Нов пожар во Грција, гори летувалиштето Неа Макри

Голем пожар изби минатата вечер кај летувалиштето Неа Макри, северно од Атина.

Заради пожарот биле мобилизирани голем број пожарникари за да ги заштитат куќите пред пожарот да го промени правецот и се рашири кон шумата, јавува грчката агенција „АНА“.

„Ангажирани се многу луѓе, мислам дека ситуацијата е под контрола“, вели грчкиот министер за внатрешни работи Такис Теодорикакос кој го посети опожареното место.

Пожарот избил околу два часа по полноќ во близина на летувалиштето Неа Макри во областа околу Атина каде во последните десет дена се случија седум пожари.

Околу 138 пожарникари, 44 возија, пет хеликоптери и четири авиони учествувале во гаснењето на овој пожар, кој најпрвин се доближувал кон куќите но го променил правецот и почнал да се шири кон шумата.

Властите се сомневаат дека пожарот е подметнат затоа што друг пожар избил неколку минути подоцна во Агиа Марини недалеку од првиот.

Грција во последните месеци ја зафатија низа пожари предизвикани од топлото и суво време и силните ветрови.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер