? Пола Македонија е отруена. Седум градови и неколку села немаат вода за пиење. Во Гостивар епидемија на жолтица што Мицкоски сака да ја прикрие. А одговорен сè уште нема. Ниту еден. Министерствата и Владата молчат. Мицкоски и Клековски - секој со своја приказна. Едниот вели дека од петок може да се пие. Другиот вели дека има нова бактерија. Мицкоски стана бактериолог, а Клековски не е ништо, освен задолжен за напади на професори и доктори. Тошковски се занимава со хиперхлорирање, бидејќи корупција и криминал не може да гони - би морал да се уапси себеси, Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО. Затоа стана полицаец-водоводџија. Сè ова би било смешно да не е во прашање здравјето на граѓаните и да не се меша вода за пиење со фекалии. Затоа е многу сериозно. На Мицкоски и ВМРО им е важен само рејтингот. Здравјето на граѓаните - не. Уште малку, кога ќе тргнат Орбановите медиуми со засилување од Србија - со „Ало“ и „Информер“, плус Еуроњуз со лиценца од Вучиќ што ја водат Латас и Ивона - граѓаните повеќе нема ни да чујат дека водата е отруена. Македонија е изолирана. Во медиумски мрак. Без вода за пиење. А во позадина минуваат криминалните тендери. Така изгледа програмата на ВМРО-ОКГ и на Христијан Мицкоски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ФудбалРашфорд се прости од БарсаАнглискиот фудбалер Маркус Рашфорд се прости од Барселона, и по подолг период се враќа на Олд Трафорд, ќе му се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед во подготовките за новата сезона.28 годишниот Рашфорд е член на Манчестер Јунајтед, а минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона. Тој одигра 49 натпревари за каталонскиот клуб, при што постигна 14 гола и запиша 14 асистенции. Барселона одлучи да не ја активира клаузулата за откуп на англискиот фудбалер. „Исклучително сум им благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој овде толку позитивно и незаборавно искуство. Уживав во секој момент и ќе ги носам тие посебни спомени со себе. На клубот и на сите негови навивачи им посакувам многу среќа и успех во претстојната сезона“, објави Рашфорд на социјалните мрежи. Англичанецот сега ќе се обиде да избори место во тимот на Мајкл Керик, кој минатата сезона го освои третото место во Премиер лигата.Тагови: БАРСЕЛОНА Манчестер Јунајтед Рашфорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаСвечената промоција на новите полициски службеници од генерацијата, 2025/2026 годинаМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски утринава се обрати на свечената промоција на новите полициски службеници од генерацијата, 2025/2026 година.Новата генерација полициски службеници треба ќе го зајакне безбедносниот систем и да ги унапреди полициските капацитети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter