Николовски на средба со градоначалниците од СДСМ: Важен е развојот на општините

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва одржа одржа онлајн состанок, редовна координација со градоначалниците од редовите на СДСМ, се наведува во партиското соопштение. 

На состанокот беше разговарано за работата на градоначалниците, степенот на реализација на програмите за работа на општините, меѓуопштинската соработка, локалниот економски рзвој, како и реализација на проектите поддржани со Ребалансот на Буџетот за 2020 година.

Генералниот секретар Николовски изрази задоволство што и во време на светска пандемија и здравствена криза, единиците на локалната самоуправа продолжуваат посветено да работат во интерес на граѓаните, преку реализација на крупни и важни мерки и проекти.

Николовски се осврна и на поддршката од Владата преку финансирање на капитални проекти во општините, а како последен пример го наведе одвојувањето средсства преку ребаланс на Буџетот, наменети за финансирање на капитални локални проекти.

- Развојот на општините е важен, особено сега во време на коронакриза. Затоа, со ребалансот на Буџетот за 2020 година Владата предводена од СДСМ пренамени 120,6 милиони денари, средства за финансирање на капитални проекти на десеттина општини. Овие средства се распределуваат за реализација капитални проекти во општините Штип, Тетово, Крива Паланка, Кочани, Прилеп, Охрид, Карпош, Центар Жупа, Валандово, Дојран, Демир Капија, Градско. Со ова покажуваме дека Владата препознава и поддржува квалитетни и важни проекти за граѓаните на локално ниво, но истовремено и испраќа порака, градоначалниците, заедно со Советите, со стручните служби во општините да бидат уште повеќе посветени на изработка на издржани и квалитетни проекти кои ќе бидат поддржани од државниот буџет, порача Николовски.

Николовски ја потенцираше и важноста на општините во справувањето со пандемијата со коронавирусот, додавајќи дека во периодот што следува, ќе се помогнат општинските кризни штабови со цел зголемување на нивните капацитети и оперативност.

Со промените на дејствување на СДСМ, во тек е мерит систем на функционирање каде се мониторира и оценува работата на сите функционери на СДСМ, меѓу кои и градоначалниците и ги повика уште повеќе да работат за интересите на своите сограѓани.

Во периодот што следи уште повеќе посветено да работите, да бидете сервис и партнер на ваѓите сограѓани. Нашата мисија е постојано да им служиме на граѓаните и од тоа отстапка нема, заклучи Николовски.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

притисни ентер