Новата белгиска Влада положи заклетва - Канал 5

Новата белгиска Влада положи заклетва

Новата Влада покрај Де Вевер ја сочинуваат и петмина вицепремиери, кои ќе имаат и министерски задолженија, како и 10 ресорни министри или вкупно 16 члена, од кои 12 мажи и четири жени.  

Новата белгиска Влада положи заклетва

Членовите на новата Федерална влада на Белгија денеска во Кралската палата во Брисел положија заклетва пред белгискиот крал Филип, по што новиот премиер Барт Де Вевер официјално треба да ја преземе должноста од неговиот претходник Александар Де Кро.

Новата Влада покрај Де Вевер ја сочинуваат и петмина вицепремиери, кои ќе имаат и министерски задолженија, како и 10 ресорни министри или вкупно 16 члена, од кои 12 мажи и четири жени.

Од редовите на најголемата партија во новата владина „Аризона“ коалиција, десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА) на Де Вевер, доаѓаат и вицепремиерот и министер за финансии, пензии и културни институции Јан Јамбон, министерот за одбрана и надворешна трговија Тео Франкен и министерката за азил, миграција и урбана политика Анелин Ван Босајт.

Валонското либерално Реформско движење (МР) во новата Влада има четворица свои членови. Иако, вчера беше најавено дека партискиот лидер Жорж-Луј Буше ќе биде вицепремиер и министер за внатрешни работи и безбедност, сепак на крајот партијата реши, вицепремиерската функција да ја врши Давид Кларинвал, кој воедно е и министер за вработување, економија и земјоделство. Досегашниот шеф на белгиската дипломатија Бернар Квинтан е нов министер за внатрешни работи и безбедност, Елеонор Симонет министерка за средна класа, самовработување, мали и средни претпријатија, а Матје Бије ќе раководи со Министертсвото за енергија.

Лидерот на втората валонска партија во Владата, центристичката Посветените (ЛЕ), Максим Прево е вицепремиер и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, а неговите сопартијци Жан-Лук Крик и Ванеса Мац, министри за мобилност и клима и за државната служба, јавните претпријатија и дигитализација.

Од редовите на фламанската социјалдемократска партија Напред (Вуројт) во новиот владин Кабинет доаѓаат Франк Ванденбрук, како вицепремиер и министер за здравство и Роб Бендерс како министер за прашања на потрошувачите, социјална политика и еднакви можности.

Членови на Владата од редовите на десноцентристичката Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) се вицепремиерот и министер за буџет и административни реформи Винсент Ван Петегем и министерката за правда и Северното Море, Анелис Верлинден.

Новата Влада стапи на должност откако во петокот вечерта петте партии ја усогласија владината програма и потпишаа коалициски договор, за што Де Вевер веднаш го информираше кралот Филип, кој формално му го врачи мандатот за формирање на владиниот Кабинет.

Инаку, името „Аризона“ на новата владина коалиција потекнува од боите на петте партии – жолта (НВ-А), сина (МР и ЛЕ), црвена (Ворујт) и портокалова (ЦДВ), кои се и на знамето на американската сојузна држава Аризона. На формирање на Владата се чекаше 239 дена од изборите одржани на 9 јуни минатата година.

Пртеходната Влада беше формирана во октомври 2020 година, 494 дена по изборите одржани на 26 мај 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот

Кога во Холивуд се спомнуваат вистински опасни момци, првата асоцијација се Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер. 

Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот

Сепак, она што со години се случуваше зад сцената на нивните славни кариери наликува на вистинска серија на расправии и ривалства. Познатиот Рамбо сега реши да си ја отвори душата и да признае дека двете најголеми акциони ѕвезди со децении биле во кавга.

Во една епизода од подкастот The Rest Is Entertainment, Силвестер Сталоне (80) искрено зборуваше за тоа како била неговата врска со Арнолд Шварценегер (79) од самиот почеток. Ривалството се роди од едноставна желба - и двајцата по секоја цена сакаа титула апсолутен владетел на акциониот жанр.

Прва средба и веднаш летаат саксии!

Фанатизмот можеше да се почувствува во воздухот штом влегоа во истата просторија. Сталоне се присети на моментот кога сфати дека корпулентниот Австриец ќе му направи проблем во кариерата. На едно од наградите Златен глобус, Шварценегер му упати некои непријателски погледи. Уште на следната средба Сталоне не сакаше да биде во долгови, па направи потег за кој се прераскажува и денеска. Без многу размислување, посегна по сад со цвеќе и го фрли кон Шварценегер.

