Нимиц: Неприфаќањето на Преспанскиот договор може да има сериозни и опасни последици - Канал 5

Нимиц: Неприфаќањето на Преспанскиот договор може да има сериозни и опасни последици

Неприфаќањето и нестапувањето во сила на Договорот од Преспа би можело да има длабоки па дури и опасни последици.

Нимиц: Неприфаќањето на Преспанскиот договор може да има сериозни и опасни последици

Неприфаќањето и нестапувањето во сила на Договорот од Преспа би можело да има длабоки па дури и опасни последици, оценува специјалниот пратеник на ОН во разговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето за името, Метју Нимиц, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Нов договор и „брзо решение", ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе се повлечат и од многу прашања кои веќе се договорени. Тоа може да предизвика различни сценарија од кои некои ќе имаат и сериозни последици, вели Нимиц.

Евентуалниот нов договор меѓу Скопје и Атина, според него, би траел со години, а не со месеци, бидејќи сите прашања вклучувајќи го и името за севкупна употреба – ерга омнес ќе бидат вратени на почетна позиција, а веројатно ќе има и различен политички моментум во двете земји, како и промени во регионалната и глобалната политичка сцена, истакнува Нимиц.

– Двете страни, речиси 25 години, од потпишувањето на Времената спогодба во 1995, работеа со добра волја да ги разрешат контроверзните прашања. Договор конечно беше постигнат по долгогодишни интензивни и тешки разговори и преговори, бидејќи секоја страна веруваше дека успеала да ги постигне суштинските елементи од своите национални интереси, со разбирање дека договорот ќе донесе мир, стабилност и пријателство, наместо продолжување на конфликтот, вели Нимиц.

Прашан дали во Обединетите нации јазикот ќе биде признат „македонски", Нимиц посочува дека во официјалната листа на земји вклучувајќи ги и јазиците која е подготвена од Групата експерти на ОН за географски имиња (UNGEGN), земјата е напишана „поранешна југословенска Република Македонија" со референца „македонски" (mk: Macedonian).

Објаснува дека во 1992 година UNGEGN почна да ја ажурира официјалната листа на имиња на држави, вклучувајќи ги и јазиците и на неа се 194 земји. На 94-та страница на документот постои регистрација за „поранешната југословенска Република Македонија и под назнаката јазик стои „Macedonian" (mk: Macedonian).

Метју Нимиц додава дека и на неформална основа ако некој пристапи на Google Translate кој е широко распорстранета он-лајн алатка, македонскиот е еден од јазиците на кои може да се пребарува и преведува. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

62- годишна жена од Солун направила стапица за измамници- вчера фатила двајца

Две лица, 38-годишна жена и 19-годишен маж, беа уапсени вчера попладне во областа Харилу во Солун под сомнение за обид за измама на 62-годишна жена.

62- годишна жена од Солун направила стапица за измамници- вчера фатила двајца

Според полициското соопштение, 38-годишникот претходно ја повикал потенцијалната жртва по телефон и, претставувајќи се како сметководител, ја замолил да подготви готовина и вредни предмети за наводно да избегне казна од даночните власти, објавува порталот Kathimerini.gr..

Сепак, 62-годишната сфатила дека станува збор за измама и ја известила Единицата за сузбивање и истрага на криминалот во Харилу-Аналипсеос. Полицајците ја следеле до претходно договореното место за средба, каде што жената пристигнала за да им предаде 4.500 евра во готово и десет златници на наводните измамници.

Двете лица беа уапсени во патничко возило во кое ја чекале 62-годишната жена. Тие се обиделе да избегаат штом ја забележале полицијата, но не успеале.

Полициската истрага откри дека 38-годишникот наводно бил вмешан во најмалку два други слични случаи - едниот во Сикија, а другиот во Агиос Атанасиос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите уапсија јапонски новинар и го однесоа во затвор во Москва (ВИДЕО)

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила јапонски новинар под сомнение дека собирал информации за одбранбените капацитети на Русија. 

Русите уапсија јапонски новинар и го однесоа во затвор во Москва (ВИДЕО)

Според службата, станува збор за вработен во весникот „Хокаидо Шимбун“ кој бил приведен во регионот Сахалин, пренесува Ројтерс.

Новинарот бил уапсен кратко пред неговото планирано заминување од Русија. По апсењето, тој бил префрлен во Москва, каде што му е одреден притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вдовица и четири деца се во војна за семејно наследство од 250 милиони евра- реагира и судот

Семејно богатство вредно потенцијални 250 милиони евра стана предмет на жесток правен спор во Италија. 

Вдовица и четири деца се во војна за семејно наследство од 250 милиони евра- реагира и судот

Од едната страна се четирите деца на покојниот бизнисмен, а од другата неговата втора сопруга. Во срцето на конфликтот се два различни тестаменти, милиони евра префрлени на членовите на семејството и прашањето колку пари всушност оставил починатиот милионер.

Според италијанската агенција АНСА, станува збор за наследството на Маурицио Зампарини, поранешниот сопственик на фудбалските клубови Палермо и Венеција, кој почина во 2022 година на 80-годишна возраст.

Спорот дојде пред судот во Бусто Арчицио, во италијанската покраина Варезе, кој пресуди за двојно судско запленување на имотот, со цел да се спречи негово евентуално префрлање или отуѓување додека трае постапката.

Богатство од 250 милиони, а пронајдени се само девет

Најголемата мистерија во целиот случај е вистинската вредност на имотот што го оставил Зампарини. Според досегашниот инвентар, официјално евидентираното наследство е приближно девет милиони евра. Сепак, учесниците во спорот веруваат дека вкупната вредност на наследството би можела да достигне дури 250 милиони евра.

Токму оваа огромна разлика го покрена прашањето што припаѓа на наследството и дали одредени делови од богатството претходно биле префрлени на членови на семејството.

Зампарини остави четири деца од својот прв брак, кој заврши со развод, како и втора сопруга. Неговиот петти син, кого го имаше во вториот брак, почина во 2021 година, на само 23 години.

Децата бараат 37 милиони, вдовицата споменува 75 милиони

Четирите деца го оспоруваат тестаментот од 31 август 2020 година и бараат заштита на средства во вредност од најмалку 37 милиони евра, кои се поврзани со втората сопруга на нивниот татко. Тие веруваат дека постои можност дел од овој имот да биде исклучен од процесот на распределба на наследството.

Сепак, вдовицата има поинаква верзија на настаните. Таа се повикува на втор тестамент, датиран на 27 септември 2020 година, како и на документација што подоцна беше пронајдена на плочата на Зампарини.

Според нејзините тврдења, при утврдувањето на вредноста на наследството, треба да се земат предвид претходните подароци, како и средствата што покојниот бизнисмен им ги доверил на своите деца. Таа ја проценува вредноста на овие средства на приближно 75 милиони евра.

Така, двете страни се нашле во сосема спротивставени позиции - децата бараат средствата поврзани со вдовицата да бидат заштитени, додека таа бара средствата што претходно им припаѓале на децата да бидат преиспитани.

Судот пресуди: Имотот останува под контрола

Судијката Анарита Д'Елија одлучи да ги прифати барањата за привремени мерки од двете страни. Донесена е одлука за двојно судско запленување на средствата вклучени во спорот, што го спречува нивното евентуално пренесување или промена на сопственоста додека не се утврдат сите релевантни факти.

Оваа мерка не претставува конечна одлука за тоа кому му припаѓа наследството. Напротив, нејзината цел е да се зачуваат средствата до крајот на судската постапка, која, според очекувањата, може да трае долго.

Судот сега се соочува со сложената задача да ја утврди вистинската вредност на богатството на Зампарини, како и кои делови од имотот треба да бидат вклучени во наследството. Само тогаш ќе биде можно да се одлучи како ќе се подели меѓу наследниците. Семејниот конфликт отвори прашање на кое засега никој нема дефинитивен одговор: колку всушност вредеше богатството на човекот кој со децении беше едно од добро познатите имиња во италијанскиот бизнис и фудбал?

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер