Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура

Руските вооружени сили во текот на ноќта извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура во западна и јужна Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика.

Објектите на Укренерго (украинскиот оператор) се оштетени во регионите на Лавов на запад и на Запорожје на југ, каде двајца работници се повредени и хоспитализирани, додава Министерството.

Во соопштението се наведува дека ова е осми масовен напад врз украинските електрани во последните три месеци, поради што често се прекинува струјата.

Русија, интензивирајќи ги своите напади, уништи половина од енергетскиот капацитет на Украина, изјави претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски и повика на поставување соларни панели и единици за складирање енергија „во секое училиште и во секоја болница, што е можно поскоро“.

Мартинез ја одби понудата од Саудиска Арабија

 Ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез ја одби понудата за трансфер во Саудиска Арабија, објави Скај Спортс. Менаџерот на Аргентинецот со официјално соопштение ја потврди информацијата.

-Лаутаро постигна договор со раководството на Интер да потпише нов договор. Тој е еден од лидерите на тимот. Тој е и капитен. Разговаравме за ситуацијата и тој нема желба да ја напушти Европа, изјави неговиот агент Алехандро Камандо.

Лаутаро за Интер игра од 2018 година. За гигантите од Милано има 282 натпревари и 129 гола. Два пати ја освоил Серија А и Купот на Италија, 3 пати Суперкупот, а играл по едно финале во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Напаѓачкиот играч е дел од репрезентацијата на Аргентина за Копа Америка, откако постигна по еден гол во победите над Канада (2:0) и Чиле (1:0) во групната фаза на натпреварувањето. /МИА

ЦУК: Падна карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на касарната „Илинден“

 Падна карпа на булеварот „Никола Карев“ во Скопје после влезот на касарната „Илинден“, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Привјавата за падната карпа, како што велат ја добиле на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

Од Регионалниот ЦУК Скопје посочуваат дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај.

Се очекува мерки да преземе Градот Скопје преку своите служби.

Станишиќ потпиша со Баерн до 2029 година

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ повторно потпиша договорот со клубот, официјално соопштија Баварците.

Договорот на младиот талент на германскиот колос ќе важи до 2029 година, а Баерн во него гледа главен играч за иднината.

Во текот на изминатата кампања Станишиќ импресионираше со баварскиот тим и дефинитивно беше едно од добрите дела на Томас Тухел, кој тогаш беше на чело на клубот и токму тој го наметна како клучен дел од баварскиот систем. /МИА

притисни ентер