Нови 24 случаи со коронавирус, вкупно 201, излекувани уште двајца заболени

Најголем раст на бројот на заболени од коронавирусот во изминатите 24 часа има во Скопје, со 15 новозаболени, следува Куманово со 4, а од денеска прв случај е потврден и во Тетово.

Со овие 24 лица, вкупната бројка се искачи на 201 регистриран случај, информираше министетрството за здравство.

Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1).)

Бројот на жртви за среќа останува три, а последното деноноќие излекувани се уште двајца, со што и ниниот број стигна до 3.

Две лица кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, веќе се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување, откако им е направен контролен тест, а резултатите биле негативни на Ковид-19.

Откако вчера стана познато дека од сите заболени, дури 15 лица се здравствени работници, министерот за здравство Венко Филипче, преку социјалните мрежи апелира граѓаните да не се упатуваат кон здравствените установи освен при неодложна потреба, а во останатите случаи најпрвин да се обидат телефонски да ги контактираат своите матични лекари. Тој смирува дека лекови на рецепт, на товар на Фондот, има доволно и повика граѓаните да не прават залихи во домовите.

Претходно, голем интерес имаше за лекот Сумамед, кој во комбинација со лек против маларија се покажа како ефикасен во борбата со корона вирусот, а сега веќе не може лесно да се набави, бидејќи со оваа нова терапија ќе се лекуваат само хоспитализираните пациенти. Филипче порача, лековите да не се пијат на своја рака, бидејќи може да предизвикаат контра ефект.

притисни ентер