- Се преправав дека славам, како: „Да! И ракавицата беше фрлена, тепачката почна - призна Сталоне во споменатиот подкаст, а потоа објасни дека неговиот ривал природно бил склон кон провокации и дека и двајцата сакале да се физички и постојано да провоцираат.

Додека тие се бореа на благајните со хитови како „Рамбо“ и „Командос“, безмилосната војна се прошири надвор од екранот.

- Беше многу бурно, верувајте, во што уживав. Затоа што колку повеќе го нервирав, толку повеќе тој ме нервираше, па уште посилно се боревме да го направиме следниот акционен филм - поголем нож, погласен пиштол, повеќе жртви, ова и она, подобра локација. Тоа само се искачи на повисоко ниво – изјави легендарниот актер.

Големата нетрпеливост отиде дотаму што во 1991 година, кога како познати инвеститори го лансираа познатиот ланец на ресторани Планет Холивуд, не можеа да се видат очи в очи, а камоли да застанат заедно на иста сцена за време на промоцијата.

Пура на помирување по две децении

Секирите биле закопани дури по 20 години. Пресвртот на судбината се случи во 2003 година, кога Шварценегер одлучи да влезе во политиката и да се кандидира за гувернер на Калифорнија, што на крајот го освои.

Сталоне се присети како налетал на Шварценегер во продавница за пури и сфатил дека е време да ја фрли топката, бидејќи тие веќе не биле директни конкуренти во филмскиот бизнис. Седнаа, запалија пура и од тој ден станаа исклучително добри пријатели.

- Секогаш ќе бидеме конкурентни. Тоа е природата на ѕверот и јас уживам во тоа. Веќе не сме финансиски конкурентни... тоа е одамна. Тоа е нешто што никогаш повеќе нема да се повтори, што имаш двајца актери во ист жанр кои буквално се борат за тоа - на екранот и надвор од него - заклучи славниот Слав.

„Не сум горд што се распаднав на парчиња“

Сепак, децениите докажување на големото платно го направија својот данок. Додека ја промовираше четвртата сезона на „Кралот Tulse“ во интервју за Fox News Digital, Сталоне се осврна на ужасните физички последици што ги трпи од акционите улоги.

Многу го чинеше снимањето на „Платениците“ од 2010 година, каде што инсистираше самиот да изведува опасни каскадерски сцени.

- Се повредив многу, многу пати, но по „Платеник“ завршив со девет операции на грбот и три спојувања на вратните пршлени. И двете рамена ми беа скинати. Беше брутално - искрено призна актерот и без двоумење се охрабри за ваквите одлуки:

- Мислам дека сум идиот што го правам тоа. Да бидам горд што се распаднав на парчиња? Како, ајде, нема шанси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата.

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Филипче и неговите партнери, свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и Македонија.

Филипче и неговите партнери, од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави да ги пренесат во Македонија, нешто што не им успева, бидејќи граѓаните ја препознаваат стабилноста во државата.

Зошто Филипче и СДС се толку гласни за Алта банка? Чека ли спремен бизнисмен близок до Заев за багателна цена да ја откупи банката? Инаку, зошто би сакале СДС да пропадне некоја банка, по стилот на Еуростандард?

Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да ги повика на информативен разговор сите оние коишто пробуваат да го урнисаат уставниот поредок на државата, рече Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва го вооружува Техеран со моќните системи С-400, во тек се преговори

Иран и Русија се во преговори за испорака на напредните руски системи за воздушна одбрана С-400 на Техеран, изјави висок ирански функционер.

Москва го вооружува Техеран со моќните системи С-400, во тек се преговори

Функционерот рече дека Иран е „оптимист“ дека рускиот претседател Владимир Путин конечно ќе ги испорача системите што Иран ги бара со години, објави британскиот Телеграф.

Според функционерот, врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, вчера го испратил својот шеф за безбедност, Мохсен Резаи, во Кремљ со лично писмо, во кое главното барање било испорака на С-400, руски ракетен систем земја-воздух со долг дострел.

Двете страни разговарале и за изградбата на нов гасовод меѓу Русија и Иран.

Кремљ соопшти дека целта на посетата на Резаи на Москва е „понатамошно развивање на билатералната соработка“ меѓу двете земји.

Фајненшл тајмс претходно објави дека Русија се согласила да испорача 90 ракетни лансери на Иран, кои се наменети да бидат монтирани на хеликоптери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер