Норвешка министерка ги покажа голите гради на Прајд, премиерот ја одбрани (ВИДЕО)

Министерката за култура во Норвешка, Лубна Џафери, на многу необичен начин им изрази поддршка на припадниците на ЛГБТ популацијата и за време на Прајд на сите им ги покажа голите гради.

Осло Прајд траеше неколку дена, а низ главниот град беа организирани повеќе настани, а на еден од нив учествуваше и Лубна, младата државна министерка која ја презеде функцијата минатата година. Таа беше прогласена за „Геј мајка 2024“ за време на Прајд, а таа титула се доделува на луѓе кои јавно ги бранат правата на ЛГБТ популацијата.

„Навистина сум благодарна што оваа година ја добив оваа награда овде на Прајд во Осло. Тоа е одличен момент“, рече министерката, која потоа отиде чекор понатаму.

Имено, министерката потоа ја откопча блузата и на присутните им ги покажала голите гради, што го снимиле и камерите.

„Важно е сите да се чувствуваат слободни. Ако сакате да заслужите таква чест, треба да ја дадете својата душа и да не се сфаќате премногу сериозно“, рече таа.

Премиерот Јонас Гар Стере рече дека смета дека е сосема во ред што министерката за култура одлучила јавно да ги покаже градите.

@tv2.no Her får kulturminister Lubna Jaffery (Ap) applaus fra hele salen. – En ære, sier hun til TV 2. Se usladdet versjon på TV2.no via link i bio. #pride #talkshow #kultur #likestilling ♬ original sound - TV2.no

„Лубна е самоуверена, слободоумна и прекрасна личност која со ентузијазам присуствува на културни настани низ целата земја. Таа исто така вчера беше во Осло и мислам дека тоа што го направи беше совршено во ред.“

Воз во Турција застана за да ги поздрави навивачите на Евро (ВИДЕО)

Познато е дека турските навивачи се едни од најстрасните во светот.

Тоа е особено видливо за време на Европското првенство во Германија, каде нивната репрезентација под водство на селекторот Винченцо Монтела и со поддршка од илјадници навивачи стигна до четвртфиналето во кое ќе игра со Холандија.

Во осминафиналето Турција во Лајпциг ја победи Австрија со 2:1, а јунак на победата беше стоперот Мерих Демирал, кој постигна два гола. Натпреварот го следеа многу навивачи во нивната татковина, а на интернет од Истанбул се прошири навистина необична сцена.

Една фан зона со голем екран се наоѓала веднаш до железничката пруга каде што воз решил да застане на кратко. Патниците гледаа во екранот низ прозорецот, а машиновозачот со сирена ја поздрави толпата и го засили нивниот ентузијазам.

Во Албанија уапсен поранешениот министер за здравство Беќај

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) денеска е уапсен поранешниот албански министер за здравство Илир Беќај.

- Според обвинителството, Беќај додека ја извршувал функцијата директор на државната Агенција за стратешки програми позната како САСПАК, создал коруптивна шема со цел да профитира преку организирање фиктивни тендери. Покрај Беќај, уапсени се и двајца негови соработници, Ермал Кертулај и Алфред Најкола.

На тројцата судија во претходна постапка им одредил мерка притвор, на други две лица „домашен притвор“ а две лица ќе се бранат од слобода.

- Против поранешниот министер Беќај и останатите осомничени СПАК подигна неколку обвиненија, почнувајќи од корупција, прикривање или непријавување богатство, повреда на еднаквоста на тендерите и измама. Беќај, додека ја водеше Агенцијата организирал најмалку осум тендери за услуги во рамките на два настани организирани во 2023 година, но реално тие не биле предмет на редовна постапка за набавка, туку победникот бил договорен и утврден многу порано а постапката за набавка била спроведена фиктивно заради документација и плаќање, додаваат медиуми повикувајќи се на СПАК.

Според истиот извор преку угостителски објект чиј фактички сопственик бил Беќај, но фигурирало друго лице, само во еден случај за одржување конференција потрошени биле 125.000 евра, а во друг за една вечера околу 40.000 евра. Постојат цврсти докази дека се вршело перење пари преку ресторанот.

Честитка од премиерот Мицкоски по повод Денот на независноста на САД 4 Јули

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитки по повод независноста на Соединетите Американски Држави 4 Јули.

-Во името на Владата и во мое лично име, дозволете да упатам најискрени честитки по повод 248-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави. Овој значаен ден ја симболизира борбата за слобода и демократија кои се носечки вредности кои ги споделуваат нашите две нации. Имаме долгогодишно пријателство кое го поттикнува мирот, стабилноста и просперитетот на нашите земји, поширокиот регион и светот, вели Мицкоски во објавата на својот фејсбук профил додавајќи дека на американскиот народ му посакува ден исполнет со радост, гордост и единство.

Ние, потенцира премиерот Мицкоски, продолжуваме да бидеме силно посветени за натамошен развој на оваа плодна соработка и за уште поголемо зајакнување на нашите билатерални врски.

притисни ентер