Невролог открива кое хоби е најдобро за мозокот - Канал 5

Невролог открива кое хоби е најдобро за мозокот

Еден невролог открива што според него е едно од најдобрите нешта за вашиот мозок.

Невролог открива кое хоби е најдобро за мозокот

Тој вели, ако активно се занимавате со музика, тоа го зајакнува мозочните мрежи и ја подобрува когнитивната функција. Општопознато е дека одржувањето на вашиот ум активен преку решавање загатки, читање или учење нов јазик е важно за здравјето на мозокот, но неврологот д-р Баибинг Чен вели дека музиката, или активното занимавање со музика, може да биде особено корисно.

Совет од невролог

Д-р Баибинг Чен, попознат Интернет како д-р Бинг, ја објаснува подетално својата теза преку видео објавено на Tикток.

„Неврологијата покажува дека најголемата придобивка од музиката за мозокот не доаѓа од пасивно слушање, туку од активно занимавање со неа. Кога пеете, свирите инструмент или танцувате, вашиот мозок активира повеќе мозочни мрежи истовремено. Ова активирање на речиси целиот мозок ги зајакнува врските меѓу региите и ја поттикнува невронската пластичност“, вели д-р Чен.

„Постојат вистински докази дека учењето музика може структурно да го промени мозокот. Музичарите имаат тенденција да имаат посилни врски меѓу левата и десната хемисфера преку corpus callosum и подобра аудитивна обработка и работна меморија“, додава тој.

Сепак, ова не значи дека е нужно да почнете да свирите инструмент. „Ако не сте музичар, важно е како ја користите музиката. Важно е музиката активно да ве ангажира, без разлика дали станува збор за учење нов инструмент, танцување на сложени ритми или пеење во хор. Сето ова вклучува внимание, меморија и координација“, објаснува тој.

Што вели истражувањето?

Неговите тврдења се поткрепени со студија објавена во 2023 година во списанието Neuroimage: Reports. Истражувањето открило дека слушањето музика или свирењето инструмент може да помогне во забавување на когнитивниот пад во староста.

Во студијата учествувале 132 здрави пензионери на возраст од 62 до 78 години кои претходно не посетувале часови по музика подолго од шест месеци. Потоа биле запишани на шестмесечни часови по пијано и музичко образование.

Било утврдено дека ваквите активности ја поттикнуваат пластичноста на мозокот и се поврзани со зголемување на сивата материја и подобри резултати на тестовите за работна меморија. Првиот автор на студијата, д-р Дамиен Мари, изјавил: „Сакавме луѓе чии мозоци сè уште не покажале промени поврзани со претходно учење музика. Дури и кратко искуство со учење во текот на животот може да остави траги во мозокот, што би можело да влијае на резултатите.“

Професорката Клара Џејмс додала: „По шест месеци, откривме слични ефекти кај обете групи. Скенирањето на мозокот откри зголемување на сивата материја во четири регии на мозокот вклучени во когнитивните функции на високо ниво кај сите учесници, вклучувајќи ги и подрачјата на малиот мозок кои учествуваат во работната меморија. Нивните резултати се подобриле за шест проценти, а ова откритие е директно поврзано со пластичноста на малиот мозок.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сами против сите

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.

Мицкоски: Сами против сите

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер