Нова фабрика во индустриската зона Ќојлија

Нова современа фабрика за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди денеска ќе биде отворена во општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.

Се работи за гринфилд инвестиција на компанијата „NYSK Holdings". Производите на новата фабрика ќе се пласираат на странските и на домашниот пазар.

На отворањето на фабриката, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, полскиот амбасадор во земјава Војчех Тичињски и Златко Кесковски, извршен директор на PHCANN и NYSK Holdingс.

Предвидена е и посета на фабриката во строго определени услови, согласно здравствените протоколи. /МИА

Бесплатна проекција на филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ во МСУ

Во Музејот на современата уметност вечер ќе се одржи бесплатна проекција на документарниот филм „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104') во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek). 

Филмот е дел од сегментот ФФФ Doc. од Придружната програма на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал.

Како што информира Филозофското друштво на Македонија, поголемиот дел од Придружната програма на Фестивалот е посветен токму на Маја Дерен, авангардна американска режисерка, чијшто уметнички ангажман придонесува кон етаблирањето на експерименталниот филм како легитимна уметничка форма.

Во рамки на Главната програма на Фестивалот (7-13 јуни) ќе бидат прикажани шест од нејзините видео есеи. Воведно излагање за филмот ќе има македонската уметница и селекторката на програмата за видео есеи на Фестивалот, м-р Ивана Мирчевска.

Филмот е инспириран од оглас објавен во рамките на киноархивот „Антологија“ (Anthology Film Archives) од страна на Јонас Мекас за систематизирање на депонираните филмски материјали на Маја Дерен, а режисерката Мартина Кудлачек одлучува да се впушти во документаристичко истражување на повеќеслојното филмско наследство на Маја Дерен.

- Документарниот филм ја исцртува биографската територија на Маја Дерен преку интервјуа со блиски познаници и соработници, воедно и важни актери во поствоената американска уметничка сцена. Покрај инсерти од филмовите на Маја Дерен, филмот вклучува архивски материјали од нејзините предавања, работилници, материјали од етнографските истражувања на Хаити и практиките на вуду, преку кои го доближуваат контекстот, филмската филозофија и метод на пионерката на авангардниот филм, се вели во соопштението.

Сиљановска Давкова ќе се сретне со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ќе има средба со шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.

Како што соопштија од претседателскиот кабинет, Сиљановска Давкована денеска ќе го прими и амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри.

Гир и Силвестри по претседателките избори и ја честитаа победата на Гордана Сиљановска-Давкова, а присуствуваа и на нејзината инаугурација во Собранието.

Гир во честитката до Сиљановска - Давкова искажа очекувања „за тесна соработка за европската иднина на земјата“.

Силвестри, пак, покрај неговата лична, ја пренесе и честитката од италијанскиот претседател Серџо Матарела, во која се истакнува „заедничкото членство во НАТО и интензивната соработка што ги обединува Италија и Македонија, како и надеж дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување во Европската унија со обновена посветеност од сите национални институции“.

Полицијата казни 173 возачи за брзо возење

Во рамки на вчерашната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 173 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 14 возачи управувале со возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.

ОД МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер