Нов „Opel“, старо име: Пристигна „Frontera“

Германскиот производител објави фотографии и првите технички детали од новата „Frontera“, која е сосема поинаква од старата.

Првите официјални фотографии од новата „Opel Frontera“ доаѓаат по тизерот од јануари, на кој не се гледа многу од новиот модел. Сега „Opel“ целосно го откри дизајнот на новиот кросовер кој го наследува старото име на марката.

Името на новиот модел ќе го привлече вниманието на постарите ентузијасти за автомобили. „Opel“ првпат го користеше името „Frontera“ помеѓу 1991-1998 година за SUV базиран на моделот „Isuzu Wizard“.

Подоцна, беше претставен модел од втората генерација, кој опстана до 2004 година.

Надворешноста на новата „Frontera“ има многу сличности со моделот „Mokka“. Едноставните LED фарови се комбинирани со дизајнот „Vizor“ на маската на другите модели на „Opel“.

Има и голема црна предна решетка, а примерот на промо фотографиите има впечатлива портокалова/сјајна црна двобојна надворешност.

„Forntera“ повеќе не е класичен SUV со шасија од почетокот на векот. Новиот SUV припаѓа на компактниот сегмент на семејни возила.

Ќе биде достапен во електрична верзија од самото деби на пазарот, а купувачите ќе можат да избираат верзии со 48-волтен хибриден погон.

Модерниот изглед на надворешноста продолжува и во патничката кабина, која е комбинација на веќе видени решенија на „Stellantis“. Дигиталниот кокпит „Pure Panel“ на „Opel“ со два екрани од 10 инчи е стандардна опрема.

Кога задните седишта се нагоре, „Frontera“ нуди повеќе од 460 литри багажен простор, а кога седиштата се спуштени, волуменот се зголемува на 1.600 литри.

Дополнителна разновидност обезбедува задната клупа со поделена 60:40, а основната опрема вклучува подот на багажникот кој може да се прилагоди на две нивоа.

Покрај тоа, клиентите кои треба да земат уште повеќе багаж на патувањето или сакаат целосно да ја искористат носивоста на покривот од над 200 килограми, можат да нарачаат функционални багажници на покривот, кои се достапни со дополнителни трошоци.

Клиентите ќе можат да избираат помеѓу електрична верзија (најверојатно со 150 КС и батерија од 50 kWh) и високоефикасни погони со 48-волтна хибридна технологија, базирана на 1,2 трицилиндричен турбо бензински мотор.

Од „Opel“ изјавија дека повеќе информации за новата „Frontera“ ќе бидат познати подоцна.

Извор: Б92

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер