СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
2СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
Шоу бизНиколас Кејџ ја откри вистинската причина зошто го сменил славното име Тешко е да се замисли Николас Кејџ со кое било друго име, но како и многу амбициозни актери, тој одлучил да го смени своето име кога влезе во индустријата - и тоа со добра причина.Ѕвездата на Longlegs, чие вистинско име е Николас Ким Копола, во интервју за Wired во 2023 година објаснил дека додека работел на тинејџерската комедија од 1982 година Златното време на Риџмонт, бил подложен на непријатни коментари за неговото име. Кејџ е син на Август Копола и Џој Вогелсанг и внук на познатиот режисер Френсис Форд Копола, кој е најпознат по режијата на филмовите „Кум“, „Апокалипса сега“ и „Дракула“. Поради ова неговите колеги на сетот често се шегувале на негова сметка. Кога тој бил на снимање, луѓето се шегувале дека „го сакаат мирисот на Николас наутро“ во врска со филмот „Апокалипса сега“. Врската помеѓу шегата и филмот се однесува на една од најпознатите реплики во филмот, во која ликот на потполковникот Бил Килгор, кој го игра Роберт Дувал, изговара: „Го сакам мирисот на напалм наутро“. Таа реченица стана легендарна и често се цитира. Сепак, тоа му пречело на Кејџ бидејќи сакал да избегне поврзување со познатото семејство и да изгради сопствен идентитет во индустријата. „Тоа ми го отежна и си помислив: „Не ми треба ова“, изјавил актерот. Затоа решил да го смени презимето во Кејџ, инспириран од стрипот херој на Марвел, Лук Кејџ и авангардниот композитор Џон Кејџ. Актерот дополнително ја објаснил промената на името во интервју за The Talks во 2014 година: "Морав да се сменам. Законски јас сум сè уште Николас Копола, но лично јас сум Николас Кејџ. Го сакам моето семејство и сите нивни достигнувања, но како млад актер не можев да го издржам тој притисок на аудициите, морав да се фокусирам на ликот и на аудицијата, а презимето создаде дополнителен притисок штом ќе отидев на аудиција. Со новото име не ја знаеја врската, мислев дека можам да го направам тоа, се чувствував ослободен, ми даде слобода да станам тој што сакав да бидам во моите соништа.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот кругВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, СДС на чело со Филипче е декласиран со 4 спрема 1.ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДС победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови. СДС и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДС според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДС се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. На СДС им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело. И покрај дебаклот во низа на СДС, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДС и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаСДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжуваДодека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин. Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос. Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф. Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување. ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување. Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка. Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта. За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици. Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга. Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места. Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи. Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството. Клековски треба да поднесе оставка. Скопје, 20.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЕвропаЗеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедностПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност, соопштија норвешката влада и ко-домаќинот Финска.Ројтерс вчера објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе отпатува во Норвешка оваа недела на рунда преговори за прекин на војната во Украина и дека се очекува да присуствуваат Зеленски и европски претставници. „ Зеленски побара од Норвешка и Финска да закажат состанок како дел од тековните дипломатски напори, во ова критично време за Украина“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере. Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека ќе присуствува на состаноци со Зеленски и Стоере за да разговараат за „нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и целокупната безбедносна ситуација во Европа“. Во изјавите од Норвешка и Финска не се споменуваат никакви американски или европски делегации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16