Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула - Канал 5

Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

 Промовиран новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски на скопскиот аеродром заедно со претседател на Управниот одбор и Извршен директор за воздухопловна навигација во Националaната македонска навигација М-НАВ Владимир Ристески денеска го промовираа новиот АТМ-систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Скопје.

Ресорниот министер рече дека оваа година има рекорден број на летови .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аргентинецот Паредес ја одби понудата на Милан

Репрезенативецот на Аргентина,  Леандро Паредес ја одби понудата за тригодишен договор од Милан и одлучи да остане во Бока Јуниорс, пренесува ESPN. 

Аргентинецот Паредес ја одби понудата на Милан

Италијанскиот клуб беше подготвен да испрати понуда за аргентинскиот играч за врска и да се обиде да го ангажира ова лето, но Паредес избра да ја продолжи кариерата во Бока и да остане во Аргентина.

Искусниот 32-годишен фудбалер претходно настапуваше за Рома, Зенит, ПСЖ и Јувентус, а со Аргентина го освои Светското првенство во 2022 година. Тој се врати во Бока Јуниорс по долга кариера во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Граѓаните на Гостивар чекаат Мицкоски и Клековски да се вратат од ексурзија

Еден месец Гостивар е отруен со нечиста вода. 

Борозан: Граѓаните на Гостивар чекаат Мицкоски и Клековски да се вратат од ексурзија

Среде лето, на пеколни температури, жителите на Гостивар се уште, пет недели по ред, немаат безбедна вода.

5.000 граѓани завршија по болници со здравствени проблеми, има нови случаи и реинфекции.

Пет недели граѓаните на Гостивар се принудени да чекаат во ред за пластично шише со вода.

Ова е реалноста со која се соочуваат гостиварчани. Ова не е нормална состојба туку трагедија, скандал без крај.

А Мицкоски и Клековски се на екскурзија.

Ова е вистината за власта на Мицкоски, која покажа тотална неспособност да го заштити здравјето на граѓаните.

Мицкоски ниту еднаш не ги посети, не отиде во Гостивар.

Испрати неколку цистерни вода за цел град.

Со недели ветуваше дека „утре ќе има вода за пиење“. Сега луѓето ја користат како техничка, а никој не дал документ дека е исправна ниту за тоа.

Од изјавите на Мицкоски и Клековски дека „многу брзо“ проблемот ќе биде решен, епилогот е – 5.000 затруени луѓе, реинфицирани случаи, болницата во Гостивар е затруена, пациенти се префрлаат во Тетово, има епидемија на жолтица, а нема медицински кадар.

Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните.

Очигледно Гостивар чека Мицкоски и Клековски да се вратат од екскурзија.

Го нема веќе ни Клековски да кажува колку брзо водата ќе стане безбедна. Сега се чека 20ти август, а до тогаш граѓаните ќе преживуваат.

Нека чекаат граѓаните на Гостивар, владата на Мицкоски има екскурзија.

Прес-конференција на СДСМ, Маја Борозан

YouTube video

Скопје, 14.8.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорката на ООУ Кочо Рацин Прилеп за сигурност на децата сака да пресече дрво старо над 100 години

На социјалните мрежи се појави видео од извесен ГоцеОдПрилеп на кое може да се види улична дебата за потребата дали треба или не да се исече дрво старо повеќе од 100 години во училишен двор. 

Директорката на ООУ Кочо Рацин Прилеп за сигурност на децата сака да пресече дрво старо над 100 години

Директорката на ООУ Кочо Рацин Прилеп, веќе пресече огромен јавор во училишниот двор, стар над 100 години. Сега сака да го сечи и другиот, немало кој да ги чисти лисјата во есен! Незе Закон не ја интересира...! Така барем изјавува!- стои во објавата на Зелена народна стража од Прилеп на платформата Икс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер