НОМАГАС ја зголеми својата капиталната вредност - Канал 5

НОМАГАС ја зголеми својата капиталната вредност

Акционерското друштво за вршење енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС АД Скопје, во државна сопственост, денеска соопшти дека успешно ја зголемило својата капитална вредност.

НОМАГАС ја зголеми својата капиталната вредност

Акционерското друштво за вршење енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС АД Скопје, во државна сопственост, денеска соопшти дека успешно ја зголемило својата капитална вредност преку претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени побарувања кон странски кредитори во траен влог.

Според НОМАГС, тоа е важен чекор реализиран по нивна иницијатива и со поддршка и предлог од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и претставува силна основа за успешно работење и понатамошен развој на гасната инфраструктура на државава, како и за зацврстување на сопствеата позиција како дел од европскиот енергетски коридор Север-Југ.

Истакнуваат дека со заедничка и координирана работа, успехот е неизбежен и оти со донесување на Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во АД НОМАГАС Скопје државата покажала сериозност и придонес во развојот на гасификацијата.

Одлуката, како што велат од НОМАГАС, се темели на две јасни начела – зголемување на ефикасноста на работењето на НОМАГАС и обезбедување на финансиска стабилност и солвентност на друштвото.

Посочуваат дека оваа мерка доаѓа во клучен момент – непосредно по успешното отпочнување на работите на Интерконективниот гасовод со Република Грција, проект од стратешко значење за регионалната енергетска поврзаност. За НОМАГАС, стои во информацијата, ова претставува уште една потврда за посветеноста кон исполнување на европските стандарди за оператори на преносни системи за природен гас.

- Со усвојувањето на овој закон се зголеми солвентноста на НОМАГАС АД Скопје, а со тоа и непреченост на операторот на системот за пренос на природен гас да продолжи да го развива национален гасоводен систем во Република Македонија, со цел снабдување на стопанството, јавниот сектор и домаќинствата со евтина и еколошка енергија, а истовремено и намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата. Со ваквите активности, НОМАГАС ја потврдува својата улога како двигател на енергетската транзиција и интеграцијата на Северна Македонија во регионалниот и европскиот енергетски пазар, информира НОМАГАС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција.

ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции.

Тоа е потврда дека Македонија чекори во вистинска насока и дека вложените напори даваат резултати.

Денес Македонија е препознаена како една од најуспешните земји во регионот во спроведувањето на реформските процеси. Особено значајно е што токму ресорите предводени од кадри на ЗНАМ се меѓу клучните носители на реформскиот напредок, институционалната модернизација и ефикасното спроведување на владините политики.

Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, предводени од министри на ЗНАМ, покажаа дека реформите не се само декларативна заложба, туку конкретна акција што носи мерливи резултати.

Со професионален пристап, одговорност и јасна визија, тие успеаја да реализираат политики кои ја зајакнуваат правната држава, ја модернизираат администрацијата и ги доближуваат институциите до европските стандарди.

Овие резултати денес се препознаени и од нашите европски партнери, што претставува дополнителен поттик за уште посилно темпо на реформи и развој.

Но едновремено, како што реформите и резултатите не смеат да бидат доведени во прашање, така не смеат да бидат доведени во прашање ниту македонското достоинство, идентитет и националните интереси.

Токму затоа заштитата на националното достоинство останува нашата црвена линија.

Остануваме доследни на ставот дека европската интеграција мора да биде процес заснован на вредности, критериуми и заслуги, а не процес на постојани билатерални условувања.

Македонија припаѓа во Европската Унија поради својата европска определба, својата култура, историја и вредности, но пред се заради реформите што ги спроведува и резултатите што ги постигнува.

Движењето ЗНАМ цврсто стои на позицијата дека членството во Европската Унија мора да биде резултат на исполнети критериуми и успешни реформи, а не на нови политички барања кои ги надминуваат европските принципи и стандарди.

Нашата поддршка за европската иднина на Македонија е недвосмислена, но исто така недвосмислена е и нашата определба дека нема да прифатиме политика на уцени, диктати и бесконечно поместување на целта.

Македонија останува посветена на европскиот пат, со крената глава и со самодоверба. Ќе продолжиме да спроведуваме реформи, да испорачуваме резултати и да ја градиме европската иднина на државата, но едновремено ќе останеме цврсти во одбраната на националното достоинство, кое за нас претставува непремостлива црвена линија.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи да биде двигател на реформите, чувар на националните интереси и силен глас за европска Македонија која напредува врз основа на сопствените успеси, а не под товарот на нови условувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Последниот кат од зградата е зафатен, пожарникарите се на пат!

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувнал во зградата на амбасадата на Пакистан во Белград, дознава српски Курир.

Како што може да се види од видеа објавени на социјалните мрежи, густ црн чад го покрил просторот.

Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица во инцидентот, ниту за евентуална материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во официјална посета на Софија.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Радев и Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската влада.

Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и состанок на делегациите на двете земји.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер