Андоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите
1Андоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите
КултураБесплатна проекција на филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ во МСУВо Музејот на современата уметност вечер ќе се одржи бесплатна проекција на документарниот филм „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104') во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek). Филмот е дел од сегментот ФФФ Doc. од Придружната програма на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Како што информира Филозофското друштво на Македонија, поголемиот дел од Придружната програма на Фестивалот е посветен токму на Маја Дерен, авангардна американска режисерка, чијшто уметнички ангажман придонесува кон етаблирањето на експерименталниот филм како легитимна уметничка форма. Во рамки на Главната програма на Фестивалот (7-13 јуни) ќе бидат прикажани шест од нејзините видео есеи. Воведно излагање за филмот ќе има македонската уметница и селекторката на програмата за видео есеи на Фестивалот, м-р Ивана Мирчевска. Филмот е инспириран од оглас објавен во рамките на киноархивот „Антологија“ (Anthology Film Archives) од страна на Јонас Мекас за систематизирање на депонираните филмски материјали на Маја Дерен, а режисерката Мартина Кудлачек одлучува да се впушти во документаристичко истражување на повеќеслојното филмско наследство на Маја Дерен. - Документарниот филм ја исцртува биографската територија на Маја Дерен преку интервјуа со блиски познаници и соработници, воедно и важни актери во поствоената американска уметничка сцена. Покрај инсерти од филмовите на Маја Дерен, филмот вклучува архивски материјали од нејзините предавања, работилници, материјали од етнографските истражувања на Хаити и практиките на вуду, преку кои го доближуваат контекстот, филмската филозофија и метод на пионерката на авангардниот филм, се вели во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
МакедонијаАндоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите„За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. „За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија“, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Министерот Андоновски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, денеска ги промовираа двете нови електронски услуги на Инспекторатот, кои отсега се достапни преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk: – „Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки“; – „Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино“. Новите услуги се наменети за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците. Станува збор за постапки поврзани со квалитетот на земјоделските производи и извозот на вино, односно со сектори што создаваат домашна вредност, обезбедуваат работни места и ја претставуваат Македонија на странските пазари. Со поврзувањето на услугите со Националниот портал, компаниите, покрај во хартиена форма, ќе можат да ги добиваат сертификатите и електронски, со иста правна важност. Со тоа се поедноставува целокупната постапка, се скратува времето потребно за добивање на документите, се елиминира потребата од нивно лично подигнување во Инспекторатот и се намалуваат административните и финансиските трошоци за компаниите. Дигитализирана е и постапката за плаќање на административните такси. Наместо плаќање со хартиени уплатници, компаниите ќе можат да ги подмират таксите електронски, преку апликациите за електронско банкарство. „За нас, дигиталната трансформација не претставува само воведување нова технологија. Таа е промена на начинот на кој функционира државата и на односот што институциите го имаат кон граѓаните и компаниите. Националниот портал uslugi.gov.mk го развиваме како единствена точка преку која јавните услуги ќе бидат достапни едноставно, сигурно и без непотребно губење време“, нагласи Андоновски. Министерот посочи дека дигитализацијата има важна улога и во зголемувањето на транспарентноста и намалувањето на ризиците од корупција. Кога постапките се дигитални, правилата се однапред утврдени и еднакви за сите, се намалува непосредниот контакт таму каде што не е потребен, се ограничува просторот за субјективно одлучување и се создава јасна електронска трага за постапувањето на институциите. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, ги претстави конкретните придобивки, начинот на користење на услугите и постапката за електронско добивање на сертификатите. Тој истакна дека дигитализацијата ќе обезбеди побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за бизнис-заедницата. Новите услуги се резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Државниот инспекторат за земјоделство, со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка – GIZ. Министерот Андоновски изрази благодарност до GIZ за препознавањето и поддршката на проектот за дигитализација на нови клучни услуги за компаниите. Во соработка со Стопанската комора на Македонија, новите електронски услуги ќе бидат презентирани и пред бизнис-заедницата. На компаниите ќе им бидат претставени начинот на нивно користење и конкретните придобивки од дигитализираните постапки. Министерството за дигитална трансформација продолжува со забрзана дигитализација на услугите што имаат реално и непосредно значење за граѓаните и стопанството, со цел јавните услуги да бидат побрзи, поедноставни и подостапни, а институциите поефикасни, поодговорни и потранспарентни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСовремена болница и поквалитетно здравство за граѓаните на источна МакедонијаПланираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на долгогодишното чекање и да ѝ даде на источна Македонија современ регионален здравствен центар.Министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, заедно со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новиот болнички комплекс. Планираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на долгогодишното чекање и да ѝ даде на источна Македонија современ регионален здравствен центар. Проектот предвидува завршување на главниот болнички објект, современа медицинска опрема и функционално поврзување на сите одделенија. „Завршувањето на Клиничката болница Штип е долг кон граѓаните на источна Македонија. Сакаме овде пациентите да добиваат навремена и квалитетна здравствена услуга, а здравствените работници и студентите да имаат современи услови за работа, практична настава и професионален развој“, истакна министерот Клековски. Клиничката болница Штип е единствениот клинички регионален центар во источниот дел на државата. Таа директно им служи на околу 150.000 граѓани, а нејзиното пошироко гравитациско подрачје опфаќа приближно 250.000 жители. Со завршувањето на комплексот, пациентите ќе добијат подобра дијагностика, третман и итна медицинска помош поблиску до местото на живеење. Истовремено, ќе се намалат упатувањата кон Скопје, а ќе се создадат подобри услови за развој и задржување на младиот медицински кадар во регионот. Со претставниците на Светска банка беа разгледани следните чекори – техничките и финансиските анализи, моделот на финансирање, проектната документација и механизмите за контрола на квалитетот, трошоците и роковите. Министерството за здравство, во координација со Фондот, Општина Штип, Клиничката болница и другите надлежни институции, ќе обезбеди транспарентност и строг надзор во секоја фаза од проектот. Новата Клиничка болница Штип ќе значи посилно здравство, помал притисок врз Скопје и квалитетна здравствена услуга поблиску до граѓаните на Источна Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
СветБројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28 Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 7,1 степен, што ја погоди јапонската префектура Кумамото на островот Кјушу, достигна 28, соопшти денеска портпарол на јапонската влада.„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција во Токио, пренесе Кјодо. Локалните власти соопштија дека денеска продолжиле напорите за пребарување и спасување во урнатиот трговски центар и оштетената фабрика за хартија. Од префектурата соопштија дека шест лица биле без свест и не покажувале витални знаци. Меѓу жртвите, пет лица се наоѓале во трговскиот центар „Еон“ во Кашима, кој претрпе експлозија по земјотресот, а осум биле во фабриката на „Нипон пејпер индустрис“ во Јацуширо, каде што неколку оџаци претрпеле сериозни оштетувања. Железничката линија „Кјушу Шинкансен“ меѓу станиците Кумамото и Кагошима-чуо сè уште не е во функција, бидејќи операторот врши проценка на штетите. Заклучно со среда навечер, илјадници домаќинства биле без струја или вода, што предизвикало загриженост за состојбата на евакуираните лица. Според податоците од утринава, повеќе од 10.000 луѓе престојуваат во центри за евакуација, соопштија властите на префектурата Кумамото. Префектурата Кумамото беше погодена и од разорен земјотрес во 2016 година, кога загинаа најмалку 50 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33