Новиот број на „Шарли ебдо“ разграбан за половина час

За триесетина минути буквално беше разграба новиот број на Шарли Ебдо во Франција, издадено во пет милиони примероци.

Колони луѓе пред изгрејсонце чекаа да го купат неделникот со расплаканиот пророк и со напис „Се е простено“, весник кој стана симбол на отпорот против тероризмот во западниот свет. Ова не е насловната страница што ја сакаше светот, ова е страница што ние ја сакавме, рече еден од карикатуристите, кој кобниот ден задоцнил на работа и кој едвај успеа да го заврши говорот.

- Ние сме пред се карикатуристи, кои цртаат разни карактери, како што тоа го прават децата. И терористите некогаш биле деца и цртале исто како нас. Но очигледно тие ја загубиле некогашната смисла за хумор и детската душа, која им дозволува да го видат светот од далечина, изјави Реналд Луз, карикатурист во „Шарли Евдо“.

Поддршка до неделникот стаса и од Германија. Канцеларката Меркел и нејзината влада беа дел од собирот за верска толеранција пред Брандербуршката порта, организиран од муслиманските верски лидери на кој се собраа 15 илјади луѓе. Присуството на Меркел беше оценето за лицемерно во дел од медиумите, кои потсетија на нејзината изјава пред пет години кога оцени дека мултикултурализмот е мртов, за денес да порача дека Исламот и припаѓа на Германија. Собирот, на кој се обрати германскиот претседател, се случува ден откако двојно повеќе луѓе се собраа на антиисламскиот протест на движењето Пегида, кое добива се поголема поддршка.

-Сите ние сме Германија. Сите сме Шарли Ебдо. Имаме различна политичка, културна и религиска припадност и токму затоа Германија денеска е пошаренолика и верски и ментално. Терористите не победија и нема да победат, изјави Јоаким Гаук, претседател на Германија

Во меѓувреме, објавена е нова снимка на браќата Куаши, како го слават масакрот во сатиричниот неделник.

Реакција стаса и од Ал Каеда во Јемен, која ја презеде одговорноста за нападот. Еден од лидерите на организацијата порача дека тој извршен по наредба на лидерот Ал Завахири и се закани дека ваквите напади ќе продолжат и во иднина.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

притисни ентер